ќе играме за трето место со реал ?
ах ибра, ибра, како баш го погоди финалето, уефа сакале класико финале.
тоа е лекција што се не треба да се изјавува после пораз.
гледав изјавите на мурињо после поразот вчера, смеша све живо што можеше да се смеша. автобиографска прес-конференција. тука имаш кој е боље меси или кристијано, за кого ќе навива во финале, непостоечкиот гол со ливерпул, интер, шо праел во италија, шо праел во англија.. човекот си е клуб сам за себе, нема везе што никого во мадрид не го интересира признат непостоечки гол на утакмица челзи-ливерпул пред 4 години. како челзи се бранеле завчера, ама тоа било тактика и незаслужено биле критикувани, иако ди маето сам призна дека во второ полувреме немале тактика. на полувреме си рекле - ок ајде излагаме, шо биде нека биде, ќе издржиме
од друга страна го имаме пеп. вчера изјави - јас кога играв во бреша, тогаш дадовме гол од пенал, ама еднаш со рома ептен не забеаа судиите. замислете го тоа?!
мојот став е: кога екипата на некој тренер победува, тој победува заедно со неа. на крај на годината ја собира славата, го прогласуваат за најдобар бидејќи тоа се рачуна како негова заслуга. кога истиот тренер не победува, сакам да важи истото правило. да ја земе вината со себе. не може тренер да биде добар кога екипата и губи и победува. посебно од тактички аспект.
она што нема да можам да го преболам од овој двобој со челзи, секогаш тоа ќе ми стои како наслов - од 180 минути игра, само 2 минути имавме резултат кој не носеше во финале! пеп не успеа да ги натера да се отворат, бидејќи челзи 178 минути имаше резултат кој што им одговараше. ако некој може тоа на друг начин да го протолкува, освен како неуспех на пеп, јас не можам.
тоа мора нему да му се препише, за да не ја колнеме среќата секогаш. како што и самиот изјави, се надевам искрено дека научил нешто од овој пораз.
сакам да потпише што е можно поскоро, но овие шпекулации околу неговото продолжување на договорот се уште една работа која ме вади од такт.