Епа ајде, го почувствувавме поразот после подолго време...
Искрено, Интер заслужија да победат, тоа е факт. Нашите не одиграа доволно добро. Се затворија... Голот беше неважечки (додуша, ни пенал немаше). Имаше и индивидуални грешки, како Лихт, принудна измена моравме да правиме... Потоа, незнам зошто ве разочарал Вучинич, се виде дека одвај го доигра полувремето, се повреди уште таму кај аут линијата кога ја остави топката и си излезе. Мислам дека ако не се повредеше, 2 пати ќе беше поопасен од Бентнер. Бентнер изигра добро на сите утакмици на кои доби шанса, ама, не шутира. Тоа неможе да е напаѓач... ја зема топката, ја заградува убаво, прави шут позиција, и потоа проба да подаде и расипува се...
Погба не влезе заради сплет на околности. 2 принудни измени...
Маркизио, после првите 2 шута исчезна од натпреварот... Незнам што стана. Но, како и да е, поразот е заслужен, ова можеби позитивно ќе делува врз играчите, малку да го почуствуваат вкусот на поразот и да се растеретат од низата без пораз, па, на крајот на краиштата, ова мораше да се случи. Штета што е против Интер и тоа на домашен, ама ајде...
И дај не пцујте, ни играчи ни тренери. Тимот го избра Конте, тоа го знаеме. И замените тој ги контролираше, 100%. Но, ни овие помошниците го немаат тој предводнички дух што го има Конте. Но, како и да е, секој греши, па и нашите Јувентини.
Од наредната, се враќаме на старите патеки.
Forza Juve!
p.s. ако Пирло си стои на збор, ќе ја обричи брадата, па ќе заличи на човек!
--- надополнето: 4 ноември 2012 во 11:59 ---
Ги гледам натпреварите на Јувентус оваа сезона ... веќе не можев да издржам а да не искоментирам нешто . Имаме МИЗЕРНА ИГРА . Па 60 % од головите ни се од прекини или пенали убава акција ретко приметив да направат со исклучок на оној натпревар против Челзи . Играат премногу лежерно и бавно , па лани беа далеку поатрактивни за гледање и правеа акции кој беа за воодушевување , на 5-6 пати ме оставија без зборови . МВП средината не фунkционира доволно добро и секоја започната акција завршува некаде пред 16-никот . Џовинко е катастрофа си игра напамет гледам изведува нешто, од прва додава топки и ништо не му успева . Пирло не игра ништо оваа сезона , Погба е подобар и во напад и во одбрана , Видал е само сенка од оној стариот . Светла точка е само Асамоа од кој и очекував вакви натпревари само не очекував дека ќе игра на ниво и на крилната(бековкса) позиција - не можам да одредам што точно игра , секаде го има . Сепак како и секој фан се надевам на подобро , во ЛШ не верувам дека ќе успееме да се пласираме во фазата по групи, едноставно Шахтјор се во одлична форма а Челзи е преискусен во ова натпреварување за да излезе уште тука, но како фан морам да се надевам па ќе видиме ... miracles happen . Немојте сега со негативни коментари одма , едноставно си го искажав моето мислење без да навредам некој . Forza Juve per sempre !
Лани Конте седеше на клупата... тоа влијае. Многу.
Forza