Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
На крај пак кикс... А кога ја свртевме мислев дека сигурно тепаме... Штета што рекордот на Меси не беше со победа. Одбраната и задната средна линија повторно катастрофа.
 
Цела среќа па се извлече бод..... Сите од постарата генерација мора под пензија и многу мудро работење околу трансфери поради лошата финансиска состојба..... Пјанич не е барса материјал, а дест би го пробал со неговата брзина и пожртвуваност како партнер на де јонг како деструктивец
 
#Koemanout
Во 79 минута да имаш против пропаднатата Валенсија 2-2 и да го вадиш Кутињо, а да го внесуваш Лигушот, треба да ди треснат со бастун во жута тиква.
 
Последно уредено:
Седнуваш да ги гледаш и знаеш дека не е ова Барса од порано, свеста ти вика не очекувај ништо од овај тим, не се повеќе Чави, Иниеста и компанија тука, играат покемони некои. АМА, не можеш да се воздржиш, едноставно долги години си навикнат тимот да е супер велесила, втиснато ти е во меморија дека тимот ќе функционира како компјутер и веќе ги знаеш потезите што се вообичаени и тешко е е да се навикниш на нешто друго. Не може антената да ти поддржи погрешно додавање, па второ, па трето, па стотто и милијарда други глупости што не биле претходно. Нова реалност се случува, како пред короната и откако се случи. Ко во филмон Downfall, те гази кој ќе стигне, противникот ти е пред врата, а ти сеуште се филмаш дека ќе ја освоиш Европа :D уште од сега се гледа катастрофата со псж, ама никој од нас нема да ја прифати пред да се случи :toe:
 
Зимава да се фрлат пари на млад и неискусен Гарсија со договор пред крај, при Араухо и Мингенза едноставно ке биде глупост на векот. Прво нешто што треба да направат овој лордов да го продадат што колку и да трча колку и да се труди едноставно не е технички поткован ниту способен за ебан зицер да реализира и да се земе раперов од Лион, е тој и те како ке легне во тимов.

Страшно нешто како тим како Барселона игра без 9-ка цела полусезона...
 
Суарез што 95% од "навивачите" го бркаа од клубот,до сега има повеќе голови од Меси...Колку и да не беше во форма знаеше од никаква акција да постигне гол а тоа најмногу и фали на оваа Барса.Бркањето на Суарез и тоа без да се земе евро е најголем кикс на управата во последниве години.
 
Јас од секогаш сум застанувал на страна на тренерите дури и по Валверде и Сетиен кога се плукаше пробуваав на моменти да ги разберам и да застанам во нивна одбрана,ама ова што го прави Куман е стварно иритантно и незамисливо.

1-Секој натпревар го играме во формација 4-2-3-1,на пола од утакмициве се гледа дека едноставно не оди и упорно човеков си го форсира тоа што го замислил.
Зошто барем кога немаме состав за да доминираме не проба да се прилагоди на противникот.
2-РИКИ ПУЏ,како може воопшто да не му дадеш шанса на детево?
Сите минути што ги доби до сега максимално ги искористи,беше најдобар играч на сите натпревари што влезе,битно Куман го држи на клупа секој натпревар,единствениот изговор на Куман е демек не се залагал доволно на тренинзи.
3-Замени.
Одамна не сум видел некој тренер до толку да незнае да погоди измени,апсолутно на секој натпревар има некои идиотски идеи што му текнуваат и поради нив губиме бодови,како денеска Кутињо-Ленгле,кој нормален тренер на 2-2 ја затвара утакмицата против факинг Валенсија?
Да не зборам за останатите измени,покрај катастрофално лош Бускетс ти на Пјаниќ му даваш 5 минути игра.:facepalm:
Секој натпревар Тринкао игра по 20-30 минути и со ништо ги нема оправдано.
На секој натпревар без разлика на резултатот и играта си ги прави истите измени.

Многу тврдоглав човек,не верувам дека ќе се промени до крај ќе форсира тоа што намилсил на почеток и готово,само мислам дека на крај тоа ќе го кошта отказ.
 
Вака ако продолжиме нема ни Лига Европа да играме наредна година.
 
Ко во филмон Downfall, те гази кој ќе стигне, противникот ти е пред врата, а ти сеуште се филмаш дека ќе ја освоиш Европа :D уште од сега се гледа катастрофата со псж, ама никој од нас нема да ја прифати пред да се случи :toe:
Мала дигресија, ако не е проблем.

Falling Down е филмот што го референцираш, Downfall e филмот за познатиот пријателски административец Адолф :D
 
Мала дигресија, ако не е проблем.

Falling Down е филмот што го референцираш, Downfall e филмот за познатиот пријателски административец Адолф :D
А на кого му бил непријателот пред врата додека тој се филмал дека ќе ја освои Европа, на пријателскиот административец Адолф или на Мајкл Даглас? :D
 
Очигледно Куман има некој проблем со Пуиг. Нели се вртеа муабети по медиумите дека малиот пренесувал информации од соблекувалната во јавност и Куман се налутил. Тие си знаат што точно се случило но факт е дека не се во добри односи па не го очекувам во прв тим наскоро.

Тврдоглав е засега Куман, упорно форсира едни исти работи а сите гледаме дека не оди. Пјаниќ добива мизерна минутажа на сметка на Бускец. Тринкао обратно, добива солидно време а ништо нема покажано. Педри е талентиран играч ама треба да одмори малку од прв тим. Измените му се па посебна приказна. Скоро секој меч има минимум по една несфатлива замена.
 
Кога се повреди Фати, пишав дека ако се сјебе и Дембеле вака ќе изгледа играта и не промашив.

EpnlHefW8AAyrle.jpeg

Мала дигресија, ако не е проблем.

Falling Down е филмот што го референцираш, Downfall e филмот за познатиот пријателски административец Адолф :D
На административецот мислев :D ние сме Дојчланд 1945 моментално. Силните дивизии одамна ги нема(Чави, Иниеста, Пујол, Алвеш итн.), Берлин(Барселона) го браниме со деца(Педри, Дест, Араухо, Мингеза), Химлер(Меси) тајно потпишува капитулација со сојузниците(заминува во псж), а Хитлер(Куман) го чека Штајнер(Депај) да нападне и да ја свртиме работата :busi:
 
Ако Штајнер изигра како во реалноста ... ќе треба да бараме Интертото да се активира. :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom