Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.
C

CheeEeZ!

Гостин
"A Black Hearted Slave,
For The Blue Blood Kings,
Bleeding For The Team,
And The Titles They Bring
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.775
Поени од реакции
6.569
знаци нема повеке засилувана ова е екипата според мене прв состав ке играат цезар , маикон, лусио, кордоба, сантон/киву ,камбјасо, занети, мота, хлеб, милито , ето топ состав
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.346
Поени од реакции
47.052
Гледам и низ порталиве се со размислувања дека Ибра ке земал помала плата во Барса, а и тука на форумов некои се убедени во истото . Во право сте, со тоа што Барса ке му дава помала плата на Ибра годишно за разлика од Интер, но како што во неколку наврати кажав, тој годишно ке зима 14 милиони евра ( во Интер земапе 12 ) т.е. остатокот од пари ке ги добива од спонзорите .

Друга интересна работа што приметив, ретки се оние фанови на нетов што се разочарани од одењето на Ибра, најмногу поради фактот што Лавот Ето доаѓа во Интер, но затоа голем е бројот на фанови на Барса на кои не им е сеедно што Ето си замина .
Башка, Ето е проценет на '' само '' 20 милиони поради истекот на договорот, можете да замислете сегашната цена колкава му е со оглед дека има нов 5 годишен договор, затоа и реков, премногу ги чинеше Ибра, со оглед дека Ето во овој момент вреди над 50 милиони евра .

Сфаќаме и зошто :

 

LaVista

Traumatic Playground
Член од
31 јануари 2007
Мислења
4.183
Поени од реакции
958
Жал ни е зошто пред се си отиде прекрасна личност. Барселона секогаш имала играчи кои ќе даваат голови, но ретко имала играч со таков карактер. Секогаш мисли прво на тимот, па потоа мисли за себе.

Инаку бидете сигурни дека Ибра ќе дава голови во Барселона. Можеби дури повеќе и од Ето. Едноставно смешно е да помислиш дека играч од негов калибар не би успеал во моменталниот состав на Барселона. Ето си ја запечати судбината кога во почетокот на втората половина од сезоната не беше постигнал гол околу месец ипол, и на крајот на сезоната кога буквално сите топки мораа да му бидат сервирани за овој да постигне гол. Во последните три кола имаше да не претерам околу 10 стопроцентни шанси. Шанси кои не смеат да се промашат. Да погодеше барем 5 од тие ќе беше Пичичи во лигата пред Форлан. Пеп токму поради тоа не го одмараше пред дуелот со Јунајтед, пошто овој сакаше да биде најдобар стрелец, али како што кажав слабо му идеа погодоците.
 
B

Beck's

Гостин
sega stvarno mi padna zal za Eto'o.Ne mozam da gledam Eto'o napisan vo drug dres:nesum: sepak to e to.Mu posakuvam mnogu uspeh i na Eto'o isto i na Ibra.Pa kako sto kaza Ibra ke se vidime na finaleto vo Bernabeu:salut:
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.549
Поени од реакции
7.090
Eве ја целосната споредба меѓу Ето и Ибра

здркан човек шо може да направи :)
наместо ибра кај ето ја обратно сум ги напишал ај ке се снајдете
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.700
Поени од реакции
59.905
Ето си ја запечати судбината кога во почетокот на втората половина од сезоната не беше постигнал гол околу месец ипол, и на крајот на сезоната кога буквално сите топки мораа да му бидат сервирани за овој да постигне гол. Во последните три кола имаше да не претерам околу 10 стопроцентни шанси. Шанси кои не смеат да се промашат. Да погодеше барем 5 од тие ќе беше Пичичи во лигата пред Форлан. Пеп токму поради тоа не го одмараше пред дуелот со Јунајтед, пошто овој сакаше да биде најдобар стрелец, али како што кажав слабо му идеа погодоците.
Ај не зезај. А тоа што Пеп не го сакаше уште кога дојде? Ето остана само поради тврдоглавоста. Пеп сакаше ѕвезда во тимот. Сега ќе ја добие, со сите споредни работи што си одат во пакет со тоа.

Неефикасноста на Ето е резултат чисто на повреди и на лошата атмосфера во клубот. Не е лесно да играш кога те бркаат, а со ништо не си го заслужил тоа. Глупаво е да кажеш дека после 5 години убивање на противнички голмани и одбрани, Ето си ја затворил вратата зошто месец-два не бил во форма.

Како и да е, ние сме им благодарни на Пеп и на Лапорта за одлуката. Како што кажа Syn, Ибра им фали на еден-двајца на фан-клубов. Кај вас има повеќе на кои им фали Ето. Јас мислам дека и двете страни добиваат нешто, никој не губи. Само сакав да искоментирам дека причината за заминувањето на Ето од Барселона не е во Ето, туку во амбициите и апетитите на луѓето кои го водат клубот.
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.549
Поени од реакции
7.090
незнам што толку импресивно гледате во делот ето мајорка кога во Барса 10 пати подобра статистика има!

е сега
ибра-во европа има 66 настапи и 18 гола(одкога ја почнал кариерата)
а ето има 60 настапи и 25 гола.
6 настапи помалце 7 гола повеќе

за шпанија италија не сакам да споредувам тоа е исто како баби и жаби да мешаме!
 
Член од
18 септември 2007
Мислења
2.547
Поени од реакции
33
Нормално дека навивачите на Интер (не на Ибра) не се разочарани. На местото на Ибра дојде одличен фудбалер кој за разлика од него е докажан и во Лига на Шампиони, не е лижач на задници и не е толку дволичен. Нема што повеќе да посакуваме.

Од вчерашната презентација ја гледав пресконференцијата до пола и после си викам што си губам време, па не видов кога го бацил амблемот на Барселона. Како и повеќето во фан клубов не се изненадив од таа постапка. Не можам да сфатам како може да се заборават некои работи - никаде го немаше во ЛШ, знаеше да се изгуби на некој натпревар (имаме и за тоа дискутирано, дека на моменти не се трудеше доволно и треба да ги оправда парите што ги зема), изјавите дека сака нови предизвици, па капак на се замолчувањето на најверната публика и како сето ова да беше малку, во последните кола бараше да биде заменет затоа што не му се трчаше. Епа извинете, ама колку и да е квалитетен фудбалер, таква личност не може да помине, не кај вистинските фанови на ИНТЕР.

Благодарност до него за се што направи, за сиот придонес кој го даде во освојувањето на скудетата (рака на срце има голема негова заслуга, но фудбалот е пред се тимска игра, не играше сам).

Ова е мој последен пост на тема Ибра. И официјално - добредојде Ето :vozbud:. Не се сомневам дека со Милито ќе бидат "убиствен" тандем :). Тимот е многу засилен и оваа сезона навистина ќе можеме да се сметаме за достоен конкурент за освојување на ЛШ.
 

LaVista

Traumatic Playground
Член од
31 јануари 2007
Мислења
4.183
Поени од реакции
958
Ај не зезај. А тоа што Пеп не го сакаше уште кога дојде? Ето остана само поради тврдоглавоста. Пеп сакаше ѕвезда во тимот. Сега ќе ја добие, со сите споредни работи што си одат во пакет со тоа.

Неефикасноста на Ето е резултат чисто на повреди и на лошата атмосфера во клубот. Не е лесно да играш кога те бркаат, а со ништо не си го заслужил тоа. Глупаво е да кажеш дека после 5 години убивање на противнички голмани и одбрани, Ето си ја затворил вратата зошто месец-два не бил во форма.

Како и да е, ние сме им благодарни на Пеп и на Лапорта за одлуката. Како што кажа Syn, Ибра им фали на еден-двајца на фан-клубов. Кај вас има повеќе на кои им фали Ето. Јас мислам дека и двете страни добиваат нешто, никој не губи. Само сакав да искоментирам дека причината за заминувањето на Ето од Барселона не е во Ето, туку во амбициите и апетитите на луѓето кои го водат клубот.
Кои црни повреди, каква лоша атмосфера? Не се говореше за трансфер на Ето пред 27 мај. НИКАДЕ. Во ниеден весник, на ниту еден интернет портал. Едноставно таа тема не се спомнуваше. Пеп не го сакаше Ето, но овој го увери со тоа дека може да постигнува голови и Пеп се предомисли. Тоа е се. Сега излезе и кажа дека не смета повеќе на него и дека слободно може да си бара нов клуб. Гвардиола е човекот кој ни ја донесе тројната круна за првпат во 110 годишната историја на клубот. Тој е човекот кој го уигра најдобриот тим во клубската историја и секако најдобриот тим на Планетата моментално. Верувај дека за нас навивачите неговиот збор вреди повеќе од тоа што Ето го направил до сега. Зошто ако не беше Пеп, Ето немаше да има можност да игра во финалето на ЛШ годинава. :smir:

И не е фер да се однесувате со рамнодушност и да го навредувате играчот кој до вчера ви беше алфа и омега во тимот. Играч околу кој се градеше играта на Интер. Играч во кој Мурињо имаше апсолутна доверба.
За навивачите на Барселона, Ето ќе остане легенда на клубот и секогаш ќе го почитуваме. Тоа не е никаква тајна.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.346
Поени од реакции
47.052
Жал ни е зошто пред се си отиде прекрасна личност. Барселона секогаш имала играчи кои ќе даваат голови, но ретко имала играч со таков карактер. Секогаш мисли прво на тимот, па потоа мисли за себе.

Инаку бидете сигурни дека Ибра ќе дава голови во Барселона. Можеби дури повеќе и од Ето. Едноставно смешно е да помислиш дека играч од негов калибар не би успеал во моменталниот состав на Барселона. Ето си ја запечати судбината кога во почетокот на втората половина од сезоната не беше постигнал гол околу месец ипол, и на крајот на сезоната кога буквално сите топки мораа да му бидат сервирани за овој да постигне гол. Во последните три кола имаше да не претерам околу 10 стопроцентни шанси. Шанси кои не смеат да се промашат. Да погодеше барем 5 од тие ќе беше Пичичи во лигата пред Форлан. Пеп токму поради тоа не го одмараше пред дуелот со Јунајтед, пошто овој сакаше да биде најдобар стрелец, али како што кажав слабо му идеа погодоците.
Де де де, и Ибра имаше стагнации со головите па никому ништо, нема везе тоа, период е, пак на крајот имаше 30 погодоци во Ла Лига, башка Форлан једина конкуренција имаше во Агуеро во својот тим, а Ето во еден Меси и Анри, што уште од старт доаѓа до '' кинење '' на дел од неговиот потенцијал . Пак останува фактот дека Ето со неговите голови имаше најголемо влијаније во финалињата од ЛШ за Барса . Против Арсенал го постигна првиот гол, во период кога имаа играч повеќе и дефицит од 1 гол, а и со Јунајтед исто, го постигна првиот гол во период кога Јунајтед доминираа, самиот Ферги по мечот кажа дека голот на Ето ги уништил т.е. имал огромно влијание врз финалниот резултат .

Лоша зделка за Лапорта, бидејки се во финансиски дефицит поради фактот што од Ето можеа да ќарат многу повеќе . Чим тој играч чинел 20 милиони со уште само една година од истекот на неговиот договор, ондак моментално чини 3 пати повеќе .
Еве ке ти ја земам за пример Фиорентина, која го продолжи договорот со Мело па го шитна за 25 милиони евра, т.е. 20 + Маркиони, а го земаа за 7 од Алмерија . Тој ќар од Ето Лапорта не го виде, а Интер за Ибра доби 45-50 милиони евра, плус гол машина која моментално вреди над 50 милиони евра, и најверојатно го добива и Хлеб кој во моментов е проценет на 10 м . :toe:
Повеќе за Ибра Интер ни на сон не можеше да добие, затоа за оваа зделка му симнувам капа на Морати, доби премногу за играч кој уште пред година дена се изјаснил дека сака да замине од Интер . :smir:

Него за играчите кои треба да заминат, се спомнуваат Мансини, Виеира, Обина и за жал, Керлон, играч за кого се заинтересирани Марсеј и ПСЖ . Како што реков, само за овој последниов би ми било жал, освен ако не го дадат на позајмица, колку да се здобие со искуство а и на дело да ги видиме неговите квалитети, со оглед на тоа дека во Киево немаше шанса да ги покаже поради повредата .
 
Член од
24 октомври 2008
Мислења
1.382
Поени од реакции
248
Што се замараш да им објаснуееваш..кога беа првите шпекулации дека Ибра може да си оди сите пекаа како може од управата да го пуштаат најдобриот играч и слично..сите знаеме дека Ибра е класа над Ето во моментов..Ето постигнуваше многу голови затоа што покрај себе ги имаше еден Роналдињо,Деко и Чави,а подоцна Меси,Иниеста,Чави,Анри..во споредба со Ибрахимович кој никогаш покрај себе немал некој вака квалитетни играчи од средината и од нападот и да му ги местат топките на тацна...туку тој знае од центар да повлече топка и да постигне гол или па кога на цел тим не му оди он да земе и да даде гол...а Ето тоа тешко дека ке го прави..:wink:
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.775
Поени од реакции
6.569
секој фан на интер си има свое мислене немозе сите да мислиме исто ако некој викал дека ибра бил заслузен за 2 скудета во интер ок не викам не али последната сезона ај сетете се сите играции се трудеа ибра да биде најдобар стрелец зборам за последните 2-3 кола коа интер веке бесе сампион знаци сакам да казам му помогнаа на ибра а тој со својот карактер напраи ко сам се да сторил
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom