Колку и да има натписи против него, јас не можам да бидам против него... Едино можам да се сложам за некои факти, кои се наоѓаат во статијата, како на пр. дека не мораше да го стави Ван Перси толку рано во оган, како и тоа, дека Фабрегас мораше да излезе и дека Росицки требаше да биде ин....
Исто се сложувам, или пак, почнувам да се сложувам, дека како човечко битие е склоно на грешки... Па така и овој пат.. Се убив од читање статии после тој пораз во сличен контекст, како на пример со наслови од типот на „ Дали Арсен Венгер нема повеќе идеи за врвен тим како Арсенал ? “ или пак „Дали Арсен знае како да освојува трофеи ? “ или мојот омилен „ Дали Венгер заборави дека тој воведе високи стандарди на работа, кој понатаму не знае да ги продолжи ?“
Нормално е дека после секој неуспех е дека највиновен за тоа е самиот менаџер... Ниту пак Венгер тоа некогаш не го скрил или пак заминал и се предал.... Нема да биде и сега така... Убеден сум дека и сега после овие тешки моменти, мислам дека се најтешки во последните 2-3 години, нема да не остави на цедило... Венгер за прв пат, после 26 години тренерска работа се наоѓа во еден скандал, кој е речиси тренд во Англија... Тој, бил „фатен“ со 22 години помлада пејечка/раперка, како се држат за рака на еден од аеродромите во Франција, а кога бил здогледен од навивачите тој го покрил лицето... Чинам некој имаше постирано линк, но тој линк беше експресно отстранет благодарение на големото реноме кое Арсен Венгер го стекнал во Англија и светот... Но, сите тие фотки, информации полека излегуваат на виделина, и чинам дека прочитав изјава од претседателството на клубот која гласи, цитирам: „Фудбалскиот клуб Арсенал мисли дека написите во весниците кои се однесуваат на нашиот тренер се негова лична работа, и сакаме да с епочитува приватноста на Арсен и неговата фамилија“, порачуваат од Арсенал...
Официјалното соопштение од Венгер е, цитирам: „Ова е сериозна работа. Немам намера да давам било какви коментари и сакам тоа да го решам далеку од очите на јавноста“, стои во соопштението на Венгер.
Можеби, велам можеби една од причините за тој пораз е ова, како и за оној во Донеск... Прв пат јас читам Венгер да направил вакво нешто, но и не сум пак толку убеден, ниту пак верувам во тоа... Но, сите тие шпекулации, полека но сигурно, допираат и до нас, но сигурно и до самите играчи, па и тие сигурно не веруваат, но постои сомнеж и веројатно прашања на самите себеси : „ Дали е можно, „шефот“ да ја изневери својата сопруга ?“ или пак „ Дали „шефот“ е во состојба да го направи тоа ?“ или пак „ Што ќе се случи со мене/нас ако тој добие отказ?“....
Сигурно сите овие работи делуваат и им поминуваат низ главата на нашите фудбалери... Сите пишувани медиуми, напишаа за Венгер, но никаде нема негирање од страна на Венгер... Едино, сум убеден, дека ако го победима наредниот меч, ќе биде добро.... Но, не сакам да бидам песимист, но ако го изгубиме мечот во Вулвси, сигурно дека е можно и Пет Рајс на некое време да го води тимот, додека Арсен се среди, пред се, на, фамилијарен начин...
Убеден сум, дека Венгер и покрај се, ќе остане во тимот и дека покрај се, ќе биде победник, онаков каков што секогаш бил...
In Arsene We Trust