Фан Клуб: Арсенал

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.772
Ах бре дечко јас незнам зошто не можеш да сватиш дека арсенал не треба да биде тим за правење играчи...Малите клубови треба да ги прават играчите

Да а ти после ќе им дадеш пари колку и да сакаат и ќе си ги купат кога ќе бидат направени.
 
Член од
8 октомври 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
20
Vela, Eduardo, Sanchez Watt, Alex Song, Nicklas Bendtner, Denilson, Robin Van Persie, Theo Walcott, Lukasz Fabianski, Aaron Ramsey и Jack Wilshere имаат потпишано долгорочни договори оваа година.

Сега најважно е да победиме на Енфилд, што ќе биде многу тешко. Таму мислам немаме победено од 2003-та, но победите од 6-3 и 3-1 во куповите се во свежо сеќавање. Бенитез е пред отказ, реално е да очекуваме пеколна атмосфера на тој стадион. Торес ќе биде спремен, но затоа ние овојпат го имаме Вермален кој може да го запре. Исто и Џерард ќе игра, Сонг ќе има тешка задача да го неутрализира.

Кај нас откако РвП се повреди победивме на само 2 натпревари (против Стандард и Стоук) а загубивме на 4 (од Сандерленд, Челски, Шити и Гејлакос) без да постигнеме гол. Значи само 4 гола имаме постигнато на 6 натпревари што е срамота за ваков голем клуб кој има големи амбиции. Едуардо и Вела во самиот шпиц не се снаоѓаат и кога ќе добијат некоја топка ќе упропастат идеална шанса за гол. Од тоа што го видов од Аршавин против Стоук: даде гол, погоди пречка, пеналот беше напревен врз него и за вториот гол успеа некако да го истурка многу поголемиот од него Хут и овој некако да му асистира на Ремзи, сигурно Арша може да се снајде како CF дури и против екипи како Стоук кои негуваат физичка игра. Според мене тој треба да игра како шпиц против Лузерпулот. Се плашам дека немаме други опции, сега кога Венгер кажа дека Бендтнер нема да се врати пред Нова година...

Алмунија

Сања - Галас - Вермален - Траоре

Фабрегас - Сонг - Денилсон

Насри - Аршавин - Едуардо

Мораме да победиме, од овој натпревар многу зависи. Доколку победиме на заостанатата со Болтон ќе бидеме само 5 поени позади Челзи (до тогаш можеби ќе бидеме и 5+ :)).
 
OrrCee

Сто посто проценти :)
Член од
8 јуни 2008
Мислења
1.524
Поени од реакции
23
Да а ти после ќе им дадеш пари колку и да сакаат и ќе си ги купат кога ќе бидат направени.
Е тоа е веќе друга работа брат ми... Парите ке си ги овозможиме кога арсенал ке биде продаден на некој газда...на пример овој креонке уште малку му треба за да може да го откупи целиот клуб
 
zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.403
Поени од реакции
6.024
Недела со 4-5-1 формација (и во случаи во 4-3-3) ќе изигра Венгер(барем според мене) А за составот појма неам пошто секогаш вади некој неочекуван во дерби натпревари
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.772
Е тоа е веќе друга работа брат ми... Парите ке си ги овозможиме кога арсенал ке биде продаден на некој газда...на пример овој креонке уште малку му треба за да може да го откупи целиот клуб
Па да ти кажам право, само Венгер што знае да купи млади и ефтини играчи и нашата историја која исто така беше со Венгер го прават овој тим голем. Иначе за пари, и Тотенхем, Сити и Сандерленд имаат повеќе пари од нас така да тоа е тоа. Да го имавме и ние Абрамович или Абу Даби може ќе се одделувавме од другите како што Интер се одделува во Италија.
 
Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.246
Поени од реакции
8.331

Дај бе обасни ми тие млади играчи се историја? Тие малди играчи те гордеат? Венгер горд е ?
Колку што е Венгер позитивец толку е и негативец за мене! Човекот иде од крајност во крајност од една ептен искусна екипа (Симан Кембел Адамс Лорен Беркамп) и екипа во најдобри години ( Љумберг Анри Виера Вилторд Пирес Еду Кол Кану Силва Туре) која освојува титули во првенството преминува на ептен друга страна носи неискуство во тимот (ова што се случува денес) ....
Стварно незнам што вие мислите ама тоа е голема грешка се откажа од квалитетни играчи за да донесе неискуство... Замислете од каква корист ќе беа Жилберто Силва Анри Виера Пирес Кембел пред две сезони кога се боревте за титула ...
Пред некој ден ве читам нешто ќе извадел најмлад состав во ЛШ ... глупости што ќе смени тоа ќе му четвртина трофеј?
Па згора на се кај ги наоа и тие што ги има се све стаклени:tapp:
 
Член од
5 мај 2008
Мислења
1.357
Поени од реакции
127

Епа сите го немат како вас Абрамович :helou:
 
ZS_

Член од
26 јули 2008
Мислења
5.156
Поени од реакции
211
Дим4е, ти глеј пак да не ви се паднат децата. Да не стане традиција „детската градинка“ да ве тепа. :):)
 
Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.246
Поени од реакции
8.331
Епа сите го немат како вас Абрамович :helou:
Зашто Абрамович?

Иначе нели Арсенал остварува добивка некој им стои на патот да купуваат? Кој клуб има толку пари од небо паднато па да троши? (не го сметај Сити :) )
 
Член од
5 мај 2008
Мислења
1.357
Поени од реакции
127
Зашто Абрамович?

Иначе нели Арсенал остварува добивка некој им стои на патот да купуваат? Кој клуб има толку пари од небо паднато па да троши? (не го сметај Сити :) )
Епа нели треба да платат рати за стадионот кој изнесува САМО 25 милиони ,нели треба плата разни глупости, и на крај за трансфери останува само за еден играч на сезона :)
 
Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.246
Поени од реакции
8.331
Дим4е, ти глеј пак да не ви се паднат децата. Да не стане традиција „детската градинка“ да ве тепа. :):)
Веруј нејќам да ни се паднете добро би било во полуфинале доколку и ние и вие би иделе толку далеку :)
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.314
Поени од реакции
2.840
Зашто Абрамович?

Иначе нели Арсенал остварува добивка некој им стои на патот да купуваат? Кој клуб има толку пари од небо паднато па да троши? (не го сметај Сити :) )
Арсенал кога го изгради стадионот беше во првите три клуба со најголема заработка а сепак беше во минус. Тоа за Анри, Адамс, Бергкамп итн, заминаа во пензија повеќето, а некои и сами сакаа да заминат. Мислиш Венгер сакаше да го пушти Фламини, Хлеб итн. Треба да имаш пари да платиш играчи. Лесно е да го купиш али треба и да го платиш за да остане. Додека се доззволува ова што го прават некои клубови како Реал, Сити, Челзи па и некој слични нема да има рамноправно ривалство. Затоа пропадна Ајакс, затоа секоја година ќе се појават клубови со некој добар играч кој ќе замине за пари и ќе се упропасти, а клубот ќе чека некоја следна шанса.
Еве пример со Џеко волзбрух успе нешто колку толку ќе отиде Џеко, Графите и пак ќе се тамо кај што беа ако не и полошо.
Арсенал сега за сега одлично се држи во тој поглед. Откако заминаа Виера, Анри сите ги отпишаа но сепак сите пак имаат респект и не им е сеедно кога играат против нив.

Уште еден пример што праат клубовите што имаат повеќе пари со Балотели. Анчелоти изјави дека не му треба тој играч. Арсенал пушти гласини за негов договор и Анчелоти одма побарува да о земат, не дека му треба туку за да ја уништи конкуренцијатаво овој случај Арсенал. Е сега ај кажи ми кој ќе има поголема понуда и кој има повеќе пари. И да вреди реално 20м Арсенал и да понуди 25 челзи нормално ќе даде и 50. Мислам јасно е зошто е таква ситуацијата и затоа венгер мора да се мачи со такви анонимни играчи.
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.772
Дај бе обасни ми тие млади играчи се историја? Тие малди играчи те гордеат? Венгер горд е ?
Колку што е Венгер позитивец толку е и негативец за мене! Човекот иде од крајност во крајност од една ептен искусна екипа (Симан Кембел Адамс Лорен Беркамп) и екипа во најдобри години ( Љумберг Анри Виера Вилторд Пирес Еду Кол Кану Силва Туре) која освојува титули во првенството преминува на ептен друга страна носи неискуство во тимот (ова што се случува денес) ....
Стварно незнам што вие мислите ама тоа е голема грешка се откажа од квалитетни играчи за да донесе неискуство... Замислете од каква корист ќе беа Жилберто Силва Анри Виера Пирес Кембел пред две сезони кога се боревте за титула ...
Пред некој ден ве читам нешто ќе извадел најмлад состав во ЛШ ... глупости што ќе смени тоа ќе му четвртина трофеј?
Па згора на се кај ги наоа и тие што ги има се све стаклени:tapp:
Епа тие играчи кои се историја повеќето од нив ги купи Венгер кога може и тогаш немаше пари Арсенал али не беа напумпани цените на играчите како што се сега од страна на Челзи, Сити, Реал, Барса...затоа и Ферги не купи некој скап фудбалер летото.Анри во Арсенал дојде за 10 милиони а во денешно време би вредел 40 сигурно. И истиот тој Фабрегас што ако дојде во Милан ќе го дркате од радост и вие навивачите а и Галиани дојде во Арсенал како младинец. А од тие што ги наброи ај преиспитај се и согледај дека повеќето од нив се пензионирани а останатиот дел не ни играат во своите клубови. А Арсенал нема пари па таа е реалноста сакал некој ја прифатил сакал не. А пувач еден ти ќе кажуваш за Арсенал. Истиот случај е и со Милан. Они џабе земаа 80 милиони за Кака кога ако не ги фрлат исто толку пари нема да освојат ништо дури и во Италијанската лига која е далеку послаба од Англиската.

Зашто Абрамович?

Иначе нели Арсенал остварува добивка некој им стои на патот да купуваат? Кој клуб има толку пари од небо паднато па да троши? (не го сметај Сити :) )
Тие клубови кои ги набија цените волкави. Сигурно Милан цинцарите немаше да ги набијат цените ако не беа Челзи, Сити, Реал, Барса кои освен Барса работат од парите на своите газди, а не од заработката.
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.535
Поени од реакции
5.767
Значи сите очекуваме победа од овој меч, и полека но сигурно сите веке ја впишуваат победата во наша полза ! Мислам дека не е така ! Не смееме да заборавиме на Ливерпул кои има одлични и вонсериски играчи кои токму против нас, можат да проработат и да не бомбардираат ! Ние не сме фаворити, ниту според букмејкерите бидејки двојката за наша победа се качи на 3,45, а единицата за Ливерпул падна и до 2,05 !

Како и да е, сите се надеваме на победа на секој натпревар на кој игра Арсенал, но треба да бидеме и малце претпазливи, и шансите за овој меч се 50-50, како и на секој друг меч !

Така да, во недела после 19 00 часот, ке знаеме каде сме и на што сме !:helou:
 
Не треба да се потценат Ливерпул ни најмалку. Сепак Манчестер загуби од нив иако сите го ставија за фаворит.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom