Пораз,повторно.
Почнува повеќе страв да ме фаќа кога играме дома,него ли на гости.Со екипи како ВБА,Вест Хем,Бирмингем и Њукасл да се мачиш да победиш,а на две од нив да бидеш поразен,на домашен терен.
ВБА,ни требаа цели 80 минути да се разбудиме и да играме.
Вест Хем,играа,ама реализација нула,па во 90 минута да се постигнува гол.
Бирмингем-пак тешка победа,моравме од негатива да се враќаме.
Њукасл- реализација катастрофа,а после 65 минута и оранизација никаква.до месецов да не е ? Ноември ко ноември...
Фабрегас играше лошо,оддамна го немам видено во тоа издание,дали повредата беше причината,ама мањебитно,требаше да седне на клупа и шанса да му се даде на Росицки.Грешка на Венгер.
Фабиански кога тогаш,знаевме сите дека ќе киксира,значи малце се двоумеше,позастана и ја заеба работата.Ај,шо ја заеба,ја заеба,ама дрвата у напад не постигнаа гол,најмалце 3 треба да јадат Њукасл....
Одбраната,добра,ама дефанизвно беа ориентирани Њукасл,но сепак Керол доста проблеми правеше,црвениот картон на Лорен се должи на неискуството....ама ептен ни недостига Вермален,ем знае да ги размрда играчите,ем да постигне гол,едноставно да ја забрзи играта.Фалат голови од прекини,лани ги имаше доста....
Венгер направи лоши потези,со внесувањето на Аршавин,Бентнер и недоволно спремниот РвП,ја уништи целата концепција на играта,и сите беа ко муви без глави,никој не си ја знаеше позицијата,па затоа и посериозно не се заканивме.Требаше да направи измена Бентнер место Цеск,Аршавин место Насри си беше на место,иако Насри беше еден од подобрите,ама се повреди,малер.Играме со нафрлувања и чекаме од Сања и Клиши солиден центаршут,еднаш во сезоната можда и ќе погодат,инаку тешко,Росицки е човекот кој најдобро центрира од сите играчи што ги имаме,едноставно мораше да игра,иако имаше лош натпревар во ЛШ...
Шамак мора да биде подиректен,добро ја држи топката,прави добри пасови,но завршницата му ептен слаба(освен со глава офк),мора да се подобри во тој сегмент,иако досега беше доста успешен во изнудувања на пенали и црвени,но неможе на тоа да се засновува неговата игра...
Аршавин добро му дојде паузата од еден натпревар и што седна на клупа,по влегувањето беше најактивен,само да продолжи така де,да не го фати мрзата пак.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
)
За Сонг збор два.После катастрофалните 5-6 почетни натпревари,почнува Сонг да личи на играч.Пасот му е ептен подобрен,особено во последната третина,прави супер пасови,со што ја разбива одбраната,не се исфрлува толку напред повеќе,најверојатно Венгер зборувал со него.Во одбрана како и лани,црвст,разбиваше акции,нека продолжи и тој во ист ритам
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
)
Се надевам дека Шчежни наскоро ќе добие шанса,ако не барем во карлинг куп,неколку натпревари,исто очекувам и ЏЕТ да добие повеќе од 10 минути,човекот сам ги држи резервниот тим,има повеќе голови отколку настапи.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
)
Следна против Волвс нагости.
Од тоа што гледав против Јунајтед,играа добар фудбал,пресинг цели 90 минути.Ако не се сите на потребното ниво,ќе биде тешко да се стигне до победа,ќе се измачиме,башка играт на домашен терен....
Тоето.