Фан Клуб: Барселона

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.250
Поени од реакции
19.533
Карактерите на Пеп,а посебно на Ето не можеа да се усогласат....
Факт е дека Пеп..сака војничка дисциплина во екипата...а Ето со своите изјави..и некој постапки не беше по ќефот на Пеп и неговите принципи....
И Гвардиола знаеше шо пушта,дека таков играч како Ето..вреди злато..
Играч кој ора на теренот,се враќа на своја половина,покрива простор..повлекува контра...играч со неверојатна смисла за гол...со убиствена ладнокрвност при реализацијата...
Кога веќе се знаеше дека мора да се пушти Ето,мораше да се најди некоја адекватна замена од светски калибар..
Ибра беше токму тоа...е сеа шо Барса плати еден ШЛЕПЕР пари..+ го даде Ето е друга работа...
Во ерата на Лапорта ова беше најголем трансфер промашај...
Како и да ,времето на Ето беше дојдено...и дали ќе беше минатата или оваа сезона..тој ќе си заминеше од екипата....
Пеп го има последниот збор,дозволи да биде пуштен Ето,,се донесе Ибра-уште поПРОБЛЕМАТИЧЕН играч,кој не издржа ни цела година во Барса....
Такви играчи кои повеќе се на страниците на ЖОЛТИОТ ПЕЧАТ не и требаат на Барса....посебно не некој насилник како Ибра...
Одличен потег беше неговото пуштање во Милан....
 

Пепи

barca en el corazon !
Член од
2 јуни 2008
Мислења
4.362
Поени од реакции
230
Продавањето на Ето и доведувањето на овоа копилето е негова најголема грешка во неговата кариера, друга грешка нема кај Пеп.
Го расипа ова Трио Фантастико(Анри,Ето,Меси) кој што успеа за една сезона да постигне 120 погодоци само тие тројца играчи, се уиграа страшно и се навикнаа на оваа брза игра на Барса.. Доведувањето на овој гомнарот смени многу работи во нападот, неможеше тој да игра толку брзо како Ето.. напротив тој ги кочеше сите Акции на Барса и мислам дека тој е главниот виновник за пропаѓањето на Анри..
Беше тотално себичен кога беше топката кај него,не играше тимски и да не ги набројувам неговите критики..
Да ни беше сега Ето.. нападот ќе ни беше убиствен (Виља-Ето-Меси) а Анри уште оваа сезона можеше да игра на ниво колку толку..
Ех Пеп, Пеп.. Што тогаш виде во Гомнарот а што го немаше тоа Ето.. Дојде ред и да те пцуе и да ти се заканува.
Мораме да гледаме напред момци и да ги заборавиме Ето,Анри,Ибра.. и незнам ти кој..
 

BakoMevmedoski

Немирен
Член од
30 септември 2009
Мислења
525
Поени од реакции
55
Прво.
Доведувањето на Ибрахимович во Барселона не беше барање на Пеп туку тоа беше изненадување од Лапорта да остави доверба во навивачите на Барса со тоа што доведе едно од најголемите засилувања во Барса тоа сакаше да го направи заради тоа што му завршуваше мандатот.
Друго.
Знаеме сите дека Пеп и Ето не беа во најдобри односи и дека Ето беше сам виновник за своето заминување заради тоа што не сакаше да го продолжи договорот кој му истекуваше наредните месеци.
Трето.
Пеп и Ибрахимович немаа никакви расправии се додека Ибрахимович беше во Барса. Самиот тој изјави дека сакал да игра со Роналдињо после натпреварот на Жоан Гампер купот кој се одигра на Камп Ноу со нерешен резултат но победа на Барса во биење на пенали.
Четврто. (Иљада пати го имаме кажано ова)
Ибрахимович е еден од подобрите Фудбалери на денешницава тоа е факт, но исто така е факт дека тој неможеше да игра во Барселона со оглед на тоа дека тој игра статичен фудбал односно мака му е да се движи, повекето пати кога го гледам незнам дали игра или бие слободен удар со тоа застаен во место со топката и не се движи туку си седи во место и чека да го нападнат а Барселона не игра таква игра.
Петто.
И покрај тоа што знаевме дека Ибрахимович сака да си замине заради тоа што и самиот изјавуваше : Сакам да играм во Премиер Лига, Сакам да играм со Роналдињо, сепак Барселона испадна заебана и тоа многу заради тоа што се вели дека трансверот на Ибрахимович вредеше околу 70 миљони а Барса го даде за 6 миљони позајмица и 24 миљони за одкупна клаузула односно 30 миљони.
Најпаметен потег ке беше да се разговара на Трансвер тезата за Ибрахимович со истотака заинтересираните Шеици односно Манчестер Сити, ке лапневме сигурно 50 миљони, али ете тоа е.
Последново повеќето ми гледа на грешка на Росел и неговите одколку на Пеп.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.541
Поени од реакции
4.078
Прво.
Доведувањето на Ибрахимович во Барселона не беше барање на Пеп туку тоа беше изненадување од Лапорта да остави доверба во навивачите на Барса со тоа што доведе едно од најголемите засилувања во Барса тоа сакаше да го направи заради тоа што му завршуваше мандатот.
Друго.
Знаеме сите дека Пеп и Ето не беа во најдобри односи и дека Ето беше сам виновник за своето заминување заради тоа што не сакаше да го продолжи договорот кој му истекуваше наредните месеци.
Трето.
Пеп и Ибрахимович немаа никакви расправии се додека Ибрахимович беше во Барса. Самиот тој изјави дека сакал да игра со Роналдињо после натпреварот на Жоан Гампер купот кој се одигра на Камп Ноу со нерешен резултат но победа на Барса во биење на пенали.
Четврто. (Иљада пати го имаме кажано ова)
1. Не беше никакво изненадување, Пеп го посакуваше Ибра во тимот а Лапорта само му го овозможи истото.

2. Ето и те како сакаше да го продолжи договорот со Барса, само не на една година, целеше кон подолг договор.

3. Изјавата на Ибра немаше никаква врска со неговото заминуваше во Милан.

Што мислиш зашто Ибра дава вакви изјави по весниците ? Од чиста мира ?

Ибра буквалнио беше избркан од Барса по желба на Пеп. Таа изјава после Гампер купот нема везе со ставот на Пеп околу Ибра и неговото заминување.
 

LaVista

Traumatic Playground
Член од
31 јануари 2007
Мислења
4.183
Поени од реакции
958
Пеп го сакаше Ибра во тимот, али овој незнаеше да остане во истиот. Плус, со тоа што ја кочеше играта, не одговараше на нашата игра (иако бев убеден дека ќе триумфира таму) и додај ја на тоа недисциплината, постојаните барања, плачења дека бил подобар од Меси итн, го натераа Пеп да го избрка Ибра. Си се поправи човекот и се врати на ист тип на напаѓач како Ето. Одма се гледа разликата.

Споредете ја оваа игра, со ланската ќе видите на што мислам.
Погреши единствено кај Ибра, но простено му е, човек е прави грешки. А да не беше тој, моментално немаше да се радуваме на победите против Реал, немаше да се радуваме на 6 трофеја во една година, немаше да бидеме убедени дека победуваме уште пред да излезат играчите на теренот и пред се немаше да се радуваме на ваквата игра, на ваквата филозофија. Пеп уште во првите 6 месеци на кормилото на Барса, не убеди дека тој е ДАЛЕКУ подобра опција од Мурињо.:smir:
 

WESLEY 10

В А Р Д А Р Е Ц !!!
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.925
Поени од реакции
332
Ајде честито нека ви е Ибрахим,бомба играч земавте,по таа лева страна има лол да ви пави ... :smir:
 

BakoMevmedoski

Немирен
Член од
30 септември 2009
Мислења
525
Поени од реакции
55
1. Не беше никакво изненадување, Пеп го посакуваше Ибра во тимот а Лапорта само му го овозможи истото.

2. Ето и те како сакаше да го продолжи договорот со Барса, само не на една година, целеше кон подолг договор.

3. Изјавата на Ибра немаше никаква врска со неговото заминуваше во Милан.

Што мислиш зашто Ибра дава вакви изјави по весниците ? Од чиста мира ?

Ибра буквалнио беше избркан од Барса по желба на Пеп. Таа изјава после Гампер купот нема везе со ставот на Пеп околу Ибра и неговото заминување.
Пеп може го сакал може не го сакал, Ибрахимович секако не одговараше кај нас, не го неговаша стилот на игра на Барса.
Јас повеќе гледам дека Пеп паметно изреагирал одколку како што викате вие дека Пеп направил грешка.
Единствената грешка која ја гледам во продавањето на Ибричич ова Ибрахимович беше тоа што го дадовме за малку пари, а го зедоа можда и најскап до сега.
Другото се си е во ред, Ибрахимович не одговараше, го шутнаа сега може тој да си кажува колку сака ама тоа е.
Нека си игра во Милан и тој си е цар тамо, и Барса се цареви без него.
Не гледам никаква грешка.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
1.602
Поени од реакции
890
ајде од да почнам од почеток.
прво,ако не грешам ибрахимович беше доведен одма после сезоната со 6 освоени титули,после таа сезона Реал ги донесе Кака,Роналдо,Бензема и компанија.Така да и покрај 6те освоени титули,вниманието беше свртено кон Реал Мадрид.
Барса мораше да фрли бомба и барем малку да го сврти фокусот на вниманието од реал и го доведе Ибра.

Е сега,се јавуваат 2 страни,едните мислат дека е погрешен потег,другите дека не е.
Јас сум од тие што мислат дека не беше погрешен потег.
Според мене погрешно беше само тоа што се дадоа + 40 мил. и Ето за Ибра.

понатаму..
Притисокот од јавноста врз Ибра е голем,очекувањата превисоки,сите велат дека Ибра не е за барса,дека е себичен итн..итн..
Ибра според мене на почеток се снајдува во Барса,го има еден од најдобрите стартови во историјата(со 5 голови на првите 5 натпревари во дебитантска сезона,ако не грешам)
+ асистира(сите префрлуваа дека не е тимски играч)
тоа и го уништи,да беше посебичен подобро ќе беше.

И покрај тоа дава 16 голови во Примера,4 во ЛШ.
од 16 постигнати,на 9 е прв стрелец,а на 4-5 и единствен стрелец(+повеќето голови ги постигнува кога меси не играл)


и јас сум убеден дека доколку оваа сезона останеше,а виља беше доведен.
Ибра ќе беше звер,плус меси и виља ќе се изнадаваа голови на негов рачун и ќе имаше повеќе простор за игра,ќе имавме игра со глава,и 2 одбрамбени влече со него секогаш.
плус нема напаѓач кој со онаква конституција поседува онаква брзина и техника,што го прави еден од најдобрите напаѓачи во моментов.


според мене грешката на Гвардиола и Барселона беше што кога веќе одлучија да го продаваат требаше да ја прифатат понудата на Сити и да си ги вратат парите.
а не онака бедно да понижат играч како Ибра и да го пратат на позајмица како да е тоа Кеирсон,Касерес или Хлеб па ќе си играме мајтап.

Поздрав.
 
Член од
24 октомври 2008
Мислења
1.382
Поени од реакции
248
кога веќе гледам се споменува за Ибра.. Кога дојде во Барса очекував многу од него, мислев ќе се смени концепцијата на барса, конечно дека ќе имаме висок играч, играч кој знае да погоди со глава во секоја прилика, играч кој ако не му оди на тимот тој ќе направи нешто сам, ќе помине еден,двајца,тројца и ќе постигне гол.. играч кој е мајстор за слободни удари..почна ланската сезона и првите 5-6 кола се одеше според моите очекувања, но после полусезона Ибра го имаше фатено некоја криза, неможеше да постигне гол, на крајот на сезоната повторно истото, среќа бојан беше во добра форма па не извади, ианче којзнае што ќе беше и сега кога г одонесовме Виља мислам дека сме направиле добро што го дадовме ибра во Милан,затоа што играта со виља меси и педро во нападот е многу подобра од ланската.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.538
Поени од реакции
22.398
Абе, оставете го носорогот, живее во животна форма во Милан, а и ние сме одлични без него, е сега голема финансиска штета ни направи, плус Ето, си отиде, ама не вреди да се жали по изгубеното. Вистинските победници секогаш наоѓаат решение и повторно си ја работат работата, дури и поуспешно, како ние сега. Дури и подобри сме од 2008-09.

Туку, Стоичков никогаш не престана да ме забавува. Следете ја неговата најнова изјава:
Hristo Stoichkov (legenda Barcelone): "Razlog zasto Realove legende i igraci ne nalaze se na postanskim markicama je taj sto ljudi ne bi znali na koju stranu treba pljunuti markicu!" :)
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Туку, Стоичков никогаш не престана да ме забавува. Следете ја неговата најнова изјава:
Hristo Stoichkov (legenda Barcelone): "Razlog zasto Realove legende i igraci ne nalaze se na postanskim markicama je taj sto ljudi ne bi znali na koju stranu treba pljunuti markicu!" :)
ХАХАХАХАХАХ :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2:
Лудница изјавата :)
 
Член од
25 април 2010
Мислења
91
Поени од реакции
4
Дечки примате нови фанови?Иако сум тука подолго време само читам ретко давам мислења,сега мислам да почнам!
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.538
Поени од реакции
22.398
Дечки примате нови фанови?Иако сум тука подолго време само читам ретко давам мислења,сега мислам да почнам!
Добредојде во фан клубот на најдобриот клуб во Светот! :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom