Фан Клуб: Арсенал

Член од
6 мај 2008
Мислења
1.842
Поени од реакции
499
Види ја само табелата. Штета што се вклопуваме со другите. Лестер така си освои титула.

Sent from my JSN-L21 using Tapatalk
Лестер кога освои титула незнам ти дали си гледал фудбал, Лестер буквално газеа се пред себе сите трчеа како да се на тешки дроги.
Кај Арсенал моментално не гледам ништо такво, фудбал без идеа. Тактиката на ''Маестро'' Артета не е да се даде гол, туку да не се приме гол и моментално сите почнаа да му а пробиват таа тактика.
 
Член од
27 октомври 2020
Мислења
81
Поени од реакции
118
Види ја само табелата. Штета што се вклопуваме со другите. Лестер така си освои титула.

Sent from my JSN-L21 using Tapatalk
Мислиш дека може да се освои титула со постигнати 0 до 1 гол секој натпревар? Таа екипа на Лестер за овој Арсенал е Ливерпул со Ван Дајк. Реалноста за Арсенал е некаде 6-7 место.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.171
Поени од реакции
13.443
Дрвото е труло од коренот и нема конкретно еден проблем, туку се многу проблеми. Артета е крив што игра со дефанзивен пристап и што не ротира играчи, пример кога гледа дека камења се и Вилиан и Лака и Оба, може да ги седне на клупа и да експериментира со Вилок прв тим, Оба шпиц, нема да замери никој ако изгубиме пробувајќи нешто ново, бидејќи сите сме виделе дека очигледно не функционира оваа тројка што се бутка и покрај лошата форма. Е сега, не е ни Артета крив што играчиве и тие прилики што ги добиваат се понашаат како да играат на теренче во Капиштец и кур ги боли за тоа што ќе направат со нападот. Најблиску до гол ни беше шутот на Холдинг кој е стопер, до толку сме мизерни, играчиве заборавија фудбал да играат, се поретко центаршут се погодува, успешен изведен корнер/прекин ни е квантна физика, контри не постојат, продори дриблинзи ништо како да гледаме сениори против јуниори ко од шала ни ја зимат, шутот неконтролиран секој шут од 5 до 30 метра надвор од рамките на голот. Волку очајни не сме биле, волку мизерни во напад не сме биле, па дури ни во времето на Жиру.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.062
Поени од реакции
6.722
хахахахахахаха титула и Арсенал у иста реченица не треба да се помисли
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.076
Поени од реакции
7.163
хахахахахахаха титула и Арсенал у иста реченица не треба да се помисли
Ондак не навивај за Арсенал, што да ти кажам. Додека математички си блиско до врвот, зошто да не се надеваш?

Sent from my JSN-L21 using Tapatalk
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.076
Поени од реакции
7.163
Мислиш дека може да се освои титула со постигнати 0 до 1 гол секој натпревар? Таа екипа на Лестер за овој Арсенал е Ливерпул со Ван Дајк. Реалноста за Арсенал е некаде 6-7 место.
Артета два шамара доби на Емирати, што ако е теле ќе продолжи со истиот пристап. Има сега пауза од 14 дена и да смисли нова структура што ќе може да функционира, па да очекуваме повеќе голови.

Sent from my JSN-L21 using Tapatalk
 
Член од
6 мај 2008
Мислења
1.842
Поени од реакции
499
Ондак не навивај за Арсенал, што да ти кажам. Додека математички си блиско до врвот, зошто да не се надеваш?

Sent from my JSN-L21 using Tapatalk
Абе ти фудбал гледаш на ТВ, или математика равенки си решаваш?
 
Член од
28 ноември 2009
Мислења
4.871
Поени од реакции
7.107
'You'll miss me when I'm gone'
Автоматски споено мислење:

 
Последно уредено:

Mad_Coko

blow me!
Член од
21 август 2010
Мислења
7.374
Поени од реакции
12.800
Веќе трета сезона не ми е јасно зошто нафрламе кога немаме ни еден главуч во тим, барем јаки кросеви ниско по земја да упатуваме може ќе налета некој од втор план или противниците ќе си дадат сами гол.

Едноставно е, најскапите играчи во напад не можат да играат заедно, ќе мора да се жртвува некој.
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.858
Поени од реакции
10.230
Кој е овој менталитет бе, Вила мајтап си игра со нас на Емирати, пропалицата Баркли си игра к.рот. На страшен тест е Артета, верував дека ќе го крене клубов, дека има филозофија ама се помалце му верувам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom