Фан Клуб: Барселона

Член од
31 август 2008
Мислења
1.853
Поени од реакции
815
Проблемот со Биелса не е во неговата способност да се справи со ѕвездите во тимот. Во Барса и нема некои ѕвезди со огромно его и кавгаџии.

Најголемиот проблем кај него е тоа што он е потполно ЛУД, нетачен, изместен..

Значи човек што ги тера играчите на различни позиции да тренираат во различни периоди и да на се среќаваат со играчите од другите позиции во соблекувалната и човек кој буквално не се појавува на тренинзи туку само на натпревари, а во исто време за мотивација им држи говори од по саат/два не е некој на кој претседателите на големите клубови би му дозволиле да раководи со буџет од стотина милиони евра.

Додуша, очигледно Биелса нема проблем да си ги прилагоди методите спрема клубовите така што ако веќе мора да е некој друг освен Пеп, нека биде Биелса.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.541
Поени од реакции
4.078
Не знам стварно што би го одвлекло Пеп од продолжување на нов договор и напуштање на Барса.
Доколку има кај него некоја презаситеност севкупно од се во фудбалот и доколку му треба одмор некое време, ондак би го сватил, али доколку се реши за друг клуб, е тогаш ќе бидам цел со прашалници....


Можеби нов предизвик ? Ок, тоа би била една од опциите, но од друга страна мислам дека ОН е тренер кој сака голема слобода во многу работи, не верувам дека постои клуб во кој ќе има услови и апсолутна слобода како во Барса.
Под услови не мислам за пари. Сигурен сум дека него тие му се последна работа кога се решава на нов договор, иако одличен гест е од Росел ставањето на маса на бланко чек со кој само се покажува огромната доверба која Пеп ја ужива кај сите во најтесното раководство.


Ставрно не верувам дека постои подобро место за него од Барса.

Прво, овде во секој поглед ќе има скроз одврзани раце, од донесување на сите спортски одлуки, одлуки поврзани со контрола на играчи, со трансферни цели и засилувања, кој да се купи, кој да се продаде, одредување на техничкиот персонал, можност за продолжување и скратување на договорот по своја волја, буквално ќе го има последниот збор за се поврзано од тој аспект...


Второ, овде го има на располагање еден од најсилните колективи во историјата на фудбалот, кој со мали повремени промени и освежувања на некои места може да биде само посилен. Овде има еден цел репертоар на играчи кои потекнуваат од Ла масија, играчи кои знаат што значи логото на Барса, кои знаат најдобро што значи Барселона како институција, што знаат што значи потписот ( Повеќе Од Клуб ), играчи кои буквално играат со срце за тимот, играчи од школата од која што потекнува и он.
Овде го има Меси, само овде и на никое друго место. Најдобриот играч моментално, а според многумина великани на фудбалот и светски аналитичари... најдобриот на сите времиња...


Трето, овде ја има апсолутната подршка од сите, од сите кулеси, од целиот град, од цело раководство, од сите фанови ширум светот, а најбитно....од сите играчи во тимот.


И четврто, што мислам дека е исто важно, се наоѓа во неговиот град Барселона, место во кое е буквално херој и легенда, место во кое се наоѓа целата негова потесна и поширока фамилија, место во кое се наоѓаат сите негови пријатели.

Не верувам дека постои клуб на светот во кое ќе го добие сево ова.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Како што кажа Манга......ако веќе си отиде Пеп и јас сум за Луис Енрике.
И така на човекот не му оди во Италија, ја водеше Барса Б, ја знае играта на Барса.
 
Член од
27 септември 2009
Мислења
2.193
Поени од реакции
1.083
Филе :

Дани Алвес си заминува летово, оди во Анжи. Чави го изигра и последниот натпревар за ФКБарселона, во средата против Челзи, повредите го мачат повторно. Можен е само настап во финалето од Купот. Пике се чувствува добро, но не се знае и тој дали ќе може да игра на последните натпревари сезонава, а многу веројатно е дека нема да може. Андре-Вилаш Боаш денес ја понуди својата кандидатура во замена за Пеп и официјално до Сандро Росељ. Пеп вечерва ја донел одлуката, кружат различни информации и никој со сигурност не може прв да ја соопшти која е вистинската. Според едни, заминува во Челзи и не се коментира воопшто негова замена, ниту ќе се коментира до завршување на финалето во Купот. А според други, останува и ФКБ ќе доживее голема трансформација и вертикално помрднување нагоре на неколку фудбалери од кантерата како и на некои од стручните штабови во кантерата.
 

LeoMessi10

Lionel Andress Messi
Член од
12 април 2008
Мислења
2.316
Поени од реакции
268
Се калдиме дека ни пола од глупостиве Филе шо треска не се точни?
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Ако е вистина ова што го кажува Филе, се распаднавме.......
Ако не е.......браво за имагинацијата.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Не земајте ништо здраво за готово. Почекајте да слушнеме директно од Пеп. Од недостаток на официјални информации ова се само шпекулации сега за сега. Барса не се распаѓа, ако некои индивидуалци си одат. Се покажало тоа и со Кројф и со Рајкард. Ситемот само се усовршува. Тоа е период некогаш освојуваш се некогаш почнуваш од нула. Бидете момци среќни што живееме во ова време и ги гледаме тие работи а ќе ги кажуваме на нашите деца и внуци. :)
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.541
Поени од реакции
4.078
Во случај ако си замине Пеп, што лично не верувам, би сакал да го видам Кројф на клупата, само ептен тешко, со Росел не се мирисаат.
Да беше сеуште Лапорта претседател, би се кладел на се дека Кројф ќе добиеше прв повик за тоа место.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Во случај ако си замине Пеп, што лично не верувам, би сакал да го видам Кројф на клупата, само ептен тешко, со Росел не се мирисаат.
Да беше сеуште Лапорта претседател, би се кладел на се дека Кројф ќе добиеше прв повик за тоа место.
Да беше друже Лапорта, немаше да го пушти Пеп од канцеларија се додека не потпише. Росел мене лично врска ми нема ја сум против него. Јас пак би сакал Кројф да биде претседател на Барса.
 

katalonec5

Mes que un club
Член од
8 декември 2008
Мислења
1.020
Поени од реакции
121
WHAT THE FUCK IS GOING ON ?!?!?!??!?!?!

Ај курац нека се реши веќе, ќе го чекам јас него 5 саати пред компјутер, ебате беља.
 

LaVista

Traumatic Playground
Член од
31 јануари 2007
Мислења
4.183
Поени од реакции
958
Што и да е одлуката, утре ќе ја знаеме
 

LeoMessi10

Lionel Andress Messi
Член од
12 април 2008
Мислења
2.316
Поени од реакции
268
24 фудбал официјализираа Кормиларот на Барса си оди...ооо пизда ли ви материна вие дур сте на брод кормиларот да си оди на вас Пеп ви се јавил да ви каже прво.:facepalm::facepalm:
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.541
Поени од реакции
4.078
Да беше друже Лапорта, немаше да го пушти Пеп од канцеларија се додека не потпише. Росел мене лично врска ми нема ја сум против него. Јас пак би сакал Кројф да биде претседател на Барса.
Мене не ми смета Росел, иако лично за мене Лапорта е еден од "главните виновници" за успесите и сигурно "главниот виновник" во преродбата на Барса која следеше после лошите 5 години каде тимот беше без трофеј, човек кој ги покрена големите успеси кој што следеа во изминативе 8 години за Барса т.е од сезона 2004-2005. Знаеме каква Барса начека...а каква Барса напушти. Капа му симнувам и покрај се што пишуваше за него по каталонските и светските весници.
--- надополнето: 26 април 2012 во 23:30 ---
Фаааккк, сега спомнаа на Ал Џазира Спорт дека утре на прес конференција Пеп јавно ќе го обелодени неговото заминување. :(
Незнам колку е 100% точно али мислам дека имаат доста блиски извори.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom