Фан Клуб: Јувентус

acermk

лавот во сенка
Член од
18 јуни 2009
Мислења
1.938
Поени од реакции
900
АЛо бре Каљари требаше исто толку жолти да има...
 

Кајганеро

Немој не ме радуј!
Член од
3 јули 2010
Мислења
2.892
Поени од реакции
2.804
Офсајд чист! Со судии пак, Јувентус А



Мора малу да ги средат главите и да ја подобрат играта, нека ги среди Алегри. Па со судија напред во второ полувреме.
 
Последно уредено:

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.244
Поени од реакции
18.448
Не ми се допаѓа како играме, разбирам дека доста утакмици се во краток период и дека доста се темпира за време на истите, ама сепак ми фали флуидност. Манџукич колку и да се бори и да скока и да помага на тимот во секој сегмент, сепак го нема тој квалитет, уште помалку пак таму каде што игра на лево крило. Се надевам дека тоа е експеримент кој ќе се користи кратко време. Без Пјанич ни фали и креација во играта и дефинитивно Дибала игра предалеку од голот. Никако не си помага Јуве како тим на долг рок играјќи на тој начин.
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Дибала е доста неконстантен сезонава, дале/чината не е проблемот.
 
С

СаШеНкО

Гостин
Гонза дебелиот вака така пак ќе си земе најдобар стрелец и годинава...
 

Кајганеро

Немој не ме радуј!
Член од
3 јули 2010
Мислења
2.892
Поени од реакции
2.804
Нека ги прекине Лемина филмојве kо Погба со тоа фризурата глупа му ебам бркот средношколски
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.244
Поени од реакции
18.448
Каква завршница од Игуаин нек си еба матер. Два шута два гола, особено вториот со надворешна во спротивниот агол :cuc:

Изгледа лесно од страна ама добро ги паметам деновите кога Матри и Квалјарела ни беа први напаѓачи, ваквите позиции ни за шанси не ги сметав.
 

JUVE_Ultras

Ragazzo della piazza
Член од
22 септември 2010
Мислења
2.451
Поени од реакции
3.968
Гол машина е Игуаин каква само реализација на шанси има,една му е доволна за гол,денеска од две шанси два гола.Не треба да се каат за парите и те како ќе ги оправда со голови.
Иначе што е со оваа зебрестава гарнитура на дресови,нели трет дрес беа.Повеќе мечеви играа во овие дресови отколку со плавите :D
Интервенцијава на Буфон :cuc:
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.810
Поени од реакции
17.750
Неверојатно каков тим сме станати, 2 шанси 2 гола и пријатно после не се ни замарат не се ни трудат во поголемиот дел од мечот. Браво....[DOUBLEPOST=1486951126][/DOUBLEPOST]


Ова е фудбал ![DOUBLEPOST=1486952149][/DOUBLEPOST]

Друго се е залудно да се збора :)
 
Последно уредено:

_predator_

Студент\Џаболебар
Член од
17 декември 2012
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.461
@Mondonico , муабетот за Матри и КваКва, истата мисла ми пројде низ глава вчера , да не почнувам муабет за други споредби, за тоа кои ни беа бекови порано... :icon_lol:

За утакмициве вакви, кај шо си апсолутен фаворит, и знаеш дека на сув квалитет можеш секогаш да ги прегасиш, па и не е реално да се очекува ултра доминантна игра.
Секако дека може многу подобро, посебно во пристапот, кој шо ни е правилен у последниов период, а видовме како сето тоа завршува кога не е во мечот со Џенова.

Системот моментално функционира , дава резултат, ама фали импактот од Дибала,значи се троши премногу и никако да се најде у него, би сакал еднаш да видам како тоа ќе изгледа со Пјанич на негово место, тој и Квадрадо\Пјаца по страните а Маркисио и Кедира копија на средина.

Манџо исто игра поради тоа шо го ора теренот, затвара како бек или везен играч, а и секој дуел против портивнички бек му е малтене увек добиен.
Сега дали ќе се продолжи вака прашање е ,ама засега фунционира.

Пипитата дебел беше бе ? Шо му е сега ? :confused::D
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.244
Поени од реакции
18.448
Од оние ретардираните Григера и Мота многу непреспиени ноќи имав, се да им ебам, ќе ги пцујам додека ме држи паметот, такви антиталенти од бекови никогаш да не се појават, никогаш!! Затоа ме нервира кога се плука Лихштајнер бидејќи кога дојде како Исус да го видов пред мене, од инвалидите пред него ја подобри позицијата за 1000 пати. Има испади, имаше и слаби натпревари и тој ама генералната оценка за него во моите очи барем е многу висока, за неговиот целокупен ангажман во Јуве досега.

Левата страна не ја ни чепкам бидејќи ми се повраќа :sick: кога ќе ми текне на Траоре и Де Чеље.

Матри и Квалјарела барем знаевме дека толку можат, никогаш не сум ги обвинувал нив. Солидни фудбалери се за средни тимови, а кај нас секогаш даваа максимум. Немаше средства за класа напаѓач тогаш, моравме да се снаоѓаме со она што го имаме и од тоа сум задоволен. Кој што сака нека каже ама многу поедноставно е со ваков напаѓач како Игуаин, плус со Дибала да се даде гол. Порано требаше да креираме многу често 10 шанси за да тепаме, сега го имаме тој луксуз да не креираме многу, знаејќи дека и со малку додадена гас ќе ја затресеме противничката мрежа. Арно фала му на бога, моменталниов ни тренер заедно со Галијани процениле дека Пирло нема фудбал во него повеќе, па ни го дадоа еден од најдобрите фудбалери од средниот ред... без пари :icon_lol:

Многу луѓе имаат заслуга што Јуве застана на нозе, ама без Пирло и Конте тоа ќе беше речиси невозможна мисија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom