Фан Клуб: Јувентус

Член од
9 јуни 2008
Мислења
1.380
Поени од реакции
804
Иако победивме, нишо не прајме!!! Џабе, ко шинтер се светлосни години пред нас и ќе се пред нас. Нека не ве залажуваат тоа шо Матри даде гол и му го сврти умон на Кордоба, не знае дечкото, Пацини е три класи подобар. Друго, му се погодило денот на Буфон па првпат од ко го пратам Јувентус тој избрана добро. Очекувам следната недела да направи три кикса од Буфон и црвен + пенал. Ето е најдобар напаѓач, колку сите играчи заедно наши вредит џупацон, ама само не му се погоди денот денес... Пак тој Киелини, три чисти немат!!! Незнам јас шо го држиме во тимов уште, нека го продават Марота некаде во Паганезе, Циско Рома, таму некаде нека се земе барем 1000е од него, колку-толку за тревана да платиме... И заборајв да кажам, Интер буквално не растурија, посебно прво полувреме, ама ај ние нанесакање гол дадовме и победивме. Се е џабе сезонава, очекувам за ЛШ да влезиме за 5-6години, а титула би бил ПРЕЗАДОВОДЕЛЕН да видам во следниве 40години!!!
оди бе шетај по ливаѓето , ти ако си фан на јувентус ја гол ке шетам низ чаршија хахаха
 
Член од
20 јули 2009
Мислења
865
Поени од реакции
600
оди бе шетај по ливаѓето , ти ако си фан на јувентус ја гол ке шетам низ чаршија хахаха
Бар човекот си е реален, не се крева у облаци дека сте најјаки...вие од ЛЕ испаднавте по групи а за ЛШ ќе сонувате уште овие неколку години...:tv: и сеа ако тој ви каже дека јувентус се најјаки ,оваа сезона освојуваат титула... и шо сеа демек најголем фан на Јувентус ???
 

шеф на подземје

зумбулот
Член од
25 август 2010
Мислења
1.213
Поени од реакции
76
оди бе шетај по ливаѓето , ти ако си фан на јувентус ја гол ке шетам низ чаршија хахаха
браво за постот .

--- надополнето ---

Бар човекот си е реален, не се крева у облаци дека сте најјаки...вие од ЛЕ испаднавте по групи а за ЛШ ќе сонувате уште овие неколку години...:tv: и сеа ако тој ви каже дека јувентус се најјаки ,оваа сезона освојуваат титула... и шо сеа демек најголем фан на Јувентус ???
абе дете не стојат така работите .Видовме вчера дека интер не е светлосни години пред нас туку не мачат нас поверди ,сети се како беше со интер кога немаше со кој да играе пред 2-3 месеци .Сега со појачувања во нападот и одбраната без повреди со иклучок на квањарела јас ти гарантирам дека ке бидеме во лигата на шампионите .Испаднавме од лига европа не само за тоа што не ни е таму местото туку игравме без квањарела и аквилани кој знаеме дека без превањни тогаш .
п.с не треба да каже дека јувентус е најак ама треба да биде реален т.е дека јувентус има капацитет да победе секоја екипа и дека ке влезе во форма .
 

Mr. Mojo Risin'

Porka de Majorka
Член од
14 септември 2008
Мислења
3.528
Поени од реакции
4.430
Еве честитки и од мене !! Заслужена победа !!
Прв пат и нас да не послужи среќата, а не за друго овој Ето е коњ невиден. Сум приметил кога игра Ето значајни натпревари со Јуве или Милан или било која подобра екипа го нема никаде ама баш никаде, отсечен е. Денеска беше под очекувањата Ето, а и згора на тоа и промашува топки, крив е самиот тој за голот.

Инаку ... МАТРИ ! <3
Матри, бог .. незнам што да кажам, каква позајмица сме донеле. Ми се допаѓа неговата подвижност се мести таму кај што треба и неколкупати остануваше сам, жал ми е за пропуштената 2ра шанса, среќа имаа многу не флезе во голот, иста ситуација кога беше, е ова ако флезеше ке беше шах-мат.
Одбраната беше на место, Соренсен нека проработи малце повеќе за избацување од шеснаесетник, тоа не му лежи баш, или нека ја пука у курац или да биде подобар во избацувањето, денеска играше одлично, и асистент +.
Тони е добар, сите фаули беа на него, знае да се постави, да се загради и тоа што треба за еден напаѓач, му фали брзина али веќе кога ги имаме неговите способности арен е.
Средниот ред исто така беше добар, Красиќ стандарден исто Аквилани, Мело беше сигурен иако имаше 2-3 додавања лоши. Маркизо трчаше многу, се измори.
Е сега глупа ми беше измената Јакинта - Тони ? Зошто ? Што ке направеше Јакинта, тотално е аут. Подобро Дел Пиеро. Зошто Дел Пиеро? Затоа што знаеше да задржи време, знае да шутне од секаква позиција, знае да се намести на фаул и се останато што тоа го нема Јакинта.
Матри што му стана, изгледа се премори па страната го заболе или нешто друго е, ваљда утре инфомарции ке добиеме?

Се на се, задоволен сум од резултато, играта и се ! Браво момци, така да продолжиме да наредиме и ние 2 победи по ред, сега на Лече со сигурност ке ги победиме, се дигна мотивацијата, моралот кај играчите и полесно ке биде.


FORZZA JUVENTUS !!

п.с. - Влатче убав поклон доби а ? :Р

ИНАКУ НЕКОЈ ПОВЕЌЕ СЛИКИ ОД НАТПРЕВАРОТ, ОД КАЈ ГИ НАОЃАТЕ ДАЈТЕ МИ ЛИНК !


Ајт.
HTML:
http://www.zimbio.com/pictures?cat=13
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.329
Поени од реакции
6.011
Одличен натпревар,и што е најважно одлична победа во Дербито на Италија. Играчите изиграа на ниво,и ги заслужија сите пофалби за овој натпревар.

Буфон - И покрај долгата пауза поради операција,Џиџи сеуште е и ќе биде најдобриот голман во светот.
Соренсен - Иако неговата природна позиција не е десен бек,сепак добро се снајде покрај играч каков што е Ето.Упорен,и со помош на Барзаљи успешно го задржуваа Ето,и беше играчот кој му го намести голот на Матри.
Барзаљи - Многу беше критикуван Марота поради тоа што го ангажираше Барзаљи,но и против Каљари и против Интер докажува дека има квалитет и може да помогне да се подобри одбраната на Јуве.
Бонучи - После Матри, играч на натпреварот.Цврст,сигурен и уште еднаш го докажа потенцијалот кој го поседува.
Киелини - Играч кој секогаш го дава максимумот,на било која позиција да игра.
Красич - Не е во формата која ја изигра првата полусезона,но играчот игра 1 година без одмор.
Фелипе Мело - Одлично го покри Снајдер, што доволно говори податокот дека додека Мело го чуваше Снајдер, Снајдер немаше шут кон голот.
Аквилани - На овој натпревар Аквилани играше малку поназад од вообичаено, помагаше при одземање топки, а за организацијата повеќе беа задолжени Красич и Маркизио.
Маркизио - Со оглед дека Маркизио не беше целосно опоравен од повредата,изигра добро и беше заменет најверојатно поради тоа што немаше сили да игра цели 90 минути.
Лука Тони - Добар настап.Помагаше и во средината на теренот, а и неговото искуство е доста важно,посебно во дерби натпреварите.
Алесандро Матри - Играч на натпреварот. Гол, и неколку шанси. Играч кој е најзаслужен што Јуве победи.


Дел Нери - Одлично ја постави играта на теренот. Наместо Јакинта требаше да го стави Дел Пиеро,бидејќи Алекс ќе беше покорисен за тимот од Јакинта кој се враќа од повреда по подолга пауза.


Победата над Интер треба да се искористи максимално,и мора да се продолжи серијата победи.
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.917
Ако не забележавте, Матри ни ги донесе победите во последните 2 кола ...
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.251
Поени од реакции
8.168
Бар човекот си е реален, не се крева у облаци дека сте најјаки...вие од ЛЕ испаднавте по групи а за ЛШ ќе сонувате уште овие неколку години...:tv: и сеа ако тој ви каже дека јувентус се најјаки ,оваа сезона освојуваат титула... и шо сеа демек најголем фан на Јувентус ???
Заебаниот е фан на Интер кој носи аватар и потпис од Јуве токму затоа што се излажал дека Интер е светлосни години пред Јувентус па нормално, изгубил на кладба затоа што работите не се баш така розеви за Интер како што си мислат Интерашите.

Не ми се верува како му наседнавте на провокацијата:pos2:
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
Заебаниот е фан на Интер кој носи аватар и потпис од Јуве токму затоа што се излажал дека Интер е светлосни години пред Јувентус па нормално, изгубил на кладба затоа што работите не се баш така розеви за Интер како што си мислат Интерашите.

Не ми се верува како му наседнавте на провокацијата:pos2:
По никот се гледа колку е само заебан :pos:
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.329
Поени од реакции
6.011
Повредата на Матри не е сериозна. Сигурен е неговиот настап против Лече. линк
 

Vetrence

...believe in yourself! :)
Член од
2 јули 2007
Мислења
7.469
Поени од реакции
676
И покрај сите проблееми,повреди и разни глупости што се случуваа/т во Јувентус,уште еднаш и се стави до знаење на пациентите дека сме ИНСТИТУЦИЈА за нив!!! Кордоба по семки синоќа да не отиде на голот ?? :))) FORZA JUVE !!!
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.104
Поени од реакции
359
Do koga ke placat Sinterasive be ae da napagaa celo vreme da ne mozevme da mrdneme pa da zborat a vaka ccc Ko da ne ja gledale utakmicata celo vreme kaj nas bese topkata Ke placat po preckata na eto pa cela utakmica go nemase odvaj stigna da sutne i se pokaza deckoto :) a Dokolku nie pukavme posebno Matri imase 3 odlicni sansi za da ja resime pred vreme ali aj vaka pojako bese adrenalin 100%
So vakva igra da prodolzime ke ja naredime sezonava :)
Da mu veruvas na :star: :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom