Фан Клуб: Арсенал

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
7.861
Поени од реакции
11.760
Абе си стои тоа дека Артета имаше катастрофални грешки, дали сам поради инает и некоја потреба да докаже нешто, или му биле наметнати тие одлуки од луѓе над него, а он слепо ги слуша (повеќе ми делува ова второто). Се ова што наброја држи вода + упорно играње на Вилиан. Ама ти упорно не фокусираш на една страна од приказната, ако тимот бил добар и играл добар фудбал лани, зошто тогаш беа лани 8мо место на табела, зошто ЛШ имаме заборавено како изгледа. Или тимот не бил никогаш добар и сме се ваделе на индивидуални квалитети што јас мислам дека е случај, или секогаш тренерот бил лош, а тука и ти а и речиси сите најголем дел од времето до почеток на сезонава имавте пофални зборови за Артета. Така да пак се враќаме на исто. Рака на срце, ефектот е ист дали сме 8мо место или 15то, мизерно е и едното и другото.
Никој не вика дека единствениот и само единствениот проблем е Артета. Еве други 2 проблеми и ја ги иам кажано у постов, Џака и немање креативец зошто Озил е заминат у вечните ловишта. Ама се на се коа ќе земеш, да кажеш дека тоа 8мо место лани било фатаморгана оти сме имале среќа и не дошле до израз лошите играчи и дека затоа сме сеа 15ти е нереално, башка и зошто тимот од лани до сеа е дополнително зајакнат со Габриел и со Парти. Добро сеа ако го слушаме Артета, зајакнат ни е и со Елнени и со Вилијан...

Со овој тим сега што го имаме треба easy да бидеме најмалце во горна половина на табела. Еве кои се тие поквалитетни играчи во Астон Вила, Барнли, Њукасл, Лидс итн од играчите во Арсенал ?

И никој не збори дека лани или некоја претходна година тимот ни бил тип топ за борба за титула, многу далеку од тоа. Пак ќе кажам, не е спорно дека Арсенал стана дно од клуб од многу одамна, уште дур беше Венгер, ама тоа никако не може да оправда зошто сме 15ти сеа, без абер дека нешто може да се промени на подобро.
Па оти тренерот ни е многу ''докажан'' ова му е прво работно искуство така? ? ?
Кој не го пријави Озил во тимот сметајќи дека имал многу поспремни играчи што може да одговорат на неговата задача на теренот?
Кој го испушти Мики кој е моментално еден од подобрите плеј играчи во Европа - зборам (статистички) голови и асистенции независно што е во Италијанската лига, на сметка да се покрие платата на Вилиан ? ? ? Каде е Вилиан 12 утакмици ? ? ?
Друго еве ова со Озил нека му е наредено од бордот така да изјаве, не знаеме точно како е работата, зошто не успеа да потпише ниту еден 10ка играч, оти очигледно ни како обични фанови тоа можеме да го забележиме дека ни фале таков играч а он ако не можел тоа на тренинг да го увиде тогаш стварно не е до него. :tapp:
Да Емери ги ''имаше'', Фабрегас, Насри, Росицки, Казорла, Вилшер, единствено можам да му замерам што го пушти Рамзи на фри.
Прегледај го приврзокот 278047
И ти си ја претерал :pos:
Од сите играчи што сме ги продале, за Мики ми е најмалце битно. Човекот ништо не напраи у Арсенал, ама баш ништо :D
 
Член од
16 јули 2013
Мислења
3.523
Поени од реакции
3.569
Pak uporno se forsira Arteta,site se soglasuvame deka covekot potfrli.
Imame ekipa za povisoko mesto na tabelata,ama eve ekipi sto gi spomnuvate kako Aston Villa,Soton,Lids.
Individualno mozebi imame podobri igraci,ama lugje ovie igraci na ovie ekipi na teren grizat,srceto i dusata ja ostavaat na teren ne 90 minuti 180 ako treba.
A zaprasajte se kako se ponasaat nasite,kurobolie i dzogiranje,edino decava trcaat nesto drugive statisti.Kako da dosle na termin da izigraat kolku da odrzat zdravje i posle utakmica na po edno pivce.
Problemot ne e nitu kaj Arteta,a nitu pa za ponasanjevo na igracive samite oni.
Igracite sigurno bi imale motiv dokolku klubot se rakovodi pozitivno,bez gluposti od uprava.
Znaci sekoj problem si ima pricina zasto postoi.
Jas garantiram deka i nasive igraci da otidat vo nekoj klub pravilno rakovoden i menadziran ke grizat na teren i toa sto ne se dovolno kvalitetni ke go nadopolnat so pot i trud kako igracite na pomalive ekipi sto gi spomnuvate.
 
Член од
29 септември 2020
Мислења
23
Поени од реакции
33
Лисјен Фавр и Томас Тухел се слободни. Мислење за замена за еден од нив?
 
Член од
16 јули 2013
Мислења
3.523
Поени од реакции
3.569
Тухел од Дортмунд одма би го земал,ама овој Тухел од ПСЖ некако како да ми се изгуби со ѕвездиве и не знаеше веќе каква тактика да тера.
Онаа 4-2-3-1 од Дортмунд во 2015/16,ако ме држи сеќавање дури беше и прв по креирани шанси во Бундеслига и пред Баерн.
Дефанзивно не беше нешто ептен добар али мислам дека своето си го направи во нападот.
Би го земал Тухел,но пак ќе видите дека нема да имаме некои wow резултати.....
 
Член од
6 мај 2008
Мислења
1.638
Поени од реакции
387
ПСЖ има ѕвезди само во нападот, средината и одбраната му се просечни.
 
Член од
28 ноември 2009
Мислења
4.451
Поени од реакции
6.051
A zosto mislis deka kje go menuvaat Arteta. Edu mu dade celosna podrska na Arteta, i sega kje go podrzi vo ovoj preoden rok.
Иста песна за поддршка врвеше за Емери, сценариото Артета сам си го испиша, прашање на време кога ќе му врачат отказ.
Еду е никој и ништо во Арсенал, најверојатно иднината во клубот му е врзана со тренерот, ќе си ја заштити инвестицијата Кронки, сигурно нема да дозволи бизнисот да му изгуби пари со потенцијално испаѓање.

Сакам докажан спортски директор, доста беше со експерименти, се надевам за Луис Кампос.

Тухел во ПСЖ имал 75% win record, знак прашалник дали ќе сака да дојде во Арсенал.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.367
Поени од реакции
5.997
Управата мора да го искористи моментот. Дури и 5-0 да победи Артета против Челзи, нека го избркаат уште наредниот ден. Имаш слободен тренер на располагање во рангот на Клоп (со многу слична позадина).

Sent from my JSN-L21 using Tapatalk
 
Член од
24 декември 2020
Мислења
486
Поени од реакции
704
Ја мислу дек играчи намерно га минирав. И не верују дек Артета ќе добие отказ у скоро време.
 
Член од
28 ноември 2009
Мислења
4.451
Поени од реакции
6.051
@Igorcemk да каже збор два за Тухел во Дортмунд, знам Обамејанг ги кинеше мрежите под негово водство, само под Артета се мачи сиротиот :coffee:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom