Дрвото е труло од коренот и нема конкретно еден проблем, туку се многу проблеми. Артета е крив што игра со дефанзивен пристап и што не ротира играчи, пример кога гледа дека камења се и Вилиан и Лака и Оба, може да ги седне на клупа и да експериментира со Вилок прв тим, Оба шпиц, нема да замери никој ако изгубиме пробувајќи нешто ново, бидејќи сите сме виделе дека очигледно не функционира оваа тројка што се бутка и покрај лошата форма. Е сега, не е ни Артета крив што играчиве и тие прилики што ги добиваат се понашаат како да играат на теренче во Капиштец и кур ги боли за тоа што ќе направат со нападот. Најблиску до гол ни беше шутот на Холдинг кој е стопер, до толку сме мизерни, играчиве заборавија фудбал да играат, се поретко центаршут се погодува, успешен изведен корнер/прекин ни е квантна физика, контри не постојат, продори дриблинзи ништо како да гледаме сениори против јуниори ко од шала ни ја зимат, шутот неконтролиран секој шут од 5 до 30 метра надвор од рамките на голот. Волку очајни не сме биле, волку мизерни во напад не сме биле, па дури ни во времето на Жиру.