Фан Клуб: Вардар

Незапирливи 1903/87

Изгорен за Вардар
Член од
20 јули 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
10.235
Огромно беше задоволството во редовите на Бате Борисов, барем ако се суди според изјавите на тренерот Виктор Гончаренко и дел од фудбалерите, откако на крајот од минатиот месец го добија македонскиот шампион Вардар за противник на стартот од квалификациите за Лигата на шампионите.

Но, очигледно деновиве пред двата дуели во добра мера спласнува самоувереноста во редовите на најмоќниот белоруски фудбалски клуб. Се поотворено противникот на „црвено-црните“ ја искажува загриженоста за крајниот епилог на двата натпревари, а преку кратка анализа ви ги пренесуваме петте работи од кои најмногу стравуваат Белорусите пред дуелите со Вардар:

1. Сопствената резултатска криза
- Бате Борисов три едноподруго натпревари не знае за победа во домашното првенство. На последните пет натпревари, пак, имаат само една победа со два порази и две ремија. Формата на тимот е главната грижа за Виктор Гончаренко, а дополнителна тежина ќе им претставува и притисокот со кој се соочуваат поради императивот да се мине Вардар во второто квалификациско коло за ЛШ.

2. Отсуството на нивните двајца најдобри фудбалери Дмитри Бага и Ренан Брешан
- Отсуството на двајцата најдобри фудбалери Дмитри Бага и Ренан Брешан кои се со репрезентацијата на Белорусија на подготовките за Летните олимписки игри во Лондон е голем проблем за стручниот штаб на Бате Борисов. Белоруските медиуми потенцираат дека секогаш е тешко да се дополни нивното отсуство, посебно она на Ренан Брешан кој е „моторот“ на нивната игра.

3. Непознатите Драган Ѓеоргиев и Хорхе Хименез
- Како што пренесуваат медиумите од Белорусија, добро е анализирана играта на Вардар пред двата натпревари. Но, за стратегот Гончаренко клучна нејаснотија е играта и квалитетите на двете нови засилувања во тимот на Вардар, Драган Ѓеоргиев и Хорхе Хименез кои играат на крилните офанзивни позиции. На видео снимките од минатата сезона, секако, Ѓеоргиев и Хименез ги нема во тимот на Вардар. Белорусите шпекулираат дека за да ги „сними“ овие фудбалери Гончаренко пратил свои „шпиуни“ на Златибор, но на директно прашање на последната прес-конференција дали е тоа вистина, Виктор Гончаренко рече: „Го задржувам правото да не одговорам на ова прашање“.

4. Добро прочитана приказна
- Белорускиот шампион нема многу промени во однос на играта и тимот од пред три години. Медиумите од Минск нагласуваат дека во Бате ништо не е променето повеќе години и токму таа заситеност може да е причина за последните слаби резултати. Се издвојува и фактот дека и Вардар со тренерот кој пред три години беше во Македонија ЃП сега има далеку повеќе информации за противникот, а играта на Бате Борисов лесно може да се прочита и ако добро се анализираат минатогодишните негови натпревари на европската сцена.


5. Амбиентот кој ги очекува во Скопје
- Тренерот Виктор Гончаренко истакна дека ги очекуваат средби слични како оние со Македонија ЃП од пред три години, ист тренер, ист град, сличен фудбал, ист стадион.... Но, очигледно го заборави сосема поразличниот амбиент на новоизградената арена „Филип Втори“ кој може да се создаде доколку Вардар се врати со поволен резултат од Борисов. Гончаренко и неговите фудбалери дефинитивно заборавија на „Комитите“ кои подготвуваат вистинска фешта за 25. јули. Во Белорусија веќе знаат дека новиот „Филип Втори“ со капацитет од 35.000 седишта ќе блесне токму на натпреварот против нив.
--- надополнето: 17 јули 2012 во 22:15 ---
Инаку момците го одработија и последниот тренинг, без повреди и подготвени со многу оптимизам го очекуваат утрешниот натпревар
http://fkvardar.mk/vesti/265-2012-07-17-18-19-59
 

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
14.340
Поени од реакции
26.275
И што се крева толку фама сега околу тоа што објавиле останатите спортски портали дека натпреварот ќе оди на МТВ. Тоа што треба Белорусите да го дадат преку сателит за да може МТВ да го пренесува натпреварот го знаеме и чекаме да видиме што ќе направат Белорусите.
А дечкото „новинар“ е исфрустриран очигледно поради тоа што останатите дознале први за тоа дека има шанси да оди натпреварот на МТВ па демек се обидувале да добијат повеќе фанови :ROFLMAO:

Значи не ми се верува какви луѓе има, само нешто да се најде маана, зошто не било бело а е црно или обратно :facepalm:
 

gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
Што велите за утре момци?
Ќе одите на икс? Се се мислам да ја играм со ситна пара онака по навивачки пред се... иксче фикс :)
Посебно од кога се дозна за 2цата најдобри дека не играат од 15 на 12падна на Вардар коефициент...а од некаде 1.05 на 1.20 за нив растеше а и гледам сеуште расте :)
Со среќа ... и очекувам одма линкови во 17:30 веќе да има од стримови тука ..
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.322
Поени од реакции
15.576
Што велите за утре момци?
Ќе одите на икс? Се се мислам да ја играм со ситна пара онака по навивачки пред се... иксче фикс :)
Посебно од кога се дозна за 2цата најдобри дека не играат од 15 на 12падна на Вардар коефициент...а од некаде 1.05 на 1.20 за нив растеше а и гледам сеуште расте :)
Со среќа ... и очекувам одма линкови во 17:30 веќе да има од стримови тука ..
Друже, 0-1 е точен резултат, не си ги фрлај парите на X :)
 

gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
http://www.transfermarkt.co.uk/en/bate-borisov/startseite/verein_713.html
Според трансфермаркт петмина од првиот тим не ќе бидат на помош на клубот а не само најдобриот Бресан и уште еден кој што беше наведен... на олимпијада отишле 5 играчи :
Bressan, Renan
Midfield (OM), 23 Years
Baga, Dmitri
Midfield (ZM), 22 Years
Polyakov, Denis
Defence (RV), 21 Years

Gutor, Aleksandr
Goalkeeper (TW), 23 Years
Shcherbakov, Andrey
Goalkeeper (TW), 21 Years

Ова искрено ми дава надеж за после мечот што ќе го проследи целава нација :D
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.281
Поени од реакции
8.447

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.400
Поени од реакции
85.351
MTV svojot del od rabotata go zavrsi, go dogovori prenosot, ostanuva Belorusite da go resat svojot problem i da najdat nacin da go pratat signalot na satelit... Problemot sto go imaat Belorusite se resava, zatoa se vkluci i treta strana da im pomogne, no sega veke nisto ne zavisi od MTV...
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
http://www.transfermarkt.co.uk/en/bate-borisov/startseite/verein_713.html
Според трансфермаркт петмина од првиот тим не ќе бидат на помош на клубот а не само најдобриот Бресан и уште еден кој што беше наведен... на олимпијада отишле 5 играчи :
Bressan, Renan
Midfield (OM), 23 Years
Baga, Dmitri
Midfield (ZM), 22 Years
Polyakov, Denis
Defence (RV), 21 Years


Gutor, Aleksandr
Goalkeeper (TW), 23 Years
Shcherbakov, Andrey
Goalkeeper (TW), 21 Years

Ова искрено ми дава надеж за после мечот што ќе го проследи целава нација :D
5 players from BATE cross in Olympic teams http://bff.by/news/2516.html
also 2 key defenders is injuries( fillipenko +yurevich)

BATE show very bad football in their best squad.. they score only 5 goals in last 6 games. and can not win last 3 games.

еве нешто од Белорусија е дечково шо го пиша ова.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom