- Член од
- 13 август 2009
- Мислења
- 9.544
- Поени од реакции
- 5.772
Ги прочитав мислењата, погоре, на последната страница, и сите ги почитувам, оти сите на некој свој начин си се во право... Гледам ме спомнувате дека никогаш не го криткувам Венгер... Па вака, значи кога клубот има неуспеси тогаш, нормално е дека 50% одпаѓа на менаџерот.. Другите 30% одпаѓаат на лоша атмосфера во тимот... По 10% одпаѓаат на повреди и другите 10% на замор... Да ги земиме, колку за пример процентиве...
Искрено, мислам дека оваа сезона Венгер се префорсира... Кога мислам дека се префорсира, мислам на тоа „одење“ на 4 трофеи... Можеше да се задржиме само на ПЛ и Фа Куп.. Би бил презадоволен со тоа.. Ние, каде во еден момент ни беа повредени скоро сите 11мина од прв тим, атакувавме на „4 трофеи“... Уште кога го пишував блогот, таму крајот на февуари, и кога го видов мечот против Стоук, како снимка, знаев дека не тераме долго... Апсолутно бев сигурен дека ќе ни се повтори сето тоа...
Имаше еден феномен на мечот против Блекбурн... Онаков молк од публиката, јас немам „слушнато“ и „видено“... Наводници, нормално дека молкот ниту се слуша ниту се гледа... Но, почуствував ладна крв во рацете, и си реков, до тука дојде (времето на Венгер)... Но, згрешив...
Не сакам да си замине тој човек, но полека, но сигурно времето му одминува... Моментално не сме ништо поќе од Сити, Тотенхем, Рома, Валенсија, Баер Леверкузен, Олимпик Марсеј, Лацио.... Повеќето од овие обезбедуваат исто така учество во ЛШ, повеќето скоро години наназад се 3ти или 4ти, но тие се задоволни со тоа, дури и презадоволни... Никогаш повеќе ние нема да имаме играч како Виеира, или пак Анри.... Сега, 100% сум сигурен дека Фабрегас ќе си оди...
Единствено, добро во сето ова, што нема да ги сфаќам резултатите толку лично, бидејќи од 15 април до кај 15 мај, сум на апсолвентска екскурзија, и нема да се нервирам за глупостите кои ги прави Арсенал... Секој позитивен „скор“ во тој месец дена, сигурно ќе допри до мене, на некој начин, но веројатно е и извесно дека ќе присуствувам на меч на Барселона, да ја осетам таа атмосфера, која на Емирати е театарска, за жал...
Многу мина ме прашуваат оти не навиваш за Барселона, ако толку се слични мегу себе Арсенал и Барселона ? Јас им викам дека не се слични, не се ниту приближно исти, бидејќи Арсенал е еден и единствен.. И покрај оваа сезона, и покрај тоа ако за 20 години сме во 4 лига, север, јас пак ке сум Ганер... Се задоволуваме со малце, но го немаме ниту тоа... Арсенал е мојот клуб !
--- надополнето ---
Се надевам дека контрадикторните работи ќе ги оставите на страна, читајќи го постов...
Поздрав