Фан Клуб: Арсенал

Член од
30 јули 2008
Мислења
4.314
Поени од реакции
2.841
Значи доколку останат санчез и озил според мене ќе треба освен напаѓач и десен бек, затоа што саглам десен бек ни е само белерин. Неможе на Окс да се потпреш за таа позиција. Одбраната е ОК со Кош Мустафи и за ротација се Пер и Холдинг. Лев бек најверојатно сме го зеле оној како се викаше колашинац од бундес. Средина се надевам според последниве два три месеца дека Џака се адаптираше. Во Санти има уште фудбал така да со Џака и кок за ротација за ДМ и ЦМ сме ок. Ремзи не го спомнувам би сакал да оди но тешко тоа така да и он е во таа опција за ротација. За крила Окс десно и би сакал уште едно крило добро за конкуренција. Најверојатно овој Анри новиов е за тамо но не би се ослонил на него. Волкот не би сакал да остане би сакал да се исчисти и од него. Лево Санчез и Ивоби за ротација плус Велбек може да ротира на таа позиција. За Озил немаме некоја соодветна замена иако и Казорла би можел да игра мада поповлечено многу подобро се покажа. За шпиц би сакал нов со што Жиру е супер за замена и клоцање доколку е потребна таква игра. Велбек како што кажав може да ротира и напред и лево крило.

Сума сумарум според мене приоритено е класа шпиц и добар десен бек. Немора класа доволно е некој за ротација. Иако со останувањето на Венгер голема е шансата да му даде Венгер шанса за оној младичон Најлс.

За чистење ми се Волкот, Ремзи, Дебуши (кој незнам зошто уште седи а ни за младите не го играат, иако мислам дека он неигра не заради квалитетот туку ради некоја преписка).
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Не знaм кoлку е ствaрнo тoчнo,aмa спoред мене дoстa верoјaтнo.


Sent from my LG-H815 using Tapatalk
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.043
Поени од реакции
6.711
96% сум сигурен дека Санчез си оди и ќе ми скрши срцето да му ебам, а за Озил искрено така-така ми е преку кур ми е од неговата неконстатност.
 
C

Castiel

Гостин
Арсен повеќе ви штети него ли што помага. Требаше да се повлече уште пред некоја сезона. Сам треба да е свесен дека не е правиот човек за да ги однесе еден чекор понатаму. Штета.

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.314
Поени од реакции
2.841
Сите знаевме дека ќе продолжи договор само потајно се надевавме дека ќе се случеше некоја промена.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.052
Поени од реакции
7.104
Уште и овој Газидис што го читам, амбиции сме имале за ПЛ. Истиот тој лик пред 4-5 години викаше дека тимот има амбиција да е на ниво на Баерн/Барса. Преку глава ми е од вакви лица. Кога сме кај мизеријата, овде во Македонија барем сменивме нешто, во Лондон никако. Ќе ги слушаме истите работи уште 2 години најмалце.
 
Последно уредено:
T

Todd Solondz

Гостин
Еве го и Венгер со изјава дека ке бара само топ топ куолити играчи.
 
Член од
28 ноември 2009
Мислења
4.861
Поени од реакции
7.088
Лани да го земевме Мбапе па истите коментари ќе ги имаше, детево шо го земавме има 24 гола дадено од позиција на лево крило, што никако не е за потценување, плус за многу поволна цена е земан, 6.8м, не гледам како би изгубиле со оваа инвестиција, ќе има минутажа на местото на Перез којшто ќе бега во Шпанија, ако го биде добро ако не пак добро... Се нешто ви пречи ...
Инаку треба да се донесе јак шпиц играч за прва постава тоа не го спорам
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.537
Поени од реакции
5.768
Детево ќе игра со името на грбот. Во случајов, Henry. Само нема да му ја дадат 14ката. Ја носи некој ?
Заборавив.

Охх. Тео беше, да.
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.537
Поени од реакции
5.768
Комјунити Шилд со Челзи ќе играме ? Опет ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom