Не ме накурчи што примивме гол, ама Лаказет кога утна 1 на 1 со Менди многу се изнервирав, има он добар шут на подалечниот горен агол со внатрешна, има и со Ливерпул убаво голче така дадено, ама нема мозок да размисли малку дека Менди само тоа покри. Мораше да се даде тоа, цела вечност ја имаше да размисли и да се намести, сами беа.
Иначе враќањето на Мартинели од повреда може да ни биде највреден трансфер сезонава, буквално сите беа подобри,неверојатно каква аура шири играчов со желбата да гине на терен, Сака и Тирни што и обично се динамични, сега ко на стероиди беа. Исто некако многу подобро играме без Вилиан. Многу менува кога може да си опасен од двете страни, со него знаеш дека од една страна фикс ништо не се случува, се што ќе фати се е неуспешно. Џака за сите пофалби, Елнени прво полувреме беше малку несигурен, второ подобро.