И после неколку поминати саати се уште не можам да се смирам по кобната 94:16 минута, незнам дал да плачам или да се смеам како може едно те исто сценаријо да ни се повторува година по година, како само нас (во најголем дел од случаите) ни се случува ова. Одбраната целиот натпревар изигра одлично дури и над моите очекувања со оглед на на тоа што игравме 40 минути без Сонг, и очекував да примиме гол секоја минута, но тоа што најмногу боли, боли, боли е тоа што се случи во последните секунди.
Знаев дека следува ваков натпревар после еуфоријата со Брага но потајно се надевав дека тоа нема да се случи и тотално сум разочаран од средниот ред целиот натпревар не успеа да ја задржи топката во своите нозе па мислам дека на крај и процентот на посед е во корист на домаќинот, а сите знаеме кога Арсенал го нема поседот на топка во своја корист тогаш вакви нешта се дешаваат.
Можеме да го кривиме судијата, но како што реков на овој натпревар потфрли средниот ред.
И на крајот кога ќе се одлучува титулата и кога некој тим ќе ни бега 2-3 бода сите ќе видиме дека токму на вакви мечеви се добива или губи титулата, а за да не се оствари ова сценарио ние мораме да ги победиме конкурентите во дирекните дуели и да земеме највеќе бодови од тие натпревари. Се надевам дека и другите конкуренти се луѓе и ќе изгубат и тие некои неочекувани бодови затоа што вака не иде.
И на крај сите кои ја изгубиле вербата во Арсенал слободни се до крајот на сезоната, јас се уште верувам дека оваа сезона ќе освоиеме некој трофеј, па макар за тој трофеј и како што се вели и крв паднала.
ARSENAL FOREVER