Фан Клуб: Јувентус

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.246
Поени од реакции
8.150
Ако тоа на Пирло беше за пенал тогаш на меч треба да се судат по 10 пенали. Се гледа како прво ја удира топката и таа се одбива од коленото на играчот на Џенова. Обичен голаут и ништо повеќе од тоа.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Играта се забораба се памти резултатот !!!!!!!!!!
Добра игра е доказ за квалитет и со добра игра можат да идат резултати, а еден добар резултат незначи ништо ако бил насреќа постигнат.
Види само како победвавме со ДелНери и ќе сфатиш.
 
Член од
10 мај 2010
Мислења
2.727
Поени од реакции
1.970
Добра игра е доказ за квалитет и со добра игра можат да идат резултати, а еден добар резултат незначи ништо ако бил насреќа постигнат.
Види само како победвавме со ДелНери и ќе сфатиш.
хаха нема потреба да се враќам на болното минато .
Знам дека добрата игра е доказ дека екипата има квалитет и дека ке биде нешто од неа .Пвенството е во деликатен период каде што и баш не се озволени некакви киксови .
Мене ми беше целта дда ви кажам да не се тешиме со играта бидејки во фудбалот постои правило ,кој ке даде гол повеке победува .
Честитки за Видал ме изненади на штоперското место .
 

Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.998
Абе имаме добра одбрана,златна средина,одлична игра(освен во нападот,што е најважен),ама стварно страв ме фаќа,ако тепа Лацио се 2 бода зад нас,не е играчка бе луѓе.:(
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Абе имаме добра одбрана,златна средина,одлична игра(освен во нападот,што е најважен),ама стварно страв ме фаќа,ако тепа Лацио се 2 бода зад нас,не е играчка бе луѓе.:(
Ако тепа, па Болоња си го извајја лебот претходниот меч. Ова сега ќе му биди заслужен одмор.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.316
Поени од реакции
5.984
Морам уште еднаш да го исхејтам Џакерини. Па за трчање има друг спорт и се вика атлетика. Никаква контрола на топка (или ја заборава, или си дава предолг фор), никаков дриблинг. Кога несакајќи ќе успее да ја исконтролира му ја одземаат ко на мало дете или со се неа го носат во аут. Чудо од играч, незнам што убаво сте виделе кај него.
Џакерини треба малку да поработи на реализацијата, таа му е најслаба страна. Брз е, и тоа му овозможува почесто да влегува во гол шанси, но да беше малку подобар реализатор досега ќе имаше минимум 5-6 гола во Сериа А. На овој натпревар направи доста грешки, и потроши доста топки. Пепе на овој натпревар одигра добро,но него центаршутевите му се мана, денеска немаше ниту еден употреблив центаршут. Матри на денешниот натпревар имаше неколку шанси да постигни погодок, но Каладзе го чуваше многу добро. Дел Пиеро си е Дел Пиеро, техниката му е иста, но веројатно со годините и кондицијата не му е на највисоко ниво, а тоа најверојатно си има свое влијание и тоа што не игра стандардно. Вучинич денеска беше најдобар во нападот на Јуве. Одлични поддавања, пробиви и шансата со глава кога ја погоди пречката.

Пирло е класа, игра маестрално. Маркизио дефинитивно има среќа што нема силна конкуренција на клупата за неговата позиција бидејќи игра слабо на последните натпревари.

Одбраната на Јуве денеска изигра одлично. Видал супер игра и како централен дефанзивец, иако на 2-3 пати не покри најдобро, но со оглед на тоа што не е класичен дефанзивец, се покажа како квалитетна алтернатива за таа позиција. Де Чеље игра одлично последните натпревари и во одбрана и во напад, одлично го задржа Џандоменико Место кој секогаш игра најдобро против Јуве. Касерес е доста подобрен и посигурен во однос кога беше во Јуве под водство на Ферара, и се наметнува како сериозна конкуренција за една од двете позиции во одбраната. Секоја чест и за Џиџи Буфон кој имаше неколку одлични интервенции.
 
Член од
5 август 2008
Мислења
558
Поени од реакции
180
Уште еднаш ќе потенцирам: Ако сакаме победи мора Дел Пиеро да стартува. Не може Вучиниќ или Бориело да се мерат со Капитенот. Веднаш, се менува самата атмосфера кога Дел Пиеро е во игра. Пред крај видовте ли како само му ја додаде со пета на Вучиниќ, а овој трупов ја упропасти...замислете Кваљарела да беше на место Вучиниќ. Ех, само кога би стартувал Дел Пиеро, друга приказна ќе гледавме до сега, немаше да се тресеме пред секој натпревар со маливе тимови (аутсајдери). Итно мора да се менува напаѓачкото дуо со Дел Пиеро и Кваљарела. Alessandro Del Piero - Came on with 15 minutes (замисли да беа барем 70... па три гола ќе дадевме) and showed flashes of creativity. За креативност во нападот цело време зборувам.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Сезоната се добива против боранијата.
Гледајте ги, немааат едно дерби добиено, арно ама си ја толчат боранијата беспрекорно.
 

Attachments

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.046
Поени од реакции
6.074
Ако тепа, па Болоња си го извајја лебот претходниот меч. Ова сега ќе му биди заслужен одмор.

Како тргнало тука нема да имаат одмор. 0-2 водат.:eek:
Неочекуван резултат е ова. Очекував обратно да биде.
 

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.755
Поени од реакции
9.800
Касерес неизвесен за со Фиорентина, но ќе биде повикан за натпреварот според последните информации, не била страшна повредата. Се надевам ќе игра, но нешто ми кажува дека Бонучи ќе го гледаме место него како партнер на Џорџо.. :cenzura:

И да, Јоветич е неизвесен за Фиорентина. Ако не игра, топ, меѓутоа се вршат напори од страна на медицинскиот тим на виолетовите да биде спремен. Ќе видиме.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom