Фан Клуб: Јувентус

Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.548
Поени од реакции
5.305
Секој ден ве читам и никад не пишувам. Ама после муабетот на фанот сум крајно изнервиран и морав да пишам. МАРКИЗИО КАКО ПО ОБИЧАЈ НЕВИДЛИВ!!! Зборуваш за Маркизио што после секоја утакмица викаш дека ја заслужува 10 на Дел Пиеро? Маркизио што со Видал се најдобар тандем? Една лоша утакмица и одма кењање. Исто читав и за Буфон дека на клупа треба да се седне, после тоа Буфон е господ. Гледајте ги реално работите а не како фанови на маалска екипа. Маркизио е побитен у тимот од Пирло, он е хитмен, ја врши работата идеално а никој не го приметува. Џовинко е гомното што плукаше по Јуве, што Јуве не му значеше и него да го споредуваме со големиот ДЕЛ ПИЕРО тоа е срамота. Џовинко да е најдобриот играч на свет пак ке го неќам затоа што за мене е гомно.
Јас го реков тоа за Маркисио, можеш слободно да ме цитираш, ке дискутираме :)...Ако си фан од поодамна на Јуве ке знаеш зошто викам така. И пред Конте и после Конте Маркисио многу често знае по цела утакмица да се изгуби односно да го нема од таму и НЕВИДЛИВ. Јас не реков дека Маркисио изигра слабо денес, нит некогаш сум кажал а нит може да ми текне кога изиграл слабо. Зошто? Зошто едноставно човекот не превзема одговорност, повеке сака да изигра сигурно на кратки пасови и сл. отколку да дава ризични топки како Пирло, да влегува во опасни стартови како Видал и така натаму. Во ситуација кога Пирло има фластер(што се дешава многу често) зошто не ја земе Маркисио топката, туку Бонучи ги почнува нападите? Да не испадне дека јас ова нешто трескам глупости, пред некоја година ми се чини пред да дојде Конте на гоал.цом имаше статија баш за ова што го зборам.
За 10ката, јас никогаш не сум кажал нешто такво, јасно е дека никој не ја заслужува а и прилично сигурен сум дека Маркисио нема никогаш да ја добие од една едноставна причина: он неможе да реши утакмица со еден потег како Дел Пиеро, и самиот си кажа дека тој врши работа а никој не го приметува, едноставно спореден играч на тимот е и секогаш ке биде.
За тоа кој е најважен за тиммот, тоа е субјективно, за тебе е Маркисио за повекето е Пирло, што беше случај и со мене, се додека не читав поранешни играчи и тренери како изјавуваат дека Видал е најважен играч на тимот по што почнав малку повеке да го следам и морам да признаам дека се ставив во мисла едноставно човекот е машина...

П.С. Не гледам ништо лошо во тоа да се искритукува некој играч или тренерот, на крајот на краиштата ние сме тие што живците си ги кинеме заради нив...Работата е да не се отиде во екстреми во пцуење и слични работи :)(Освен Вучинич, тој ке го пцујам додека е жив му ебам црногорецот со гз неке да мрдне за тимот :cautious: :D)
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Ако идеш да изиграш нерешено против такви дудуци тогаш ќе ти речам иди навивај за Интер они играат на резултат.. АЛО ова е Јуве бре ! Јас се освен победа на мојот омилен клуб го сметам за неуспех
Да не се правиме луди. Наполи беа оние кои требаше да бркаат резултат. Ако имаш забележано Јуве сезонава не се форсира на ниту една утакмица и ги решава рутински (макар било и дерби). Целта на оваа тактика на Конте е одржавање на компетитивна кондиција за битни натпревари. Едниствен момент кога Јуве се исфорсира сезонава беше вториот дел од натпреварите во ЛШ. Токму тој периот и се преклопва со поразите од сестрите од милано. Конте е свесен дека во Италија му нема рамен и добро тактизира со енергијата. п.с. битно е кој ќе победи на крај. fino alla fine Forza Juve
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.810
Поени од реакции
83.581
Не можам да ве разберам еј... најдовте Пирло и Маркизио да ги кривите за резултатот еј :facepalm:. Го споредувате Маркизио со Дел Пиеро :facepalm:. Добро де знаете дека едниот игра во средина другиот во напад? Колку глупи споредби да се чуди човек... Маркизио не ги решавал утакмиците. Па не му е тоа улогата во тимот да ги решава натпреварите, се знае кој е задолжен за тоа, кретенине во напад што ги имаме. Маркизио ( и Видал ) е задолжен да ја умртвува играта на противникот при нападите, и да помагаат во нападот. Значи да крадат/кратат топки и да асистираат кон напаѓачите. Средината најмногу ги троши силите во екипата, најмногу трчаат по теренот, во просек над 7/8 км на натпревар. Ако одиграат една лоша утакмица одма, и одма бунт кревате. Гледам некој погоре го спомнал Пирло многу бил бавен. Па чекај бе човек, кога си видел ти Пирло да ора на терен? Одкога го пратам дечкото џогира на терен ( таков му е стилот на трчање ). Тој е задолжен за ДЕЛЕЊЕ ТОПКИ, a не да се натпреварува со другите да докажува кој е побрз. Фактички Пирло и Барѕаљи ти се најбавните играчи на теренот ( да Сладоледџија добро прочита Барѕаљи ). Брееј паничари какви сте. Ако случајно ја загубиме титулата се знае кај кого ќе биде одговорноста... Не кај Буфон, не кај Келини, не кај МВП, туку кај цреповине во напад што ни седат. И незнам што го кривите Конте, да постигнеше гол вчера Свирко ( што фактички 80% ќе го добиевме натпреварот ), одма ќе го величевте. Конте ли му е крив што незнае 1 на 1 со голман да даде гол ?
Со душа го чекам Љоренте да дојде ( а по можност и Санчез зошто да не :icon_mrgr: ) , ќе има време 2 месеци со тренинзи и контролни натпревари да се врати во форма тогаш да ги видам уткине во напад како дремат на клупа.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
5.204
Поени од реакции
953
Секој ден ве читам и никад не пишувам. Ама после муабетот на фанот сум крајно изнервиран и морав да пишам. МАРКИЗИО КАКО ПО ОБИЧАЈ НЕВИДЛИВ!!! Зборуваш за Маркизио што после секоја утакмица викаш дека ја заслужува 10 на Дел Пиеро? Маркизио што со Видал се најдобар тандем? Една лоша утакмица и одма кењање. Исто читав и за Буфон дека на клупа треба да се седне, после тоа Буфон е господ. Гледајте ги реално работите а не како фанови на маалска екипа. Маркизио е побитен у тимот од Пирло, он е хитмен, ја врши работата идеално а никој не го приметува. Џовинко е гомното што плукаше по Јуве, што Јуве не му значеше и него да го споредуваме со големиот ДЕЛ ПИЕРО тоа е срамота. Џовинко да е најдобриот играч на свет пак ке го неќам затоа што за мене е гомно.
тоа е моето мислење по големо говно од Џовинко во тим нема !!!!! кај се залазаа да дадат 11 мил за просек играч se mn
 
Член од
11 јули 2011
Мислења
1.725
Поени од реакции
1.997
За сите оние коишто го сакаат Јувентус, информација дека КАПИТЕНОТ постигна прекрасен гол за Сиднеј:vozbud: . FORZA DEL PIERO!!!:vozbud:--- надополнето: 2 март 2013 во 12:52 ---
Кога се работи за Дел Пиеро не можеш да кажеш само оние што го сакаат Јувентус... Извинете пред се што се мешам, но Дел Пиеро е таков играч што мислам дека нема никој што го мрази. Т.е јас како навивач на Рома можам да го кажам со сигурност тоа за нашите и другите екипи, освен од оние на Милан и Интер што се... :cuc: прекрасен гол и тоа со лева ... Искрено многу ми е жал поради вашата дегенска управа да ја речам за која што беше стар веќе, а имаше место за Анелка а подоцна и за Бентер... Се кладам дека сеуште да играше од моменталните пола напаѓачи на Јуве подобар ќе беше...
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.070
Поени од реакции
17.795
Абе еј, каков Маркизио невидлив и каков Пирло бавен и на кој начин се тие криви за поразот? Та не ни изгубивме :).
Јас само ќе споменам дека ова Пирло што го прави не го може ниту еден друг играч на овој свет. Значи друг фудбалер како Пирло не постои.
Маркизио знае да биде незабележан со топката во нозе, но никогаш не престанува да трча. Тој Јувентус го сака, игра со голема желба и пожртвуваност што за мене како навивач е најважно(натпреаври како вчерашниот ќе ги има секогаш). Вучинич никогаш нема да го почитувам само поради тоа што на теренот не покажува жар и желба. Истото и за Џовинко, изгледа дечкото е налутен од управата и од навивачите и е влезен во некој филм. Според мене тој никогаш не требаше да се врати пради начинот на кој го третираше Јуве додека беше во Парма. Кога ќе помислам само како се радуваше кога изгубивме од Парма 1-0 во Мај 2011 ако не се лажам (последниот пораз пред серијата 49) ми се превртува стомакот.

Јас вчера бев изнервиран од тоа колку се трудеа играчите на теренот. Тоа веројатно е наредба на Конте, но мене не ми се допаѓа бидејќи сме 100 пати појаки од Наполи а игравме да не изгубиме.
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Е тоа јас сакам да го кажам , дека Конте ги штедеше али што кој курцу ми ги штедиш бре има 3-0 против селтик , а оваа со наполи беше утакмица за титула, да им кидневме 9 бода комотно ќе станевме шампиони.. Башка џабе Scirea ми кажуваш за Барзаљи дека бил спор, ако беше спор немаше да стига во одбраната и да биде ѕвер во одбраната .. Не кажувам дека е брз ко Џовинко али типацот си е онака со просечна брзина, па поспори од него се и Бендтнер и Матри и Вучинич и Буфон :icon_lol:
 
F

FuckYouAll

Гостин
Jас сум задоволен од резултатот, можеше и подобро но тоа е тоа, без форсирање извадовме нерешено, да имавме малце повеќе среќа ќе победевме.
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.151
Поени од реакции
16.497
Добро дали некој само виде колку претча Маркизио? Дали го пратеше неговото движење без топка то ме интересира... Ако се случи тоа тогаш можиме да дискутирме дали бил Невидли,видлив или еднобоен.
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.548
Поени од реакции
5.305
Дечки, гледам дека повекето тука ме критикуваат поради тоа што кажав за Маркисио и Пирло. Вака:

1. Маркисио е одличен играч, јас лично го засакав многу откогоа дојде Конте, претходно искрено не беше неговиот квалитет излезен на површина, а понекогаш и ми сметаше постојано што се бунеше дека неможе/не сака да игра крило.
Маркисио е извонредно квалитетен играч. Тоа што највише ми се сфига кај него се оние уфрлувања од позадина, што му се усовршени со напагачите и со тоа постигнува и многу голови. Премногу трча и се труди, и што е најважно го саака клубот. АМА вие колку сакате можете да се чудите на тоа што сум ги пишал, факт е дека тоа што е неприметлив е неговаата најголема слабост. Ова не е само од мене, имам повеке другари кои навиваат за Јуве и детално ги проучуваат утакмиците и тие го зборат истото а погоре спомнав дека и на гоал.цом пред некое време имаше статија посветена баш на оваа тема. Друго, Маркисио, според мене, после Пирло има најдобар шут, многу пати го докажал тоа, технички шут со прилагодена јачина и многу ретко го промашува голот како на пример Џовинко или само ја додава топката како Вучинич. Зошто тој шут не е користен многу повеке? Зошто Видал многу повеке игра со топка отколку Маркисио? Единственото објаснување тука би било дека така му е наложено од Конте, јас друго не гледам...
2. Пирло, мислам дека не треба тука да трошам зборови го знаеме сите каков генијалец, горе пиша некој дека е уникат во Европа и се согласувам, има многу слични играчи ама нема ист како него. Пирло трча премногу, на една утакмица од ЛШ не ми текнува која беше, мислам дека имаше најмногу од сите истрчано, тука нема збор. АМА значи он како последен играч за врска треба, ако неможе да ги спречи, парем да ги попречува напади што идат преку средината. Вчера го гледавте колку каснеше на секој шут?
3. Сите знаеме дека нападот е најлошиот дел од тимот и дека 99 посто од натпреварите што ги губиме или играме нерешено се заради тоа. Исто беше и вчера. АМА јас искрено не бев задоволен од средината и тоа во дефанзива. Зошто? Кавани колку што знам нема дадено 5 утакмици гол, Пандев 20тина и тоа се виде и вчера, ама затоа не торпедираа со шутеви надвор од16ник Инлер Хамшик и слични, а видовте дека и голот така падна.
4. И најважно :P...Незнам зошто ова го сфака некој како плукање? Плукање е да пцујам све по список на играчите. Ова се само критики од тековниот натпревар. Друго е плукање, друго е критика, разграничете ги. Впрочем и самата филозофија на Конте се темели на постојана работа и постојано подобрување и ништо да не се зема здраво за готово а без критика многу е лесно да се опуштиш :).
Спортски поздрав што би рекол Бошко Трпески :D и нормално Форца Јуве!
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
Дај не плукајте по играчите бе, тој бил крив, друг бил крив ... Се вративме непоразени од Неапол и тоа е најважно. Скудетото останува и оваа година кај нас, незнам зошто безвезе кревате паника само :D
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.151
Поени од реакции
16.497
1. Маркисио е одличен играч, јас лично го засакав многу откогоа дојде Конте, претходно искрено не беше неговиот квалитет излезен на површина, а понекогаш и ми сметаше постојано што се бунеше дека неможе/не сака да игра крило.
Маркисио е извонредно квалитетен играч. Тоа што највише ми се сфига кај него се оние уфрлувања од позадина, што му се усовршени со напагачите и со тоа постигнува и многу голови. Премногу трча и се труди, и што е најважно го саака клубот. АМА вие колку сакате можете да се чудите на тоа што сум ги пишал, факт е дека тоа што е неприметлив е неговаата најголема слабост. Ова не е само од мене, имам повеке другари кои навиваат за Јуве и детално ги проучуваат утакмиците и тие го зборат истото а погоре спомнав дека и на гоал.цом пред некое време имаше статија посветена баш на оваа тема. Друго, Маркисио, според мене, после Пирло има најдобар шут, многу пати го докажал тоа, технички шут со прилагодена јачина и многу ретко го промашува голот како на пример Џовинко или само ја додава топката како Вучинич. Зошто тој шут не е користен многу повеке? Зошто Видал многу повеке игра со топка отколку Маркисио? Единственото објаснување тука би било дека така му е наложено од Конте, јас друго не гледам...
Маркизио после Пирло според мене е најдобриот технички надарен играч во Јуве. Ја започна кариерата како SS и Треквариста тоа кажува доволно за неговите можности. Маркизио ја има онаа тивка улога затоа не игра со топка но е клучен фактор во средината. Замислија средината како мотор а Маркизио е маслото за тој мотор без него ништо не работи. Неприметлив е поради таа улога која ја има поркивање простор и грижење за одбраната додека Видал и Пирло го имаат останатиот дел напред и кога е можно да се уфрли од втор план а кога пирло е маркиран да ја олесни неговата работа. Често се бара од него да ја штити и одбранта од левата страна. Нека не те залажува тоа што пирло игра пред одбрана тоа тие само кога Јуве има посед на топка иначе Маркизио е стално баш таму пред неа. Зошто шутот не е користен ? Затоа што ако забележуваш ни Погба повеќе не го користи од 1 бо цела утакмица тоа не е стил на Конте. Видал игра повеќе затоа што видал има добар пас во празно и долг пас Маркизио тоа не го практикува. Конте од Маркизио бара да ја врши онаа валкана работа и да покрива за левиот бек и за Пирло. Конте кажа на почетокот на неговото доаѓање што е Маркизио за него , а тоа е негов најскапоцен и најклучен играч.

:)
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.810
Поени од реакции
83.581
^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^
Џабе, не решава натпревари, и не ја заслужува 10-та од Дел Пиеро...:icon_lol:


Инаку видете на 2:25 во позадина. Фан на Милан и Арсенал се радуваат за Дел Пиеро :pos::cuc:

 

Kajgana Shop

На врв Bottom