Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер го критикуваше начинот на кој Реал го заврши со мечот во Лигата на Шампионите, кога Чаби Алонсо и Серхио Рамос намерно заработија црвени картони по наредба од Жозе Мурињо.
Откако слушна што говори Венгер, португалскиот стратег на клупата на „кралскиот клуб“ Жозе Мурињо збеснал и му порачал да си ја гледа својата работа.
„Тој би требало малку да се позанимава со своите навивачи и да им објасни зошто Арсенал не освои ниту еден пехар веќе пет години, наместо да говори за Реал.“
„И оние теории дека повторно создава генерација млади таленти не проаѓа. Сања, Клиши, Волкот, Фабрегас, Насри, Сонг, Ван Перси и Аршавин не се повеќе деца, туку врвни, искусни играчи.“ - изјави „Специјалниот“.
:pos2: За сите поддржувачи на Мурињо, а нашиов фанклуб ги има еден тон... Еве ја изјавата, што Жозе му ја врати на Арсен :pos2::pos2:
Само не ми е јасно, кај тој го прочитал ова ?! Венгер веќе две години, не изјавува дека тие се деца... Али очигледно, Жозе Мурињо, повеќе сака да зборува, одколку да се докажи во еден клуб, каде би останал доколку клубот има проблеми