Не сакам да испадне после војна сите генерали, бидејќи и мене ме боли исто ко и вас, ама ова навистина беше предвидливо сценарио. Летоска пред да почне сезоната, кога Обамејанг беше бог и батина и газеше се пред себе, напишав дека веројатно единствен начин да се спаси тимот е да се направи rebuild и да се продадат Лаказет и Обамејанг, тогаш 100% сите ми се нафрливте, некој за двајцата, некој само за Обамејанг, ама немав истомисленик. А знам дека да вратите филмот ќе ви текне дека играта била далеку од врвно ниво и дека сме се ваделе на индивидуални квалитети, само не сте сакале да претпоставите дека е можно сценарио да пресушат квалитетите и ни било убаво да настојуваме да се потпираме на индивидуални квалитети, не прифаќајки дека играта е лоша, беше и тогаш, уште полоша е и сега нормално. И јас ќе квичев и ќе ми беше криво да, ама тие 2 играчи беа единствени од кои можевме да извадиме пари и нивна продажба ни е појдовна точка за креирање на нешто од старт, може и Ливерпул немаше да освои ЛШ и ПЛ, ако не го продадоа Кутињо на времето и не свртеа нов лист. Сега падната е вредноста и потешко ќе ни биде, ама ако чекаме уште потешко ќе стане, значи баталете кој играч е крив, тренери формации блабла, минорни проблеми се тоа, треба да се сврте нов лист и на него: да не се претплатуваат играчи со енормни плати, да се вложува пак во млади играчи а не 30+ годишни да се заглавуваме со договори и плати, да се продадат играчите кои не кочат да не напредуваме т.е. да се продаде скоро цел тим освен Габриел (се би преболил освен него во случајов, би сакал да се гради тим и одбрана околу него). Најпрво нема да е многу подобро од ова 15то место, ама со тек на време ќе напредуваат играчите, ќе се усогласуваат, а од друга страна растеретен ќе е буџетот и ќе може да се одвојат посериозни пари на некој играч каде што стварно би имале потреба и би имало дупки, а не ко муви без глави прво да купуваме само напаѓачи, па само дефанзивци и под притисок да ни се сите трансфери.
Не чека тежок период уште неколку сезони, што побрзо правиме rebuild и вртиме нов лист, толку побрзо ќе пројде тој период. Не се обидувајте да барате конкретни виновници.