Фан Клуб: Арсенал

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
13 август 2009
Мислења
9.537
Поени од реакции
5.768
Ова ме потсека на сезоната кога исто така изгубивме 3 по ред, се надевам само на победа против Стоук викендов, ако ништо друго !

Ова ви се вика Out of control ! Немам зборови !
 
G

Gray Foxx

Гостин
Абе Arsheshavin теленце едно. Не е до парите не биди муле. Ти ке бидеш у право коа Марк Хјуз ке освои титула со Шити.
Вината треба да се бара во новава генерација и нормално во Венгер. Колку да ви доловам на што алудирам само споредете ги Лорен со Сања, Ешли со Клиши(иако веруам дека Клиши е далеку подобар, али Кол може да се справи со физички добро градени фудбалери) Кемпбел со Галас(смешно изглеа Галас) Виеира со Сонг, Ван Перси со Бергкамп, Пирес со Росицки, Анри со Ван Перси и се ке ви биде јасно.
Оваа нова генерација што ја гради Венгер е одлично технички поткована, али фалат фудбалери кој знаат да играат груб фудбал и тоа под итно треба да се најдат. Некој кој ке им дае сигурност на офанзивните играчи дека и да згрешат има човек планина во позадина за да поправи грешка. Па да му се сневиди Есиен сам ги носеше на грб Фабрегас, Денилсон и остала багра.
Премиер лигата е лига со физички контакти пред се, не може еден injury prone играч као Ван Перси да биде главниот во тимот. Треба шпиц како Дрогба, Руни, Торес. Средњак како Есиен, Маскерано, Флечер. Кога Венгер ке ги увиди тие грешки Арсенал ке бидат страшни.
Дотогаш ке губат од дегени као Шити.
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.537
Поени од реакции
5.768
Таа генерација на Анри, Пирес, Денис, Љунберг никој не можи да ја замени, никогаш ! Можеби тоа ке биде единственото добро што ке излези од овој период од 2000 па наваму !
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.314
Поени од реакции
2.841

Сосема си во право за тоа дека фалат груби играчи. Секогаш арсенал кога игра со тимови што играат груб фудбал тешко им оди доколку не постигнат одма гол.
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.537
Поени од реакции
5.768
Точно е то ! На овој меч( со Челзи ) немавме сила, скок, ништо !
 
ZS_

Член од
26 јули 2008
Мислења
5.156
Поени од реакции
211
Ја мислам Жињак е најдобро решение за во јануар... мора еден ваков играч, корпулентен, дуел играч, шо може сам да си изгради позиција ...

Минатата година у Франција растури со голови, преку 25 ги имаше... мора еден ваков „дрзок“ да земеме, нешто слично како Руни.

Во јануар мора да се одврзе ќесето макар Венгер измислил триста прикаски ...
 
OrrCee

Сто посто проценти :)
Член од
8 јуни 2008
Мислења
1.524
Поени од реакции
23
Ја мислам Жињак е најдобро решение за во јануар... мора еден ваков играч, корпулентен, дуел играч, шо може сам да си изгради позиција ...

Минатата година у Франција растури со голови, преку 25 ги имаше... мора еден ваков „дрзок“ да земеме, нешто слично како Руни.

Во јануар мора да се одврзе ќесето макар Венгер измислил триста прикаски ...
Се согласувам но мора да земеме и за во средина некој коњ па да видиме тогаш

Абе Arsheshavin теленце едно. Не е до парите не биди муле. Ти ке бидеш у право коа Марк Хјуз ке освои титула со Шити.
Вината треба да се бара во новава генерација и нормално во Венгер. Колку да ви доловам на што алудирам само споредете ги Лорен со Сања, Ешли со Клиши(иако веруам дека Клиши е далеку подобар, али Кол може да се справи со физички добро градени фудбалери) Кемпбел со Галас(смешно изглеа Галас) Виеира со Сонг, Ван Перси со Бергкамп, Пирес со Росицки, Анри со Ван Перси и се ке ви биде јасно.
Оваа нова генерација што ја гради Венгер е одлично технички поткована, али фалат фудбалери кој знаат да играат груб фудбал и тоа под итно треба да се најдат. Некој кој ке им дае сигурност на офанзивните играчи дека и да згрешат има човек планина во позадина за да поправи грешка. Па да му се сневиди Есиен сам ги носеше на грб Фабрегас, Денилсон и остала багра.
Премиер лигата е лига со физички контакти пред се, не може еден injury prone играч као Ван Перси да биде главниот во тимот. Треба шпиц како Дрогба, Руни, Торес. Средњак како Есиен, Маскерано, Флечер. Кога Венгер ке ги увиди тие грешки Арсенал ке бидат страшни.
Дотогаш ке губат од дегени као Шити.
Ауууу како ги погоди секој втор натпревар се повредени, а ван перси се повреди еднаш и одма...а за овој средњаков зборои немам
 
Awake

б.
Член од
30 декември 2007
Мислења
3.198
Поени од реакции
2.628
Не е проблемот Перси или било кој друг играч. Долго време ги следам Арсенал и навивам за нив од се срце од мал, а успехот на Венгер во минатото тотално не заслепи, до едно лудило, во кое за се` можно, играчите ги кривиме.

Кога пред две години, го кривев Венгер, за моменталната ситуација во Арсенал, Јас, за малце што не бев каменуван, кога пред година дена, на овој ист форум, истиот став повторно го прикажав, ништо подобро не поминав. Сега.. сега веќе, бар се осеќа, некоја шуплина во таа емотивна поврзаност од навивачите кон Венгер.. и искрено, мило ми е поради тоа.

Не го газам неговото дело, туку напротив.. тој е еден од ретките тренери, менаџери кој дава секојдневно нова шанса, за младите ширум светот. Дали можеби сте се запрашале, дека, доста е ? Амбиција - Работа - Титула - Пари - Пари - Пари.. вака некако во кратки црти можам да ја опишам суштината и идеата на Венгер во овој период, години.. како да се води Арсенал.

Се што мислам и сакам да кажам е тоа дека едноставно, време е за промени, драстични. Планот пропадна, што понатака ? Нешто, треба да се менува..
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
220
Поени од реакции
9
Реков не пишам на темата виќе, ама коа гледам еден куп идиоти шо играат само Football Manager и мислат дека разбират фудбал ми се лоше ногу. Не ми се веруе само колку сте мизерни. Нема крај на вашата мизериа. Да си одел Венгер? Да дошол Усманов? А бе менаџери, Арсенал постое еден век, ќе постое додека постое светот и ќе освое ногу титули. А виа тренд со скапи трансфери ќе трае до 2012 година, ФИФА го донеси новиот правилник- само толку следите фудбал ве жалам. Венгер е најуспешниот тренер шо го имал Арсенал и ќе остане уште ногу и ќе донесе уште титули. Има едно правило у Англија - титулата не се добива у декември, само може да се изгубе тогаш. Ако Арсенал е блиску после boxing day (се надевам знаите кој период од лигата е тоа) ќе има јака борба после тоа до јуни, затоа шо никој не може да знае како ќе заврше сезоната. И Њукасл имаше 12 бода предност пред Ман Утд па а изгуби титулата.. има време, ќе видиме како ќе биде! И ве молам не реплицирајте со глупи постови, ако имате нешто паметно да кажите ок, ако не никому ништо.. позз:smir:
 
G

Gray Foxx

Гостин
Се согласувам но мора да земеме и за во средина некој коњ па да видиме тогаш

Ауууу како ги погоди секој втор натпревар се повредени, а ван перси се повреди еднаш и одма...а за овој средњаков зборои немам
Ај за Торес сезонава не е нешто посебно(во поглед на повредите), али првата кога дое во Ливерпул дае 25 гола. Повредуење никако. Терминатор.
За Дрогба прочитај уше еднаш каква глупост напиша. Па можам да го кажам и за Флечер истото.
 
zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.408
Поени од реакции
6.028
Реков не пишам на темата виќе, ама коа гледам еден куп идиоти шо играат само Football Manager и мислат дека разбират фудбал ми се лоше ногу. Не ми се веруе само колку сте мизерни. Нема крај на вашата мизериа. Да си одел Венгер? Да дошол Усманов? А бе менаџери, Арсенал постое еден век, ќе постое додека постое светот и ќе освое ногу титули. А виа тренд со скапи трансфери ќе трае до 2012 година, ФИФА го донеси новиот правилник- само толку следите фудбал ве жалам. Венгер е најуспешниот тренер шо го имал Арсенал и ќе остане уште ногу и ќе донесе уште титули. Има едно правило у Англија - титулата не се добива у декември, само може да се изгубе тогаш. Ако Арсенал е блиску после boxing day (се надевам знаите кој период од лигата е тоа) ќе има јака борба после тоа до јуни, затоа шо никој не може да знае како ќе заврше сезоната. И Њукасл имаше 12 бода предност пред Ман Утд па а изгуби титулата.. има време, ќе видиме како ќе биде! И ве молам не реплицирајте со глупи постови, ако имате нешто паметно да кажите ок, ако не никому ништо.. позз:smir:
Брат а ти знаеш дека Арсенал никогаш не освоил титула кога не бил прв на табела на boxing day. И пред 2 години цело време беше прв а на boxing day беше втор со ист број на бодови со ман утд но полоша гол разлика па знаете на крај година како заврши.Ако биде прв на boxing day арсенал сите ве частам по една тулумба :helou::salut:
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.773
Таа генерација на Анри, Пирес, Денис, Љунберг никој не можи да ја замени, никогаш ! Можеби тоа ке биде единственото добро што ке излези од овој период од 2000 па наваму !
А знаеш што е најинтересно...Тоа што Венгер ѓи донесе тие играчи.

Реков не пишам на темата виќе, ама коа гледам еден куп идиоти шо играат само Football Manager и мислат дека разбират фудбал ми се лоше ногу. Не ми се веруе само колку сте мизерни. Нема крај на вашата мизериа. Да си одел Венгер? Да дошол Усманов? А бе менаџери, Арсенал постое еден век, ќе постое додека постое светот и ќе освое ногу титули. А виа тренд со скапи трансфери ќе трае до 2012 година, ФИФА го донеси новиот правилник- само толку следите фудбал ве жалам. Венгер е најуспешниот тренер шо го имал Арсенал и ќе остане уште ногу и ќе донесе уште титули. Има едно правило у Англија - титулата не се добива у декември, само може да се изгубе тогаш. Ако Арсенал е блиску после boxing day (се надевам знаите кој период од лигата е тоа) ќе има јака борба после тоа до јуни, затоа шо никој не може да знае како ќе заврше сезоната. И Њукасл имаше 12 бода предност пред Ман Утд па а изгуби титулата.. има време, ќе видиме како ќе биде! И ве молам не реплицирајте со глупи постови, ако имате нешто паметно да кажите ок, ако не никому ништо.. позз:smir:

Фала богу и некој друг да каже тоа што треба.
 
Член од
7 јули 2009
Мислења
1.228
Поени од реакции
28
Boxing Day е на 28 Декември !!! Арсенал нема да биде прв ни Челзи да не изигра ниту еден натпревар до тогаш !!!! Ако чекаш ти да дојде законот за скапи трансфери до 2012 ке се омачиш до тогаш !!! Ако живееш за 3-4 години унапред незз што да ти кажам !!! Како што живеете со надешта дека за 3-4 години ке праиме парче !!! До тогаш ке ги купат пола играчи !!!! Ко второ Законот за трансферите не е сигурен !!! Трето ако не донесе некои играчи асални и не прекине со ова срање од деца нека си иде сам !!! А ти Дено копиленце едно немој да јадеш мн лај... коа и челзи даваше пари па освојуаше ете ти еден пример,реал кога и да давал пари осовјувал,јуве,интер исто !!!Ако гледаш у ЛЦ испаѓаат тимови од калибарот на Ливерпул итн !!! Малите тимови даваат пари и се качуваат нагоре и секоја сезона се се појаки и поконкурентни !!!! Ливерпул испадна,Јуве или Баерн ке испадне еден од нив,Интер ако не го тепа Рубин Казан нема да иде понатаму !!!! Ако гледаш сите тие тимови што се пред нив давале пари и полека прават раст !!! А тој сити што го збориш го згази арсенал у два натпревари со 7 гола !!!! Торес оваа сезона има 10 гола ако не си знаел !!! Дечкото е ѕвер !!!

Венгер подготвен и на рекорд при доведувањето на Џеко 3.12.2009. Арсен Венгер, менаџерот на Арсенал има голема желба да го купи Един Џеко, репрезентативецот на БиХ и напаѓач на Волфзбург, во обид да ја спаси сезоната.

Шефот на стручниот штаб на „топџиите“ е подготвен даго обори рекордот во висина на трансферот за да го убеди Џеко идниот месец да потпише договор со лондонскиот премиерлигаш.

Според пишувањата на „The Sun“, Венгер се надева дека ривалот Манчестер Јунајтед ќе му направи услуга и ќе го исфрли Волфзбург од понатамошното натпреварување во Лигата на Шампионите наредната седмица.

Менаџерот на Арсенал е присилен да купи докажан напаѓач, откако најдобриот стрелец на тимот Робин ван ван Перси се повреди и нема да игра четири месеци.

Венгер е подготвен да понуди повеќе од 13 милиони евра колку што го чинеше трансферот на Андреј Аршавин. Откако што Емануел Адебајор замина во Манчестер Сити, францускиот тренер тргна во потрага по вистински напаѓач, кој ги има докажано своите напаѓачки способности за да биде негова замена.

Иако Џеко потпиша нов четиригодишен договор со Волфзбург, се претпоставува дека бундеслигашот е подготвен да го продаде во случај на елиминација од првата фаза од Лигата на Шампионите.
Ова е нешто посебно само ако се исполни !!!
 
ZS_

Член од
26 јули 2008
Мислења
5.156
Поени од реакции
211
Беај, овој ќе неможе да игра во ЛШ, бољи би ни дошол напаѓач од типот на Жињак. Башка овој ќе може да игра и ЛШ, мислам...
 
zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.408
Поени од реакции
6.028
Беај, овој ќе неможе да игра во ЛШ, бољи би ни дошол напаѓач од типот на Жињак. Башка овој ќе може да игра и ЛШ, мислам...
Toчно Зоки. На Џеко минимум би му требале 6 месеци да се прилагоди а тоа што не ќе може да игра Лига шампиони е друга прича и Аршавин не можеше па Венгерињо го зеде...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom