Bojan Van Buuren
Колектор
- Член од
- 11 април 2008
- Мислења
- 8.394
- Поени од реакции
- 12.058
Никој не вика дека единствениот и само единствениот проблем е Артета. Еве други 2 проблеми и ја ги иам кажано у постов, Џака и немање креативец зошто Озил е заминат у вечните ловишта. Ама се на се коа ќе земеш, да кажеш дека тоа 8мо место лани било фатаморгана оти сме имале среќа и не дошле до израз лошите играчи и дека затоа сме сеа 15ти е нереално, башка и зошто тимот од лани до сеа е дополнително зајакнат со Габриел и со Парти. Добро сеа ако го слушаме Артета, зајакнат ни е и со Елнени и со Вилијан...Абе си стои тоа дека Артета имаше катастрофални грешки, дали сам поради инает и некоја потреба да докаже нешто, или му биле наметнати тие одлуки од луѓе над него, а он слепо ги слуша (повеќе ми делува ова второто). Се ова што наброја држи вода + упорно играње на Вилиан. Ама ти упорно не фокусираш на една страна од приказната, ако тимот бил добар и играл добар фудбал лани, зошто тогаш беа лани 8мо место на табела, зошто ЛШ имаме заборавено како изгледа. Или тимот не бил никогаш добар и сме се ваделе на индивидуални квалитети што јас мислам дека е случај, или секогаш тренерот бил лош, а тука и ти а и речиси сите најголем дел од времето до почеток на сезонава имавте пофални зборови за Артета. Така да пак се враќаме на исто. Рака на срце, ефектот е ист дали сме 8мо место или 15то, мизерно е и едното и другото.
Со овој тим сега што го имаме треба easy да бидеме најмалце во горна половина на табела. Еве кои се тие поквалитетни играчи во Астон Вила, Барнли, Њукасл, Лидс итн од играчите во Арсенал ?
И никој не збори дека лани или некоја претходна година тимот ни бил тип топ за борба за титула, многу далеку од тоа. Пак ќе кажам, не е спорно дека Арсенал стана дно од клуб од многу одамна, уште дур беше Венгер, ама тоа никако не може да оправда зошто сме 15ти сеа, без абер дека нешто може да се промени на подобро.
И ти си ја претералПа оти тренерот ни е многу ''докажан'' ова му е прво работно искуство така? ? ?
Кој не го пријави Озил во тимот сметајќи дека имал многу поспремни играчи што може да одговорат на неговата задача на теренот?
Кој го испушти Мики кој е моментално еден од подобрите плеј играчи во Европа - зборам (статистички) голови и асистенции независно што е во Италијанската лига, на сметка да се покрие платата на Вилиан ? ? ? Каде е Вилиан 12 утакмици ? ? ?
Друго еве ова со Озил нека му е наредено од бордот така да изјаве, не знаеме точно како е работата, зошто не успеа да потпише ниту еден 10ка играч, оти очигледно ни како обични фанови тоа можеме да го забележиме дека ни фале таков играч а он ако не можел тоа на тренинг да го увиде тогаш стварно не е до него.
Да Емери ги ''имаше'', Фабрегас, Насри, Росицки, Казорла, Вилшер, единствено можам да му замерам што го пушти Рамзи на фри.
Прегледај го приврзокот 278047
Од сите играчи што сме ги продале, за Мики ми е најмалце битно. Човекот ништо не напраи у Арсенал, ама баш ништо