Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.052
Поени од реакции
1.177
Незнам зашто ама многу сакам да дојде Касано! Со него ќе бидеме стварно ептен јаки(не дека сега не сме). Со напад Касано, Милито, Ето, средина со Камбијасо, Мота, Хлеб ќе бидеме страв и трепет за сите башка и на Ето ќе му биде многу олеснета работата за кинење мрежи со помош на кративноста пред се на Касано кој не е кузнае каков голгетер ама и те како знае да асистира па и да постигне феноменален гол.
ГО забораваш Балотели. И тој не е играч кој ќе седи на клупа. Ќе прави проблеми ако не е стартер...

Утре играме со Монако за "Пирели Куп" и најверојатно Ето ќе добие шанса барем во вториот дел. Само не знам што се чека со Хлеб. Зошто сеуште не е завршен трансферот.
 

Слепо Црево

Оџачар Грла
Член од
26 мај 2007
Мислења
1.196
Поени од реакции
223
ау недај боже да дојде!
ке го удри славата во глава и одма станува проблематичен тој фудбалер само да расипе атмосфера ништо друго!


и за крај моментот кога го имитира капело

немој жити бога овакви неранимајковци да посакуваш се ќе уништат и хармонија и тимска игра!
Абе што се секираш ќе го среди Мурињо башка си го имаат натиго дајмиго :) и Балотели беше арогантен реагираше на све па сеа ко кутре е си свиткува опашката и глеа напред :)

ПС: Што има квалитети Касано има тоа не смее да се оспорува дека е одличен како играч.
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.565
Поени од реакции
11.579
Јас повеке класичен плеј би преферирал,башка ненормално многу ни е потребен таков играч...:smir:
 

Слепо Црево

Оџачар Грла
Член од
26 мај 2007
Мислења
1.196
Поени од реакции
223
ГО забораваш Балотели. И тој не е играч кој ќе седи на клупа. Ќе прави проблеми ако не е стартер...

Утре играме со Монако за "Пирели Куп" и најверојатно Ето ќе добие шанса барем во вториот дел. Само не знам што се чека со Хлеб. Зошто сеуште не е завршен трансферот.
Па ако се игра формација 4-3-3 со Касано, Милито и Ето во нападот ќе добива шанса скоро секоја утакмица ќе игра али најчесто ко замена освен купот и такви работи, уште не е на тоа ниво да се надева на прв тим и да ти кажам право и да не дојде Касано скептик сум дека Балотели ќе игра прв тим, ќе играме 4-4-2 со Ето и Милито напред така што нека седи мирно котлето :)
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.052
Поени од реакции
1.177
Па ако се игра формација 4-3-3 со Касано, Милито и Ето во нападот ќе добива шанса скоро секоја утакмица ќе игра али најчесто ко замена освен купот и такви работи, уште не е на тоа ниво да се надева на прв тим и да ти кажам право и да не дојде Касано скептик сум дека Балотели ќе игра прв тим, ќе играме 4-4-2 со Ето и Милито напред така што нека седи мирно котлето :)
И 4-4-2 ќе биде интересно кој ќе игра среден ред. Дали со поофанзивни крила (Хлеб и Кварезма) или Мунрати-Мота-Камби-Занети :)
 

Слепо Црево

Оџачар Грла
Член од
26 мај 2007
Мислења
1.196
Поени од реакции
223
И 4-4-2 ќе биде интересно кој ќе игра среден ред. Дали со поофанзивни крила (Хлеб и Кварезма) или Мунрати-Мота-Камби-Занети :)
Да се надеваме дека вака нема! :)
Мурињо башка говореше на едно интервју ни ми текнува сеа баш како беше дека сосема ќе биде друга играта ќе оди преку средината ќе диктира средината темпо и такви работи нема да се игра како кога беше Ибра све преку него.
Што сакам да кажам? Сакам да кажам дека со оваа средина тоа едноставно нели нема шанси, тоа го знае и Мурињо и фино лепо ке го стаи Занети лев бев и нема гајле :)

ПС: Камби-Мунтари-Мота-Хлеб би било добро, Камби-Мота-Хлеб-Кварезма би било перфектно :)
 

Marso

Io sono INTERISTA!
Член од
22 јануари 2006
Мислења
1.456
Поени од реакции
311
Јас повеке класичен плеј би преферирал,башка ненормално многу ни е потребен таков играч...:smir:
со заминувањето на Ибра ја изгубивме и таа колку-толку малата креативност во играта, сега не да ни треба очајно некој креативец... имаме брзина, голгетери страшни, само ПЛЕЈ, башка нема за џабе 10ката да стои празна, или ќе ја дадат на ХЛЕБ??
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.695
Поени од реакции
59.865
Мурињо: Среќен сум со ангажманот на Самуел Ето

Стратегот на Интер, Жозе Мурињо вели дека е среќен со ангажманот на Самуел Ето и му се заблагодари на Морати за тимот што го има на располагање.



На денешната прес-конференција на која Интер го презентираше Самуел Ето, Мурињо рече дека пробал да го ангажира играчот уште пред неколку години но екипата на Барселона не сакала да слушне за продажба.

“Се имам сретнато со Самуел шест пати во три години, и никогаш не сум се грижел дали тој некогаш кажал нешто лошо за мене.” – рече Мурињо.

“Зошто? Бидејќи тој е како мене: не си оди дома среќен по пораз на важен натпревари.”


“Годината по тој натпревар јас сакав да го донесам во Челзи но не ми беше дозволено да го имам.”

“Многу сум задоволен што го имам тука со мене, и не зборам само од името на Жозе Мурињо, туку од име на целиот тим.”

“Кога целата зделка конечно се комплетираше тимот покажа поинаква смиреност и започна да се адаптира на играта.”

“Кога Самуел ќе настапи за Интер? Тој е подготвен да игра уште сега, можеби не 90 минути, но ќе игра половина час во Монте Карло.”

“Сега сум среќен, го имам правиот состав за работа во најдобриот начин оваа сезона.”

Мур е хепи, сите сме хепи... :vozbud:
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.775
Поени од реакции
6.569
интер - монако 3-0 стрелци ето,милито 2 гола мислам дека ке се показат како добар тандем
 
Член од
21 јули 2009
Мислења
92
Поени од реакции
4
Честитки за победата против милан.Само така да продолзиме.
Годинава ја освојуваме пак сериа а се знае позз
Форза Интер
 

Тимче

HULK!
Член од
4 јули 2008
Мислења
4.537
Поени од реакции
238
Честитки за победата против милан.Само така да продолзиме.
Годинава ја освојуваме пак сериа а се знае позз
Форза Интер
За тоа ке видиме ке треба бајаги да се испотите а не како лани:smir:
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.775
Поени од реакции
6.569
интер ке биде шампион пак бе нека не се палат јуве кај со таа одбрана ги зеле од улица ке играат фудбал пази молинаро,григера,легротале па сеа ко бозем канаваро ке ве поправи хаха ,а тој киелини исто така не е несо кузјане се знае брака интер пак сампион
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom