Фабијански: скоро и да немаше работа и еднствена замерка за голот ми е што сепак можеби можеше подобро да изреагира. Знам дека е тешко тоа за бранење али не требаше да падни на коленици само да крене раце, али сепак добро и смирено реагираше на некои не толку опасни акции.
Џуру: Мислам дека ова му беше меч во кариерата до сега. Дрогба само јадеше клоци од него и не можеше ништо да направи. Дефинитивно мислам дека Џуру и Кошиелни се подобар тандем, подобро му лежи на Џуру десната страна некако, за разлика од левата кога игра покрај скилачи.
Кошиелни: солиден меч со еден мал кикс во 80мин но сепак не толку опасна. Имаше неколку добри клизачи, а и неколку добри пасови.
Клиши: Еднаш стварно ме изнервира кога му ја остави топката на Калу нешто слично како со Нани, само среќа што Калу е дупка па ништо не направи. Инаку за другото изигра доста борбено и добро.
Сања: стандарден по десната страна, доста солиден без кикс и моментално еден од најстандарните.
Сонг: Sвер, како само ги маваше со клоци на средина и лампард и есиен и малуда.... Плус постигна многу битен гол (и тоа со лева) во многу битно време 44мин. Немаше грешни пасови и не се забораваше напред, после валкот мен оф д меч
.
Вилшир: малото ѕверче од мапет шоу..... Барем другиве да имаа 50% од неговата борбеност непобедливите ќе бидат смешка
. Како само му се пикаше на Дрогба во нозе, овој од што е мал не го го гледаше ќе му се пикнеше во нозе и ќе изнудеше фаул. Баш го приметив дрогба како се изнервира поради тоа. Плус еден од креаторите за голот на Сонг. Со сонг добар тандем се.
Цеск: Не е во неговата форма но вчера беше одличен, може и подобро али се осети доста неговата постабилна игра. Посебно ме израдува кога изгуби два три пати топка на средина се врати назад и ја поправи грешката (нешто што го нема кај аршавин).
Насри: просечен меч за него. Криво ми е што невлезе шутот од место кога топката одеше во гол но Чех ја одбрани. И што не ја спука таа шансата кога сакаше да го лобува чех. Добра замисла сепак не му успеа.
РвП: Му требаат уште 3-4 натпревари но сепак дефинитивно играта е побрза со него. Учествуваше и во вториот гол за асс на волкот иако малку среќно.
Волкот: најверојатно мен оф д меч според поголемиот дел. Само ќе дадам мала критика на неговото водење на топка (кое се учи), а едно браво за финиширањето. Доста прецизни голови дава со добо пласирање. Го има она клиничкиот финиш
.
За резервите: Шамак одлична замена, криеше топка градеше и се гледаше дека му беше потребен одмор, Росицки просечно, а Дијаби..... Што да кажам дечкото е многу добар фудбалер но некако како да има некој проблем во главата и на момент ќе му се деси чкрап и ќе направи еден потег повеќе. Штета што не ја реализира шансата....
Се на се одлича партија од нашите само нека не сеопуштаат затоа што сега ќе видиме колку ментално сме пораснале. Сега со Виган победа моралот ќе отиде на високо ниво.
Со Виган очекувам старт на Аршавин и Шамак, па можеби и Дијаби.
http://www.arsenal.com/news/news-archive/free-video-arsenal-s-goals-of-the-year
Еве нешто за мало опуштање и уживање.