Колку ги мрзам утрата тоа е чудо некое а ко да сум казнет семестраов да треба у 6 да станувам!
Прво и основно пред да отворам очи се карам со ред со сите што станале сабајлето за на работа (од домашните) и решиле да ме разбудат(услуга да ми направат-ко ќе ме пое*ат некој ден ќе се чешам),зашто јас нема шанси сам да се разбудам(ќе има ако почнам да легнувам околу 11 а не во 4 и да станам во 6)
Потоа станувам подмижан и со чудна фаца,палам компјутер и тв,па одам накај шпоретот бувнувам едно кафенце појако без шеќер(да си кажам јас),па одам мијам лице заби се со ред,палам цигара и седнувам пред компјутер,така пијам кафето со неколку цигарчиња се додека не ми дојде зортот за у вц(е јас поради овој ритуал станувам порано,иначе не искачам од дома
) и на крај пак сум закаснил,за на факс,е после или бркам комшиите што одат тоа време на работа или дремам на автобуска!
Да напоменам,во изминативе 4 год ниеднаш не сум стигнал на време на предавања или вежби кои се од 8
Истите ритуали се и кога немам обврски и не сум на факс(т.е преку викенд-само што станувам после 12 и не се карам со никого
)