Незапирливи 1903/87
Изгорен за Вардар
- Член од
- 20 јули 2011
- Мислења
- 3.531
- Поени од реакции
- 10.235
Огромно беше задоволството во редовите на Бате Борисов, барем ако се суди според изјавите на тренерот Виктор Гончаренко и дел од фудбалерите, откако на крајот од минатиот месец го добија македонскиот шампион Вардар за противник на стартот од квалификациите за Лигата на шампионите.
Но, очигледно деновиве пред двата дуели во добра мера спласнува самоувереноста во редовите на најмоќниот белоруски фудбалски клуб. Се поотворено противникот на „црвено-црните“ ја искажува загриженоста за крајниот епилог на двата натпревари, а преку кратка анализа ви ги пренесуваме петте работи од кои најмногу стравуваат Белорусите пред дуелите со Вардар:
1. Сопствената резултатска криза
- Бате Борисов три едноподруго натпревари не знае за победа во домашното првенство. На последните пет натпревари, пак, имаат само една победа со два порази и две ремија. Формата на тимот е главната грижа за Виктор Гончаренко, а дополнителна тежина ќе им претставува и притисокот со кој се соочуваат поради императивот да се мине Вардар во второто квалификациско коло за ЛШ.
2. Отсуството на нивните двајца најдобри фудбалери Дмитри Бага и Ренан Брешан
- Отсуството на двајцата најдобри фудбалери Дмитри Бага и Ренан Брешан кои се со репрезентацијата на Белорусија на подготовките за Летните олимписки игри во Лондон е голем проблем за стручниот штаб на Бате Борисов. Белоруските медиуми потенцираат дека секогаш е тешко да се дополни нивното отсуство, посебно она на Ренан Брешан кој е „моторот“ на нивната игра.
3. Непознатите Драган Ѓеоргиев и Хорхе Хименез
- Како што пренесуваат медиумите од Белорусија, добро е анализирана играта на Вардар пред двата натпревари. Но, за стратегот Гончаренко клучна нејаснотија е играта и квалитетите на двете нови засилувања во тимот на Вардар, Драган Ѓеоргиев и Хорхе Хименез кои играат на крилните офанзивни позиции. На видео снимките од минатата сезона, секако, Ѓеоргиев и Хименез ги нема во тимот на Вардар. Белорусите шпекулираат дека за да ги „сними“ овие фудбалери Гончаренко пратил свои „шпиуни“ на Златибор, но на директно прашање на последната прес-конференција дали е тоа вистина, Виктор Гончаренко рече: „Го задржувам правото да не одговорам на ова прашање“.
4. Добро прочитана приказна
- Белорускиот шампион нема многу промени во однос на играта и тимот од пред три години. Медиумите од Минск нагласуваат дека во Бате ништо не е променето повеќе години и токму таа заситеност може да е причина за последните слаби резултати. Се издвојува и фактот дека и Вардар со тренерот кој пред три години беше во Македонија ЃП сега има далеку повеќе информации за противникот, а играта на Бате Борисов лесно може да се прочита и ако добро се анализираат минатогодишните негови натпревари на европската сцена.
5. Амбиентот кој ги очекува во Скопје
- Тренерот Виктор Гончаренко истакна дека ги очекуваат средби слични како оние со Македонија ЃП од пред три години, ист тренер, ист град, сличен фудбал, ист стадион.... Но, очигледно го заборави сосема поразличниот амбиент на новоизградената арена „Филип Втори“ кој може да се создаде доколку Вардар се врати со поволен резултат од Борисов. Гончаренко и неговите фудбалери дефинитивно заборавија на „Комитите“ кои подготвуваат вистинска фешта за 25. јули. Во Белорусија веќе знаат дека новиот „Филип Втори“ со капацитет од 35.000 седишта ќе блесне токму на натпреварот против нив.
--- надополнето: 17 јули 2012 во 22:15 ---
Инаку момците го одработија и последниот тренинг, без повреди и подготвени со многу оптимизам го очекуваат утрешниот натпревар
http://fkvardar.mk/vesti/265-2012-07-17-18-19-59