Фан Клуб: Јувентус

Mr. Mojo Risin'

Porka de Majorka
Член од
14 септември 2008
Мислења
3.492
Поени од реакции
4.336
Немојте да пцуете по играчи тренери и што друго знам Грев е.Иначе за натпреваров морам да ги пофалам Интер кои покажаа карактер и не победија машки.Нашиве малце изгубени и многу грешки.Поразот кога тогаш ќе дојдеше така да не е ништо страшно,нормално е дерби е и боли но подобро е сега него ли при крај кога нема да може да се смени ништо.Ова е една добра шлаканица за целиот тим за да знаат дека треба пак да се почне да се работии на големо како што правеа и минатата година.Како и да е Јувентус останува Прв.Битката е изгубена но не и целата Војна.Така да има време и со сигурност тврдам дека после поразов каде и каде ќе се прибереме и ќе се подобриме.Forza Ragazzi
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.253
Поени од реакции
108.201
А зошто Погба не играше воопшто? Го гледав со Болоња дечкото е стварно добар играч, мислам дека требаше да добие шанса денес.
Искрено вечерва ве надигравме и заслужено ве победивме, се знаеше дека кад тад мора да дојде тој пораз за Јуве. Поздрав и се гледаме во Милано. :)
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.646
Поени од реакции
5.322

После одличните партии претходните кола, требаше да влези, особено после пеналот на Милито. Маркизио и Видал им падна темпото, и мораше да се внеси цврстина во средниот ред. Маркизио и Видал после примениот гол не играа на ниво, и тука Алесио/Конте мораа да сторат нешто.

И наместо измената Лихт - Касерес,на местото на Лихт во игра требаше да влези Исла, а Видал да помагаше повеќе во одбраната. Со Исла ќе се искористеше многу повеќе паничната игра на Гаргањо, кој денеска беше најслаб играч во Интер, и тоа мораше да го искористи Конте/Алесио.

Инаку, серија од 49 натпревари без пораз не е мала бројка. Се знаеше дека кога тогаш Јуве ќе претрпи пораз,но ова не е 38-мо коло, и има уште многу кола до крајот на Сериа А, и се може да се случи, а се зависи од Јуве, бидејќи сеуште е прв на табела.

Следно коло не би требало да се има никаков проблем со Пескара во гости. Тој е буквално најотепаниот тим што играл во Сериа А последните 10 години, што доволно говори на какво дереџе е дојдено Калчото:).
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.253
Поени од реакции
108.201
После одличните партии претходните кола, требаше да влези, особено после пеналот на Милито. Маркизио и Видал им падна темпото, и мораше да се внеси цврстина во средниот ред. Маркизио и Видал после примениот гол не играа на ниво, и тука Алесио/Конте мораа да сторат нешто.

И наместо измената Лихт - Касерес,на местото на Лихт во игра требаше да влези Исла, а Видал да помагаше повеќе во одбраната. Со Исла ќе се искористеше многу повеќе паничната игра на Гаргањо, кој денеска беше најслаб играч во Интер, и тоа мораше да го искористи Конте/Алесио.
Гаргањо беше камен денес, доста негативно ме изненади. А не знам дали примети али после добиените жолти картони на Киелини и Бонучи, Маркизио играше скоро како централен т.е. цело време покриваше заедно со двајцава, најверојатно од страв да не добие некој црвен картон. Можеби и затоа Маркизио не дојде до израз во второто полувреме, во првото беше доста добар, имаше и две шанси за гол, особено онаа првата беше апла сериозна, во втората изгуби баланс и неможеше да шутне како што треба.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.646
Поени од реакции
5.322
Гаргањо беше камен денес, доста негативно ме изненади. А не знам дали примети али после добиените жолти картони на Киелини и Бонучи, Маркизио играше скоро како централен т.е. цело време покриваше заедно со двајцава, најверојатно од страв да не добие некој црвен картон. Можеби и затоа Маркизио не дојде до израз во второто полувреме, во првото беше доста добар, имаше и две шанси за гол, особено онаа првата беше апла сериозна, во втората изгуби баланс и неможеше да шутне како што треба.
Е токму тука ја гледам грешката на Алесио/Конте. Видал ја немаше експлозивноста во нападот, Маркизио се повлече поназад, и Конте требаше да го стави Видал пред централните, а Погба да го уфрли на местото на Маркизио.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
А зошто Погба не играше воопшто? Го гледав со Болоња дечкото е стварно добар играч, мислам дека требаше да добие шанса денес.
Искрено вечерва ве надигравме и заслужено ве победивме, се знаеше дека кад тад мора да дојде тој пораз за Јуве. Поздрав и се гледаме во Милано. :)

Затоа што го вадеа Лихштајнер за да го спасат од црвен кој што требаше И ТЕ КАКО да го добие ..... и после ја вадеа неговата замена кутра ;(
 
DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.157
Поени од реакции
16.567
Реално нз зошто сите плукате и се депресирате кога на сите ние јасно дека ние пак ке бидиме 1ви на крај на сезоната ама 100% сум сигурен. Интер си тепа тотално заслужено кога имавме 2 шанси на 1-0 и не ги погодивме ( маркизио,видал). Кој неи крив и плус не заслуживме кога гол дадовме од Офсајд реално така беше ме болеше поразов ама со моменталната форма која ја имаме искрено го гледав како доаѓа беше само прашање на време. После излегвањето на Вучинич ни падна тотално цела игра и нападот се отсече. Џовинко мн знај да игра фудбал ама џабе е кога е пресебичен и време е 2-3 натпревар ина клупа да ги седи. КВАЈАРЕЛА мора ни игра најдобар напаѓач е од сите освен Вучи. Мн голема грешка бепе пто го игравме маркизио повреден а не погба ама што е тука е

поззз
 
Член од
3 февруари 2010
Мислења
570
Поени од реакции
69
Чудно, ама некако не се осеќам изнериварно. По тоа што го гледав, знаев дека ќе изгубиме.

Нормално дека никогаш не е добро да се изгуби од најлутиот ривал, но подобро од нив него ли од некоја никаква екипа ко Болоња, Катанија, Киево итн....

Реално, последниве кола имавме пад во играта. Катанија, Болоња, Нордсјеланд, во сите овие натпревари мака мачевме со реализацијата, а богами и денеска не кошташе тоа во првиот дел. Судијата се изгуби начисто и ја сјеба цела утакмица. Искрено, добро е што не ошамарија Интер, мислам дека се случи во прав момент. Подобро сега да не спуштат и да ни докажат дека треба уште многу да работиме, отколку на крај на сезона.

Поразов не е ништо страшно, наредно коло победа против Пескара и ова ќе го заборавиме.

Една работа што сум 100% дека е вистина е дека формацијата дали била 3-5-2, 4-3-3, 4-4-2 или било која друга нема врска со победите. Желбата за победа е она вистинското, што нас вечерва ни недостасуваше. Интер повеќе ја сакаше победата и ја доби.

Нека ова биде само една добра лекција за понатамошните успеси.
 
Член од
27 јануари 2010
Мислења
2.430
Поени од реакции
723
Од утакмица на утакмица се повеќе и повеќе паѓаме ова ме загрижува веќе...незнам што е работата но таков е мојот впечаток... Лих..треба да олади малце ептен е агресивен сигурен сум дека утре ќе оди во кабинетот на Конте вака не бива ова 2-3 непромислени стартови и тоа на противничка половина и ни скрати една измена...и добро како и секогаш судиите се главна улога во Италија ја расипаа утакмицата и гол од офсајд и непостоечки пенал...што да кажам...
 
^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.738
Поени од реакции
7.992
Намерно пуштив пак highlights и сега се чудам како Буфон не го фати пеналот, а и третиот гол. Ај за вториот направи се што можеше.

Напаѓачиве ни се страва, кој од кој по дрво. Би било добро да пробаме тактика 3-4-3, Вучко и Џовинко странично, а во средина Бендтнер или Ква Ква.
 
Маршалот

Bianconeri
Член од
29 декември 2009
Мислења
2.090
Поени од реакции
2.393
Заслужена победа на Интер,им ја изедоа роденденската торта на Јувентус:D.Инаку кога тогаш тој пораз мораше да дојде и се надевам со тоа ќе се намали некако и непотребниот притисок што го имаа играчите од самата бројка на непоразени натпревари.Не сум лут на играчите ич, ниту на тренерите итн. напротив горд сум што успееа сите да направат таков подвиг во клупската историја од 49 натпревари без пораз.Секако и играчите можат да имат свои лоши денови,па сега овој пораз малку ќе ги спушти на земја и од следниот ден мора да се продолжи со напорната работа и тренинзи со цел да се вратат на победничките патеки. А иначе судењето катастрофално, се додека не се презимаат мерки малку да се казнуваат строго судиите кога се прават пропусти ќе стради Калчото,мора да ги стегнат малку на судиите така да наместо нив главни актери на теренот да бидат играчите а не нивните аматерски одлуки.

Fino Alla Fine....Forza Juventus !
 
Член од
12 април 2010
Мислења
178
Поени од реакции
69
Ги гледам натпреварите на Јувентус оваа сезона ... веќе не можев да издржам а да не искоментирам нешто . Имаме МИЗЕРНА ИГРА . Па 60 % од головите ни се од прекини или пенали убава акција ретко приметив да направат со исклучок на оној натпревар против Челзи . Играат премногу лежерно и бавно , па лани беа далеку поатрактивни за гледање и правеа акции кој беа за воодушевување , на 5-6 пати ме оставија без зборови . МВП средината не фунkционира доволно добро и секоја започната акција завршува некаде пред 16-никот . Џовинко е катастрофа си игра напамет гледам изведува нешто, од прва додава топки и ништо не му успева . Пирло не игра ништо оваа сезона , Погба е подобар и во напад и во одбрана , Видал е само сенка од оној стариот . Светла точка е само Асамоа од кој и очекував вакви натпревари само не очекував дека ќе игра на ниво и на крилната(бековкса) позиција - не можам да одредам што точно игра , секаде го има . Сепак како и секој фан се надевам на подобро , во ЛШ не верувам дека ќе успееме да се пласираме во фазата по групи, едноставно Шахтјор се во одлична форма а Челзи е преискусен во ова натпреварување за да излезе уште тука, но како фан морам да се надевам па ќе видиме ... miracles happen . Немојте сега со негативни коментари одма , едноставно си го искажав моето мислење без да навредам некој . Forza Juve per sempre !
 
acermk

лавот во сенка
Член од
18 јуни 2009
Мислења
1.920
Поени од реакции
826
Незнам дали е коинциденија ама падот во формата е од кога Алесио се врати на клупата Јуве, подобро играше Јуве кога на клупата беше Карера...поразов не значи ништо освен еден ладен туш кој треба малку да ги раздрма и разбистри и да продолжат со уште понапорна работа, се надевам Конте знае што прави и мислам дека знае на секој индивудално да му каже што згрешил и каде згрешил...
 
Daniel.

Juventino per sempre
Член од
18 август 2009
Мислења
620
Поени од реакции
356
Епа ајде, го почувствувавме поразот после подолго време...
Искрено, Интер заслужија да победат, тоа е факт. Нашите не одиграа доволно добро. Се затворија... Голот беше неважечки (додуша, ни пенал немаше). Имаше и индивидуални грешки, како Лихт, принудна измена моравме да правиме... Потоа, незнам зошто ве разочарал Вучинич, се виде дека одвај го доигра полувремето, се повреди уште таму кај аут линијата кога ја остави топката и си излезе. Мислам дека ако не се повредеше, 2 пати ќе беше поопасен од Бентнер. Бентнер изигра добро на сите утакмици на кои доби шанса, ама, не шутира. Тоа неможе да е напаѓач... ја зема топката, ја заградува убаво, прави шут позиција, и потоа проба да подаде и расипува се...
Погба не влезе заради сплет на околности. 2 принудни измени...
Маркизио, после првите 2 шута исчезна од натпреварот... Незнам што стана. Но, како и да е, поразот е заслужен, ова можеби позитивно ќе делува врз играчите, малку да го почуствуваат вкусот на поразот и да се растеретат од низата без пораз, па, на крајот на краиштата, ова мораше да се случи. Штета што е против Интер и тоа на домашен, ама ајде...
И дај не пцујте, ни играчи ни тренери. Тимот го избра Конте, тоа го знаеме. И замените тој ги контролираше, 100%. Но, ни овие помошниците го немаат тој предводнички дух што го има Конте. Но, како и да е, секој греши, па и нашите Јувентини.
Од наредната, се враќаме на старите патеки.
Forza Juve!

p.s. ако Пирло си стои на збор, ќе ја обричи брадата, па ќе заличи на човек! (y)
--- надополнето: 4 ноември 2012 во 11:59 ---
Ги гледам натпреварите на Јувентус оваа сезона ... веќе не можев да издржам а да не искоментирам нешто . Имаме МИЗЕРНА ИГРА . Па 60 % од головите ни се од прекини или пенали убава акција ретко приметив да направат со исклучок на оној натпревар против Челзи . Играат премногу лежерно и бавно , па лани беа далеку поатрактивни за гледање и правеа акции кој беа за воодушевување , на 5-6 пати ме оставија без зборови . МВП средината не фунkционира доволно добро и секоја започната акција завршува некаде пред 16-никот . Џовинко е катастрофа си игра напамет гледам изведува нешто, од прва додава топки и ништо не му успева . Пирло не игра ништо оваа сезона , Погба е подобар и во напад и во одбрана , Видал е само сенка од оној стариот . Светла точка е само Асамоа од кој и очекував вакви натпревари само не очекував дека ќе игра на ниво и на крилната(бековкса) позиција - не можам да одредам што точно игра , секаде го има . Сепак како и секој фан се надевам на подобро , во ЛШ не верувам дека ќе успееме да се пласираме во фазата по групи, едноставно Шахтјор се во одлична форма а Челзи е преискусен во ова натпреварување за да излезе уште тука, но како фан морам да се надевам па ќе видиме ... miracles happen . Немојте сега со негативни коментари одма , едноставно си го искажав моето мислење без да навредам некој . Forza Juve per sempre !
Лани Конте седеше на клупата... тоа влијае. Многу.
Forza
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.646
Поени од реакции
5.322
Поразот, мораше еднаш да дојди. Многу е побитно, како сега Јуве ќе се однесува после тоа. Како ќе се развива сезоната, тоа зависи само од Јуве, ниту од Интер, уште помалку од Наполи, и тоа ќе биде така се дури е Јуве прв на табелата. Пораз како пораз е лош, но подобро е што дојде во дерби натпревар, отколку со треторазредни екипи како Катанија,Парма итн. Помалку лошо влијае врз самодовербата и врз концепцијата на играта. Треба да извлечат поука од поразов и да не ги повторат грешките против Интер. Наредното коло треба да го започнат како да не загубиле, и тотално да го заборават.

Друга работа е тоа што сметам дека Конте и Алесио понекогаш во текот на натпреварот треба и да променат малку формација, кога ќе се увиди дека 3-5-2 не функционира како што треба. Имаме состав кој може одлично да ја игра 4-3-3, па и 4-2-3-1 формацијата.

4-3-3
Буфон
Лихштајнер--Бонучи--Киелини--Касерес
Видал--Пирло--Маркизио
Вучинич--Кваљарела/Бендтнер--Џовинко
4-2-3-1
Буфон
Лихштајнер--Бонучи--Киелини--Касерес
Видал---Пирло
Вучинич---Џовинко--Асамоа
Бендтнер
Оваа 3-5-2 формација најчесто се покажува доста успешна во Серија А, затоа почнаа да ја применуваат доста тимови во Италија (Интер, Фиорентина пред се).​
А по се изгледа,не се радува само Интер на поразов :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom