Не е редок случај кога коментаторите немаат многу познавања за тимовите кои го играат натпреварот и кога се немаат претходно доволно подговтвено, па го пополнуваат времето со шали и маалски муабети. Еве пример за коментарот вчера со чорапите, не е проблем што знаат дека фудбалерите прават дупки на чорапите отпозади за подобра циркулација, ама е непрофесионално и тешко за слушање кога двајцата си се прашуваат меѓусебе, велат дека не знаат и едниов му вели на другиот отворен сум да научам. Добро е да си природен, но да се задржи сепак некое ниво на професионалност. Всушност не им замерувам, очајна е ситуацијата со коментатори во државата (како и со се друго), сигурно немаат млади нови кадри, едни исти луѓе коментираат скок со стап, фудбал, ракомет, одбојка, не може да очекуваш некој да е експерт во се, да се корегирам, не може да очекуваш ни човек да има базични познавања во се, па затоа и вака импровизираат.