Фан Клуб: Арсенал

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 јули 2008
Мислења
496
Поени од реакции
27
Па јас што ја напишав,ја играме сега,само место Рамзи игра Сонг.:))Сонг има друга улога од лани не е класичен ДМ и има потешкотии во позиционирањето и пронаоѓањето на оваа нова улога.
И не е расправија,дискутираме.:)):smir:
lol значи некако се разбравме али баш на крај после 10 залудни поста, тоа е тоа што сакам да ти го кажам дека и кога рамзи ке се врати и да игра на таа позиција мислам дека би играл многу полошо од сонг незнам зошто али сонг ми е некако фејворит посебно коа влага у дуел можеби поради физичките предиспозиции (тоа е целата фора уствари ) али еве оставам времето да покаже па дај боже кога ке се врати рамзи да го проба венгер па тогаш ке видиме како ке оди играта (и кој греши се разбира :) )
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.773
Ај некој што бил вчера нека каже како било таму, колку да ми е криво :)
Иначе Сонг си е ок, ќе видите со Челзи дека ќе гриза...
Иначе мое мислење е дека Гибс заслужува поголема шанса да му се даде.
За Шчезњи не сум сигурен дали е паметно да игра, и не знам зошто сте до толку сигурни дека типчето
константно добро ќе игра.. од клипчињата од лани делува супер, ама тоа ништо не значи...
башка на таа возраст е ризик ако заебе нешто крупно, да падне ментално и цела кариера да си ја заебе после..
затоа не му се ризикува на Венгер.. ама мислам дека во Карлинг ќе си добие минутажа
НЕЗАБОРАВНО!!!!!!!!!!!!!!!!! Мислам дека само јас и Зоки бевме на трибина со наши навивачи (не Македонци, туку гунери:) и ако имало и некој друг од форумов слободно нека ме поправи) и чувството да навиваш покрај наши без престан и против толкава и таква публика е феноменално..Особено чувството кога нашите играчи дојдоа да се поздрават со аплауз со нас. Чувството кога Насри не поздрави при скандирање на неговото име на полувреме.
И мене ми кажаа дека го дале нашево знаме на кадар што ми е многу мило..Јас мислев поради љубовта на телевизијата кон Партизан нема да го дадат нашето знаме со Арсенал..
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.543
Поени од реакции
5.772
Низ кариерата се докажавте како брилијантен во подобрувањето на индивидуалните способности на фудбалерите. Што точно правите со фудбалеирте? Дали е доволно само да ги ставите на нова позиција?

Јас верувам дека еден фудбалер може да се развие правилно и да го постигне максимумот е само доколку игра на својата вистинска позиција. Затоа, ги анализирам сите фудбалери психолошки и психофизички, ги анализирам сите добри и лоши страни и на крај одлучувам на која позиција би играле најдобро. Им давам шанса на таа позиција и многу често сум во право – фудбалерите се подобруваат. Нема некоја посебна тајна. Верувам дека сум имал голема улога во промената на кариерите на многу фудбалери и горд сум што покрај мене се развиле фудбалери како Турам, Пети, Виеира и Анри. Сепак, најмногу се гордеам со она што го направив со Жорж Веа. Кога Веа дојде од Африка во Монако, сите ми се смееа, мене и на него. Но, неколку години подоцна, тој беше прогласен за најдобар фудбалер на планетава. Тогаш, никој не се смееше. Во оваа работа треба да бидете психолошки зрел, и да почекате некоја година, за да ги берете плодовите.

Еден извадок од едно старо интервју со Венгер.... Можеби, и тоа го сака и со Сонг :)
 

Rikal

Тој е тој: Специјалниот
Член од
18 септември 2010
Мислења
363
Поени од реакции
23
Во оваа работа треба да бидете психолошки зрел, и да почекате некоја година, за да ги берете плодовите.

Еден извадок од едно старо интервју со Венгер.... Можеби, и тоа го сака и со Сонг :)[/QUOTE]

Овие плодови се речиси зрели ама незнам дали се стигнати за берба!!! Кај арсенал годинафва за разлика од лани гледам добар напредок во погледа на смиреноста во кризните моменти од натпреварите како што беше на овој со партизан!!! Во минатата сезона Арсенал откако еднаш ќе испуштеше водство тешко го врајќаше т.е играчите ги фаќаше некоја чудна нервоза во играта, додека на овој дуел се покажа спротивното, играчите останаа смирени и по одредено време ( го оставија противникот да се пече на тивок оган) притиснаа и ја остварија целта иако во финишот се однесуваа прилично лежерно и лесно можеше да се случи Партизан да намали на 2-3!!!
Но во секој случај Арсенал сеуште го чека вистинскиот тест а тој е веќе овој викенд против Челзи, ВИСИТИНСКИ ТЕСТ ЗА ЗРЕЛОСТА НА ОВОЈ ТИМ НА ВЕНГЕР!!!

Поздрав до фановите на Арсенал!!!:salut:
 

GIS

Член од
21 октомври 2007
Мислења
881
Поени од реакции
154
Лудило беше... Моментот кога Венгер згазна на ЈНА и беше 100метри одалечен од мене, момент што треба да го доживее секој Ганер... На трибината каде што беа навивачите на Арсенал, имаше и Македонско знаме, и на него испишано FC Arsenal


 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
3.819
Натпреварот беше одличен. Барем од навивачки аспект, а богами и од ваш аспект со оглед дека победивте. Не знам што сте пишале претходно за да не се повторувам, но многу беше очигледно дека Арсенал е најмалку 1 класа подобар од Партизан. И покрај тоа што фалеа многу фудбалери, Арсенал често се случуваше да не им дозволи на противничките фудбалери да ја земат топката по неколку минути.

Чувството да се гледа ЛШ во живо е не заборавно и неописливо со зборови, а особено кога се работи за својот тим.

Ја имав таа среќа, да бидам сместен во истиот хотел со Арсенал. Неколку минути по моето пристигнување додека ги средував тие формалности на рецепција, дојдоа и фудбалерите (тоа беше во Понеделникот). Поминаа покрај мене, но во хотелот не беше дозволено никакво сликање и целиот беше покриен со обезбедување.
Поминаа покрај мене и до вчера освен на натпрварот не успеав да ги видам уште еднаш:). Ги видов само Венгер и тој црнецот у среден ред што е, со жута коса ко вуна (не знам како се вика), влегуваа во хотелот не зависно од групата си праеа муабет и се кикотеа.

Накај 4-5 часот, надвор стоеше комбенце на кое стоеше табла и пишуваше "Arsenal Team Kit". Тоа беше комбенцето што чекаше да им ја пренесе опремата. Во 6 часот, стоеше автобусот пред хотелот кој ги пренесуваше до стадионот.

Се на се, одличен натпревар за Арсенал. Честитки за победата и се надевам дека ке терате до финале :wink:
 
В

Вори

Гостин
Може некој да ми каже од вас кој све е повреден во Арсенал моментално и кој нема да игра против Челзи во недела?
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.773
Може некој да ми каже од вас кој све е повреден во Арсенал моментално и кој нема да игра против Челзи во недела?

Ван Перси, Волкот, Вермален, Бентнер, Ремзи 100%, Фабрегас 50% али поголеми се шансите да не игра отколку да игра, Алмунија исто.

Кај вас ?
 
В

Вори

Гостин
Босингва,Лампард,Калу и Бенајун.
Извинете ако некого заборавив,ама мислам дека се толку.

Како и да е ни вие ни ние нема да играме со најјаките состави,вие сте особено ослабени.
Имате и проблем на голманската позиција,иако Фабиански бранеше доста солидно против Партизан.

Интересно ќе биде,па нека победи подобриот или можеби посреќниот.
 

gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
Ван Перси, Волкот, Вермален, Бентнер, Ремзи 100%, Фабрегас 50% али поголеми се шансите да не игра отколку да игра, Алмунија исто.

Кај вас ?
Го заборави Фримпонг , а Диаби се врати но не сум сигурен дали ќе игра , и незнам дали ВИлшер ќе е добро по толкуте примени удари против Партизан... едино страв ми е неговото име да не апстинира од првите 16 ... многу добра форма фати :)
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.543
Поени од реакции
5.772
Босингва,Лампард,Калу и Бенајун.
Извинете ако некого заборавив,ама мислам дека се толку.

Како и да е ни вие ни ние нема да играме со најјаките состави,вие сте особено ослабени.
Имате и проблем на голманската позиција,иако Фабиански бранеше доста солидно против Партизан.

Интересно ќе биде,па нека победи подобриот или можеби посреќниот.
Ќе се „извади“ сега со Челзи :)
 

Логикс

Gooner
Член од
17 септември 2007
Мислења
7.358
Поени од реакции
2.290
Ван Перси, Волкот, Вермален, Бентнер, Ремзи 100%, Фабрегас 50% али поголеми се шансите да не игра отколку да игра, Алмунија исто.

Кај вас ?
Цеск и Алмуниа дефинитивно не играат,а и Гибс аут 2-3 недели.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom