Во екот на тоа дали Фабрегас ке си оди оваа сезона или другата, ке ви презентирам некои изјави на Анри. Цитирам:
19.05.2006(непосредно по продолжувањето на договорот со Арсенал) „Се надевам дека ке останам овде додека можам да трчам. Не можам да ги оставам навивачите, тие ми се како семејство.Срцето ми вели да останам и никогаш нема да заминам во Шпанија. Англија е најдобрата земја за фудбал и тоа е мојот последен збор.“
13.11.2006 - „Останувам во Арсенал до крајот на животот. Никогаш нема да играм за друг англиски клуб, а со целосна почит кон Барселона, мојот одговор е -Не!“
10.03.2006 - „ Со нетрпение ја очекувам наредната сезона со Арсенал.“
10.04.2006 - „Не знам колку пати треба да повторам дека останувам во Арсенал. Можеби треба да шетам во Лондон со маица: „Останувам во Арсенал! ““
21.04.2006 - „Го сакам овој клуб. Среќен сум во Арсенал и немам никаква причина да го напуштам.“
27.04.2006 - „Додека Венгер е овде и јас ке бидам тука. Тоа е многу едноставно да се разбере, нели? “
08.06.2006 - „Во моментов сум фудбалер на Арсенал, но информациите кои доагаат од Милано се многу пријатни.“
12.06.2007 - „Не сум одлучил ништо, ако нешто се случи, тогаш сигурно сите ке дознаат.“
23.06.2007 - „ Во понеделник ке одам на лекарски прегледи во Барселона, а потоа ке потпишам четиригодишен договор.“
Цитати од изјавите на Анри, напишани во магазинот Еспорт, од англискиот Сан....
Е сега, муабетот ми е, никогаш не бидете сигурни...Ако Анри си замина, тогаш Фабрегас кој е нивно дете, сигурно ке си оди...само прашање на време е кога...Сеуште ја нема таја новинарка фама, голема, но сепак ја има...Јас мислам дека оваа сезона ке остане Фабрегас, и дека наредната би заминал да го замени Чави, кој веке навлезе во доцните 30-ти години...Но не би ме чудело и оваа сезона...Ке видиме...
Прочитајте ги изјавите и ке имате колку-толку некаква претстава, од тоа што може да ни се случи...