Многу е очигледно, имаш играчи кои гризат на терен, работници, отвараат простор, пуно трчаат/бркаат покриваат голем дел од теренот, даваат опции плус на нивните соиграчи, го прават тимот подобар, и имаш играчи со огромно куроболие за се, не се отвараат, не трчат, не бркаат по терен, комуникација нула и ја прават целата екипа многу послаба, нервира кога се трудиш а другиот лабави, не е ова индивидуален спорт, треба тим и хемија, тоа кај нас го нема кога играат некои играчи, се виде тоа и денеска.
Само не ми е јасно, која е поентата на одредени играчи да го прават тоа со намера, ајде да е само Артета во пршање би разбрал, поделена е соблекувалната на оние што се со новиот менаџер и оние што се со Озил и станатите, па го бушаат Артета, но истите тие го правеа тоа и претходно со другите менаџери..
Во клубот нешто очигледно се дешава позади затворени врати, не може да донесеш играч како Пепе, не за таа сума, и никој да не одговара, тоа е криминал невиден, па да не можеш да продадеш играч, трупаш нови на исти позиции, изоставуваш играчи од тимот со смешни изговори итн.
Нешто тука не е во ред, ваљда некогаш ќе разбереме што е.