The King is dead, long live The King!
BBC умре. Одбраната умре. Не дека заминва битен играч, туку дека се растура задната линија. Најбитниот дел од вчерашниот Јувентус. Уствари BBC беше при крај и требаше рефреш (Марота очигледно работеше на проблемов, Ругани, Калдара, Бенатја). Проблемот е што промената требаше да оди постепено од Барзаљи, преку Киелини и Бонучи да одработи уште добри 5-6 години.
Јувентус ја преживеа промената на MVP и повторно освои скудето и стигна до финале во ЛШ, па ќе го помини и ова. Барза и Киелини се тука, а ова отвара простор за Ругани и Калдара и нова ера.
Околу причините. Што и да се сега е небитно, Марота треба да си го одработи неговиот дел.
Ако е вистина муабетот за Кардиф, искрено, го разбирам. Спортист е, па уште и лидер, плус адреналин е во прашање. Поминал низ ненормална година во животот полна со проблеми и акумулирани фрустрации кои си излегуваат на површина под притисок.
Сепак тука е раководството да пресечи и да не дозволи такви испади и понатаму да влијаат на тимот. Ако е вистина дека одлуката е донесена поради ова, капа доле на оној кој пресече да се отстрани важен играч за да се спречат поголеми проблеми.
Во однос на детето, повторно не знајме што точно се случуваше. Но факт е дека Бонучи отсуствуваше во тешките моменти, дали му беа потребни уште отсуства или не незнајме. Сепак се сеќавам дека беше повикан преку ноќ за некоја утакмица и тој се нацрта на терен и ја одигра (така да фала му, ова е причина плус да не го хејтам).
Изборот на клуб. Ја разбирам потребата да остани во Италија и ја почитувам. Несмееше и не требаше Јувентус драстично да го казнува со праќање на клупа, во Бари или во странство против негова воља, сепак сме цивилизирани луѓе. Според се она шо читам, ова е одлука со која се задоволни сите страни. Веројатно Јувентус не толку, затоа што носи горчлива одлука али ако е за мир во куќата кажав капа долу.
И за крај, за разлика од многумина тука, нема да го хејтам. Сепак е еден од најзаслужните за успесите во последните години.
Фала му за се шо направи за Јуве.