А да не зборувам дека огромен дел од критиките кон Венгер беа глупости, да Венгер направи некои лоши потези, но многу од тоа што се случуваше од 2006 до денес е вина на раководството, бордот, Газидис, Коренке и сплет на несреќни околности, градење стадион во погрешно време, штедење на пари во погрешно време, и наеднаш кога и 20-то пласираниот тим на табелата можеше без проблем да фукне 100 милиони на еден траснфер период, тогаш нашите „огромни“ кеш резерви од 250 милиони веќе делуваа безвредно, се стопи предноста на домаќинското работење и штедење, во модерниот фудбал тоа веќе не значеше ништо.
Кога Арсенал го увиде тоа беше доцна, заостатокот зад конкурентите беше огромен, но пак тука грешката на бордот е што не пресече 2014-2015 да му каже фала Арсен, но во модерниот фудбал мораме да тргнеме во нова фаза и тогаш да го ангажираше Клоп. Да не зборувам дека два трансфер периоди не коштаат до ден денес со последиците кои ги оставија- 2015 кога го земавме само Чех и 100% си изгубивме лигашка титула и 2017 кога 100 милиони се потрошија на Џака, Мустафи и Лукас Перез. Овие грешки во никој случај не може само на Вегер да се препишат, иако сноси и тој вина, но не е единствен фактор кој одлучувал.
Е очигледно Тотенхем, согледувајќи ги нашите грешки, изигра попаменто, нивниот нов стадион нема ни приближно финансиски да ги оптерети како што тоа му се случи на Арсенал.
Така е си со Артета, ако не лаже и стварно го сакал Вилиан, одговорен е за тоа, но и Еду и целото раководство е одговорно како на сред транфер период го менува Раул како мозок на сите нефудбалски операции, како цело лето го бркаат Аурар без план Б а истовремено го замрзнуваат Озил (тие го прават тоа, џабе Артета ги правда и лаже дека се фудбалски причини) а знаат дека во тимот нема ниеден играч кој креаира шанси и прави транзиција одбрана-напад, катастрофалните потези со продавање играчи, да се доведат во ситуација да Сократис веќе отпишан од тимот не успеаа да го договорат никаде. И сега, има одговорност Артета, но севкупно не е само негова вина.
За тактичкиот дел, самата поставеност на играта, секако дека менаџерот и играчите сносат одговорност, јасно ми е дека Артета сака да покаже дека има некаков систем, некаков план, но нешто не штима, и искрено не знам до што е.