Фан Клуб: Арсенал

Статус
Затворена за нови мислења.

stick figure

#MiaSanArsenal
Член од
2 мај 2010
Мислења
4.811
Поени од реакции
3.705
Арсенал поднел жалба за црвениот картон на Кошчиенли.
Утре ќе биде преслушана жалбата од независна регулаторна комисија.
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.314
Поени од реакции
2.840
Комплетиравме екипа и пријавата за турнирот е испратена. Тимот се состои од:

Јас Warmaster
Gunner4ever - голман
Neki_coc
Awake
gooner4life
IgorChete
и zokiarsenal

Значи потребно е 5+1 а ние сме 6+1, таман доколку некој неможе да дојде или пак еден за измена.

Значи пријавата е испратена за турнирот и се надевам дека терминот ќе биде добар за сите за да можеме да изиграме.

Поздрав.

Доколку има уште некој желба се надевам дека ќе може да дојде дека нема да биде проблем од страна на организаторите.
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.535
Поени од реакции
5.767
Ова до Македонец_7
http://www.goal.com/en/news/9/england/2010/11/08/2204019/english-comment-arsene-wenger-appears-to-be-running-out-of-ideas-
Едини крив е Венгер! Нема BACKUP тактика!!!
Колку и да има натписи против него, јас не можам да бидам против него... Едино можам да се сложам за некои факти, кои се наоѓаат во статијата, како на пр. дека не мораше да го стави Ван Перси толку рано во оган, како и тоа, дека Фабрегас мораше да излезе и дека Росицки требаше да биде ин....

Исто се сложувам, или пак, почнувам да се сложувам, дека како човечко битие е склоно на грешки... Па така и овој пат.. Се убив од читање статии после тој пораз во сличен контекст, како на пример со наслови од типот на „ Дали Арсен Венгер нема повеќе идеи за врвен тим како Арсенал ? “ или пак „Дали Арсен знае како да освојува трофеи ? “ или мојот омилен „ Дали Венгер заборави дека тој воведе високи стандарди на работа, кој понатаму не знае да ги продолжи ?“

Нормално е дека после секој неуспех е дека највиновен за тоа е самиот менаџер... Ниту пак Венгер тоа некогаш не го скрил или пак заминал и се предал.... Нема да биде и сега така... Убеден сум дека и сега после овие тешки моменти, мислам дека се најтешки во последните 2-3 години, нема да не остави на цедило... Венгер за прв пат, после 26 години тренерска работа се наоѓа во еден скандал, кој е речиси тренд во Англија... Тој, бил „фатен“ со 22 години помлада пејечка/раперка, како се држат за рака на еден од аеродромите во Франција, а кога бил здогледен од навивачите тој го покрил лицето... Чинам некој имаше постирано линк, но тој линк беше експресно отстранет благодарение на големото реноме кое Арсен Венгер го стекнал во Англија и светот... Но, сите тие фотки, информации полека излегуваат на виделина, и чинам дека прочитав изјава од претседателството на клубот која гласи, цитирам: „Фудбалскиот клуб Арсенал мисли дека написите во весниците кои се однесуваат на нашиот тренер се негова лична работа, и сакаме да с епочитува приватноста на Арсен и неговата фамилија“, порачуваат од Арсенал...

Официјалното соопштение од Венгер е, цитирам: „Ова е сериозна работа. Немам намера да давам било какви коментари и сакам тоа да го решам далеку од очите на јавноста“, стои во соопштението на Венгер.

Можеби, велам можеби една од причините за тој пораз е ова, како и за оној во Донеск... Прв пат јас читам Венгер да направил вакво нешто, но и не сум пак толку убеден, ниту пак верувам во тоа... Но, сите тие шпекулации, полека но сигурно, допираат и до нас, но сигурно и до самите играчи, па и тие сигурно не веруваат, но постои сомнеж и веројатно прашања на самите себеси : „ Дали е можно, „шефот“ да ја изневери својата сопруга ?“ или пак „ Дали „шефот“ е во состојба да го направи тоа ?“ или пак „ Што ќе се случи со мене/нас ако тој добие отказ?“....

Сигурно сите овие работи делуваат и им поминуваат низ главата на нашите фудбалери... Сите пишувани медиуми, напишаа за Венгер, но никаде нема негирање од страна на Венгер... Едино, сум убеден, дека ако го победима наредниот меч, ќе биде добро.... Но, не сакам да бидам песимист, но ако го изгубиме мечот во Вулвси, сигурно дека е можно и Пет Рајс на некое време да го води тимот, додека Арсен се среди, пред се, на, фамилијарен начин...

Убеден сум, дека Венгер и покрај се, ќе остане во тимот и дека покрај се, ќе биде победник, онаков каков што секогаш бил...

In Arsene We Trust
 
Член од
6 мај 2008
Мислења
1.829
Поени од реакции
487
Se slozuvam so Makedonec_7 Venger mora da ostane vo timot a i sigurno e deka ce se vrati na vistinskite pateki, t.s na pobednickite :) I Arsene Wenger I Trust ! :salut:
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.187
Поени од реакции
14.460
Комплетиравме екипа и пријавата за турнирот е испратена. Тимот се состои од:

Јас Warmaster
Gunner4ever - голман
Neki_coc
Awake
gooner4life
IgorChete
и zokiarsenal

Значи потребно е 5+1 а ние сме 6+1, таман доколку некој неможе да дојде или пак еден за измена.

Значи пријавата е испратена за турнирот и се надевам дека терминот ќе биде добар за сите за да можеме да изиграме.

Поздрав.

Доколку има уште некој желба се надевам дека ќе може да дојде дека нема да биде проблем од страна на организаторите.
Еххх јас бев за, исто пишав на блогот ама сте комплетирале веќе...
ок нема везе ако ви притребам кажете па ќе дојдам
 

АнГеЛ

I will change the world
Член од
2 август 2006
Мислења
381
Поени од реакции
2
Комплетиравме екипа и пријавата за турнирот е испратена. Тимот се состои од:

Јас Warmaster
Gunner4ever - голман
Neki_coc
Awake
gooner4life
IgorChete
и zokiarsenal

Значи потребно е 5+1 а ние сме 6+1, таман доколку некој неможе да дојде или пак еден за измена.

Значи пријавата е испратена за турнирот и се надевам дека терминот ќе биде добар за сите за да можеме да изиграме.

Поздрав.

Доколку има уште некој желба се надевам дека ќе може да дојде дека нема да биде проблем од страна на организаторите.
Исто и јас би играл на такво нешто, било која позиција, само пишете ако фали човек
 

Логикс

Gooner
Член од
17 септември 2007
Мислења
7.358
Поени од реакции
2.290
Пораз,повторно.
Почнува повеќе страв да ме фаќа кога играме дома,него ли на гости.Со екипи како ВБА,Вест Хем,Бирмингем и Њукасл да се мачиш да победиш,а на две од нив да бидеш поразен,на домашен терен.
ВБА,ни требаа цели 80 минути да се разбудиме и да играме.
Вест Хем,играа,ама реализација нула,па во 90 минута да се постигнува гол.
Бирмингем-пак тешка победа,моравме од негатива да се враќаме.
Њукасл- реализација катастрофа,а после 65 минута и оранизација никаква.до месецов да не е ? Ноември ко ноември...
Фабрегас играше лошо,оддамна го немам видено во тоа издание,дали повредата беше причината,ама мањебитно,требаше да седне на клупа и шанса да му се даде на Росицки.Грешка на Венгер.
Фабиански кога тогаш,знаевме сите дека ќе киксира,значи малце се двоумеше,позастана и ја заеба работата.Ај,шо ја заеба,ја заеба,ама дрвата у напад не постигнаа гол,најмалце 3 треба да јадат Њукасл....
Одбраната,добра,ама дефанизвно беа ориентирани Њукасл,но сепак Керол доста проблеми правеше,црвениот картон на Лорен се должи на неискуството....ама ептен ни недостига Вермален,ем знае да ги размрда играчите,ем да постигне гол,едноставно да ја забрзи играта.Фалат голови од прекини,лани ги имаше доста....
Венгер направи лоши потези,со внесувањето на Аршавин,Бентнер и недоволно спремниот РвП,ја уништи целата концепција на играта,и сите беа ко муви без глави,никој не си ја знаеше позицијата,па затоа и посериозно не се заканивме.Требаше да направи измена Бентнер место Цеск,Аршавин место Насри си беше на место,иако Насри беше еден од подобрите,ама се повреди,малер.Играме со нафрлувања и чекаме од Сања и Клиши солиден центаршут,еднаш во сезоната можда и ќе погодат,инаку тешко,Росицки е човекот кој најдобро центрира од сите играчи што ги имаме,едноставно мораше да игра,иако имаше лош натпревар во ЛШ...
Шамак мора да биде подиректен,добро ја држи топката,прави добри пасови,но завршницата му ептен слаба(освен со глава офк),мора да се подобри во тој сегмент,иако досега беше доста успешен во изнудувања на пенали и црвени,но неможе на тоа да се засновува неговата игра...
Аршавин добро му дојде паузата од еден натпревар и што седна на клупа,по влегувањето беше најактивен,само да продолжи така де,да не го фати мрзата пак.:))
За Сонг збор два.После катастрофалните 5-6 почетни натпревари,почнува Сонг да личи на играч.Пасот му е ептен подобрен,особено во последната третина,прави супер пасови,со што ја разбива одбраната,не се исфрлува толку напред повеќе,најверојатно Венгер зборувал со него.Во одбрана како и лани,црвст,разбиваше акции,нека продолжи и тој во ист ритам :))
Се надевам дека Шчежни наскоро ќе добие шанса,ако не барем во карлинг куп,неколку натпревари,исто очекувам и ЏЕТ да добие повеќе од 10 минути,човекот сам ги држи резервниот тим,има повеќе голови отколку настапи.:))
Следна против Волвс нагости.
Од тоа што гледав против Јунајтед,играа добар фудбал,пресинг цели 90 минути.Ако не се сите на потребното ниво,ќе биде тешко да се стигне до победа,ќе се измачиме,башка играт на домашен терен....
Тоето.

 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.314
Поени од реакции
2.840
Еххх јас бев за, исто пишав на блогот ама сте комплетирале веќе...
ок нема везе ако ви притребам кажете па ќе дојдам
На блогот организацијата е друга екипа ова е од форумов од кајгана. Во блогот на АМСК видов дека тамо си се пријавил па затоа и не ти пишав, иако имав пишано за сите кои сакаат да дојдат (најверојатно не сте виделе). Како и да е ако е до мене нема проблем да дојдеш да играш за нас доколку дозволат организаторите да приклучиме уште некој (не би требало да има проблем), А и Зоки гледам можно е да игра за АМСК и незнам дали ќе е можно ист играч да игра за два различни тима, а ако не сте се организирале од АМСК тогаш ќе те пишеме тука од кајгана

Исто и јас би играл на такво нешто, било која позиција, само пишете ако фали човек
Ангел а и Томислав пратете ми по ПП име презиме и дата на раѓање и ќе пробам да ве уфрлам, бидејќи сигурно некој нема да може да дојде поради Х причини, така да не е лошо да има некој плус а и ќе е добро за измена да се има.

Значи место треба да има се зависи од организаторите доколку не е проблем да ве допишеме, мислам дека нема да е проблем бидејќи колку повеќе учесници поголеми се шансите да се оствари турнирот.

П.С. под секоја позиција значи и голман? Ако можеш да играш и таа позиција ќе имаме и еден голман резерва во случај Gunner4ever да неможе да дојде, а доколку дојде ќе најдиме место без гајле.
 

gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
http://www.arsenal.com/news/news-archive/-a-great-team-does-not-lose-three-in-a-row-

Нажалост , има право човекот!
Ајде да видиме што ни следи од репертоарот на Венгер и единаесетмината избраници !
За турнирот... кажете само дали ќе не примат , и што како... се надевам на една добра екипа солидна да собереме :)
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.314
Поени од реакции
2.840
http://www.arsenal.com/news/news-archive/-a-great-team-does-not-lose-three-in-a-row-

Нажалост , има право човекот!
Ајде да видиме што ни следи од репертоарот на Венгер и единаесетмината избраници !
За турнирот... кажете само дали ќе не примат , и што како... се надевам на една добра екипа солидна да собереме :)
Утрово добив меил дека сме втор тим кој уредно пријавен. Екипата е иста со плус Томислав и Ангел од кого чекам податоци за да ги испратам и нивните податоци.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
496
Поени од реакции
27
Брат да не сме многу некако, ако се пријават уште двајца/тројца би можеле да направиме уште една екипа (ако е дозволено тоа), аршесавин се пријави од поодамна али да не се мешам сеа јас во составувањето на екипата ,gooner4life не се секирај екипата ќе биде топ биди сигурен во тоа :)))
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
496
Поени од реакции
27
Тебе никој не те сака. :(
Еј немој сеа ти така да му кажуваш у фаца брат , никој не го сака , заврти малку од страна , абе нема место , мн играчи ова она ,ти одма сеа у фаца му плесна на човекот никој не го сакал :P . хахахаха (се зезам малку)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom