- Член од
- 14 април 2012
- Мислења
- 33.014
- Поени од реакции
- 67.916
Не ми е поентата цената на играчот.Самошто Игуаин беше главен напаѓач во Наполи, на 100 и кусур меча имаше дадено 70 голови, имаше солидна статистика во Европа одкако се пресели во Серија А, и последната сезона кај наполитанците стана играч кој постигна најмногу голови во една сезона на сите времиња, докажан играч во лигата
Можеби немаше да не кошта 90 милиони, да седнеше Де Лауреантис без прерасуди да преговара со Јувентус (Како пример Евертон и Јунајтед за Лукаку), ќе го земевме за одприлика 60 максимум 70 милиони, али гојдото реши да не ни го даде и Марота си ја активира откупната клаузула.
Мората 80% од времето одкога се врати во Реал го помина правејќи ајвар на клупа... кога ќе влезеше во игра ги користеше своите шанси (Во Реал со тие играчи и јас би ги користел), али сепак останува фактот дека за Алваро се платени премногу пари... единствена предност е тоа што е млад и што има играно под палката на Конте.
Не сакам да го сфатиш постов како провокација, но Јувентус уште од старт имаше лош договор за Мората, иако, заработиле 12 милиони на играч кој што им беше потребен на таа позиција. И 60 да сте го платиле Гонзало, пак сте 48 милиони у минус.
Реал мајсторски си изиграа со Мората, не го продадоа уште веднаш, зашто апла ке беше понижување на играчот, да го истретираат како стока, фино лепо му покажаа дека Бензема е шефо, и дека слабо ке игра прв состав, па вака ислаѓа дека Мората самиот сакал да си оди. Реал искешираа чисти 30 милиони фунти, со можност за додатни 15.