Тука пишуваме на зададена тема

MaRyJaNe-poison

Beauty in Black
Член од
11 септември 2007
Мислења
2.722
Поени од реакции
168
Вампир...

Темнина...темнина насекаде околу мене, во мене, на мене...темно црно небо...свети нешто и полека почнува да ме хипнотизира. Ја гледам месечината, полна, задскриена меѓу облаците...Сјајна е, се огледува на езерото...
Седнувам на песокот, посакувам да е до мене....мојот вампир!
Го чекам, не доаѓа....го замислувам како ме бакнува на мојот бел врат, ме гризе... Ах, толку нестрпливо го чекам, а него го нема. Копнеам по неговите бакнежи...мојот уметик, мојот романтичар, мојот вампир.... Крвта ми врие, отров во моите вени.
Оддеднаш, ја слушам BLACK!! Се вртам, тој е! Срцето посилно ми чука, неговите очи вперени во мене...
Доаѓа на кај мене, ми ја подава ружата црвена како крв,...а мене ми треба неговата! Ми ја покажува месечината, ја гледаме и уживаме во ноќта....
Во тој момент, ја чувствувам неговата рака во мојата црна коса...ме погледнува, ме гали на моето бело лице, и ги бакнува моите црвени усни...
Каква е оваа ноќ, знам, хипнотизирана сум...не можам да избегам, заробена сум во ноќта, тој е крив!! ТОЈ!! Прекрасно е!
....Ме носи во замокот, се качувам по скалите, а мојот црн фустан се влечи по нив....Се свртувам, гледам зад мене....НЕМОЈ! Сето зло го нема повеќе, сети лоши работи повеќе ги нема, минато се.....Погледни напред!!
Гледам пред мене, иднина, убава иднина, злото повеќе го нема, убаво започнува, знам! а тој е до мене... се насмевнувам само....
Ме прегрнува, и заспивам во неговата прегратка...ќе дојде изгрејсонце :(
Вампиру мој, навечер нема граници!
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Вампир, вечно проклество, бескраен круг на досадни обрски...
Самотија и осуденост на вечна темнина, вечен затвор...
Желба за крв, твоја и сечија...
Проклетство.
 

MorrisonKA

You need a fucking hobby, bitch!
Член од
23 март 2007
Мислења
815
Поени од реакции
27
Вампир сум. И тоа чуден. Имам тешко заболување на коскената срцевина, настрана од сите човечки и одбегнувам движење по темни сокаци и улици и покрај мојата експлоатирана природа, затоа што делува на мојот циркулаторен систем веднаш по испиената доза. Во последно време и немам некоја потреба од крв, се‘ што ми е доволно е добро опружување на моите долги нозе, изморени од дамнешниот живот, веќе одамна заборавен зад ковчегов. А, гледаш и тој е стар веќе. Ме вовлекува во својата исцедена старост. Загниел од темнини, мракови и морничави сенки. Му треба добар провев, на него, на мене, на местово. Помалку светлина и прозрачност да ми помине низ жиливе, да го подистресам искривениов ‘рбет на виделина, да видат забиве целулоза. Патам од парадентоза веќе два месеца. Беше издржливо, се‘ додека не се видов во огледало, а викаат вампир не можел да се види во него, глупости, чисти глупости кои може да ги измисли само створ од човеков вид. Зарем јас не би сакал да го гледам секојдневно мојот вампирски одраз во мазната, исполирана површина? Но, остави, одамна разрешив со човечовите дилеми. Сега имам проблем со забиве, ќе паднат наскоро, кај и да е.
 
Член од
2 јуни 2008
Мислења
17
Поени од реакции
12
Се кријам во темнината..таму го наогам мојот спас..
Што ли сум јас вампир...??
Вкусот на крвта ме излудува...но за се си ти крив...ти ме направи ова што сум....
Се појави кога месечината беше полна...јас очајно барав спас..сакав вечно да живеам..сакав таа вечност да ја поминам со тебе....а ти...ти ме заведе со таа твоја студена насмевка на тоа бледо лице...со тие усни црвени жедни за крв...ти се предадов..оставив да ја исцицаш сета моја крв...се само за да бидам со тебе...а ти ....ти ми ја подари цела вечност...ми подари живот во темнината..ми подари навидум се што посакував....но сепак ме казни...ме направи вечно да се кријам од светлината....ме направи да сум зависник од твојата крв...од крвта на секој смртник..и ме остави сама....сега и јас сум уште еден обичен вампир.....кој се крие и го чека својот плен....плен на кој се одмаздува поради тебе...сакам сите да ги казнам како што ти ме казни мене....
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Момчето на дваесет годишна возраст сигурно имаше желба да стане нешто повеќе од обичен кафепијач по скопските локали, но ете, ко што може да се западне во лошо друштво и да се стане коцкар или наркоман... тој влета во залижана-коса-со-смешни-очила за сонце-друштво. Оддрема една партија коментирајќи ги градите на младите промискуитетни... или подобро кажано, на штотуку социјално свестените млади скопјанки и девојки ширум земјата па се замисли повторно за книгата која ја читаше скришно во својата соба, бидејќи литературата и не е некоја популарна тема на разговор на оваа маса.
Мистичноста на Братислава, духовите на Дунав, тајните на словачките планини го опседнаа. Зарем Скопје е навистина онака како што изгледа на кејот?
Знаеше за оној мал локал во подрумот на трговскиот во Аеродром кој своевремено беше фолк собиралиште а сега велат дека е дувло на хомосексуалци. Непопуларниот локал карши Нова Македонија каде се собираат навистина чудни луѓе со стетсони и цилиндри по некогаш како и оној паб во преминот во близина на грчката амбасада каде се пушташе блуз во неограничени количини.
На првите две места не најде ништо чудно, третата локација беше затворена. Талкаше на дождот низ Дебар маало... липите кои пред два часа беа прекрасни сега делуваа како мртви животни заклани од монстурозно животно. Улиците беа пусти, капките силно удираа на ламарината од некој кров а лисјата од грмушките веднаш до него го вадеа оној свој звук како нешто да се работи во нив. Само што сакаше да се скрие од целата таа слика, се врати од минатото... и... се свести во сегашноста. Наеднаш се гледаат некои други вистини, поинакви сфаќања и веќе реалноста не е таква каква што пред малку беше.
Хеј, па тука има нешто, пред него има огромна стара зграда токму на местото на кружниот тек, а вистината за нашето постоење и ограничувањата на умот не се веќе тоа што некогаш биле. Ние сме слободни и свесни дека никој не може да не запре или да ни забрани мисла која едноставно сакаме да ја имаме. Ние сме животни, вонземјани или обични пролетни црвени ливчиња на цвет кој никогаш нема да овене. Ние можеме да летаме, и можеме да умреме ако сакаме. Потоа да се вратиме назад и да расправаме долго за идејата која ни се појавила додека сме биле на пат помеѓу оној и овој свет. Неограничени сме, ќе бидеме самовили, врколаци... ќе бидеме бајка. Да, едноставно бајка или само една омилена буква од бајката. Ќе бидеме само она посилно мастило на дел од буквата која машината ја оставила заради неправилноста што земните работи ја имаат. Ќе бидеме онаа најситна капка во тоа делче бидејќи сакаме да бидеме нешто толку малечко во моментот. Ќе бидеме само идеја за таа малечка точка или ќе се претвориме во најава на таа мисла за идеја... ќе бидеме Бог.
Да, ќе бидеме Бог, ќе создадеме и ќе одземеме... ќе бидеме се` она што сакаме да бидеме.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Мојот бол, е најбол на светот, има речено некој.
А, јас би парафразирала: Мојот бол, е само мој.

Последново, насилно ми ги шири зениците, секојпат кога очиве се среќаваат со буквите напишани низ стотиците постови на "Драга Кајгана" или "Мака ми е".
Тие букви, тие симболи кои отелотворуваат и крици на нечие срце, и весел танц на нечија крв, и пелин во нечие месо и мртвило во нечии дамари...и се она што не прави живи...остануваат само неми форми пренесени со нема тастатура на нем виртуелен лист. И толку...Живеат само неколку мига, безгласни и безначајни. А, се цел универзум за авторот. Се што тој е помеѓу отчукувањата на своето срце. За другите пак, се прав и пепел. Ништо.

Ќе прочитам нечиј извик: Прекрасно ми е! Веднаш под него следи: Сакам да ме нема. Или пак: Мака ми е што морам да учам за испит, како претходник на нечие: Мака ми е што немам никој свој.
Содејство, нема. Сочувство, нема. Повратна реакција, нема. Гледам единствено изолирани отпечатоци, кои така осамени, делуваат трагикомично како дебела жена која се обидува да го привлече партнерот несмасно играјќи стриптиз.

Таков е и животот. Мала кутија во која нема место за друг освен за нас самите.

Сакам да излезам од мојата кутија. Сакам, како вампир што пие туѓа крв, да ја пијам туѓата насмевка, солза, врисок, шепот...Туѓото се.
Моево месо има познат вкус. Вкус кој ми станува здодевен. Сега сакам да ја почувствувам приказната која ја носи месото на оние околу мене.

[SIZE=-1]I know you're half afraid
Half amazed, all insane
I know it's all a cage
And all the rage
And all together gone

You and me we're average
With simple minds and lungs, eyes and skin
You and me we're hopeless
We're nowhere hearts so tear it out
And open it


I'm giving blood tonight
I don't care how, don't care why
I'm giving blood tonight
I'm feeling just like I could give it all

I know you're sick and alone
Mothers and suckers alike
We can bleed together

Show me and hand me down
And hang me up alone and cold and bury me
Show me and throw me out
And hold me down, air me out
And wear me

Too altogether cool/cold
Too altogether numb

I know you're sick and alone
I know you're sick and alone

Come away and come with me
And come around and come and see
And cover up and come along
Before race before the calm
And he walks out and fires the gun
Happy with the things he won[/SIZE]
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Нашата мила мала Амме во овие дождливи денови се присетила нешто... Смрт во октомври
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Болест, како пајажина надвисната во стар подрум.Требаше да се жени, но ете, заборавија на реверот, а богами и на деверот.Плачеа по малку сите поради фрлените пари и нефрлениот бидермаер, а најмногу поради неговата рамнодушност.Момче со едвај неколку гримаси, уплашен како лист на ветер, осамен и оставен низ коридорите на младоста.Та, затоа и му избега вереницата, велеше на сите-јас сум будала, кај и да е ќе умрам, само немојте да се засркнувате од варената пченица...
Денес паѓаа пак лисјето во дворот, но немаше кој да ги собере.Мајка му умре, а стариот се пропи и стана најшугава појава во маалото.Знам и зошто-лажеше дека како мал го фрлиле во вода, па имал страв од неа.Но сега и тоа не е толку важно.
Овој, декларираниов будала..Ми пишуваше писма секој ден, во нив имаше по еден сув цвет арника, малку истурено вино, како да сакаше да ми каже дека каде и да е, ќе отиде на оној свет.Мислев дека само блефира, но...Му бев втора виолина, чистач на рани и вечна сложувалка.Само не знам зошто баш сега најде да се глупира.Не му враќав никогаш, а и знаеше дека не знам да читам, ниту пишувам, сигурно му било мака за тоа.Но не е тоа целта на мојов разговор.
Болест, ете така, се облече во неа, и сакаше да парадира како кловн со неа, да предизвикува нервоза кај секој и да очекува прекорни погледи.Салатата од свадбата ја фрлија в река, имаше и поплаки од општината, дека кучето на Ефто паднало во занес примамено од миризбата, и се удавило.Ех, какви скитници!
Сакав да го видам, да му ја наместам кошулата, да го мирисам околу вратот...секогаш мирисаше на босилок и сапун, машки мирис од кој ми струеја препоните...но ете, се одалечивме, и тој збудале.
Таа што ја таксаа за него, изгледа се врати кај своите, ама не ја ставиле на магаре наопаку, 21 век сме па можеби само мафнала со раката како знак дека пак ќе им мрси конци на сите беззаби ергени дома.Но не е таа битна овде.
Не можам да мислам,сакам да го видам, а не ме држи храброста да одам дури до таму, нема кој да ги чува стариве...
Октомври, марципан и мртва свадба.Јас сенка, а тој?Обичен бедник неоженет!
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Лисјата паѓаа на земјата . Портокаловата и црвената - бои кој преовладуваа. Улиците беа мртви , се слушаше само шумот на лисјата. Кога сонцето започнуваше да се крие зад планините доаѓаше она чудно чувство на пеперутки во стомакот. Небото ја доби онаа чудна розева боја. Се загледав во длабочините на небесниот свод. Одеднаш се ми изгледаше така далеку , ненадминливо. Се чувствував така осамено . Во еден момент како да се пробудив , прекрасното небо водеше кон темнина , лисјата го изгубија својот сјај . Гранките на дрвјата останаа празни , ми недостасува нивното зеленило.
Есента секогаш ме прави да се чувствувам депресивно .
Несакам да дојде крајот на септември бидејќи знам што следи потоа.
Потоа следи мојот тивок убиец, мојата смрт во октомври....
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Дожд, облаци и темен ден кој не ветува многу, барем не за мене. Јас мрачен и многу чудно лошо расположен, со темни мисли исти како она времено надвор, време кое не ти дозволува да расмислуваш убаво, ти ги попречува веселите мисли и околу тебе создава силен метален оклоп.

Гледам низ прозорот од другата страна на улицата, куќата на соседите невообичаено полна, голема раздвиженост. Гледам навлажнети лица, но се тешам дека не се солзи туку капки кои случајно паднале на нивните лица. Гледам жена цела изнемоштена, убиена и скршена од болка. Вчудоневиден и изненаден се прашувам дали времето или дождот се причина за ваквиот “изглед„ на жената на чие лице до вчера гледав само насмевка. Жена која секојдневно ме испраќаше и дочекуваше со убав збор, тоа е мајката на мојот добар другар.

И одеднаш гледам толпата почна да се обвиткува во црно, а во мене дојде најлошата мисла. Но се тешев дека секогаш прво ни текнува на најлошото и се надевав дека грешам, а морам да признаам дека срцето не ми даваше да излезам и да прашам, дождот ми беше само реален изговор за тоа. Пречувствувам дека доаѓа моментот кога ќе слушнам нешто лошо кое ќе ми зададе тешка болка.

Излегов и не погледнав накај соседната куќа,вниманието ми го одзеам сликата на почетокот од патот видов бело возило и се беше јасно. Сфатив дека реалноста е болна собрав сила ја преминав улицата полна со кал ја видов мајката како плаче и ми стана јасно. Од насобраните луѓе дознав дека мојот најдобар другар загинал бранејки ја татковината. Вест која одекна громогласно и се прошири многу брзо.

Немав повеќе сила целиот скршен од боллка само слушнав дека е ова смрт дадена за татковината, смрт во овој мрачен и темен октомври.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Од петнаесет години ја предвидов својата смрт. Пророчив дека ќе ме стигне околу триесеттата година, и еве тоа се оствари. Дојде денот, удри часот, стрелките на големиот часовник од прашливото гратче на дивиот запад гласно ги преклопи стрелките... Хермес прв повлече, немав ни шанса да се бранам.
Вели, морам да решам каде да те носам, што велиш за кафенце додека тоа го размислам? Поткренав со рамениците... ко да имам избор?!
“Знаеш... си грешел. Од друга страна си одживеал и пар добри работи кои те враќаат на нула па можеби и преовладуваат, но има еден мал проблем околу оваа пеколно рајска дилема.“ Вели гласникот.
“Мислев дека во оној свет нема дилеми и дека се` е веќе одредено од големиот, сега треба да ми кажеш дека си вага во хороскоп и да се зафатам да одживеам уште неколку години“ Се поднасмеав.
“Не не, види... не е тоа важно. Работата околу проблемот е поинаква. Беше во право кога дрндаше на уки и неуки дека си сам свој Господ. Оној “големиот“ што го велиш си е таму кај што треба да си биде, само што ниту гледа, ниту знае, ниту го интересира твојот мал патетичен живот или пак животот на овие прости, ментално деформирани јадници. Не, не сакам да навредувам ниту ги гледам како инфериорни... но објективно гледано тоа и се. Тоа си и ти, ако се спореди со... да не ти откривам премногу тајни, кој знае дали можеби ќе се разбудиш од бесознание.
Сакам да кажам, нема рај и пекол човече, ниту пак има ангели, демони или трговци со души. Соочи се со тоа дека кога ќе умреш, кога ќе ти откаже тоа пеперницата што ја носиш на рамења, нема ни да имаш поим, и ќе си се распаднеш како се` друго што би се распаднало.“
“Аха, значи нема Господ, џабе беше сета таа мистичност што ми ја дрндаа побожните“
“Па и тоа не е вистина. Ти реков дека тој “големиот“ постои, сакаш да го викаш Господ, be my guest. Малку е тешко да се објасни но, индиската брама религија стигна најблиску до поентата на човечкото постоење. Рака на срце и тие забегаа со опишување на целата таа фама но воглавном се најблизу до поентата.
Ние сме создадени како дел од големиот космички процес. Од прилика сме на исто рамниште по важност како и дел од некој метеор кој паднал пред пар милијарди години на земјата и се наоѓа на дното на Тихиот океан и никогаш не е виден од ниеден човек. Кога ти ќе умреш, твоето тело се распаѓа и се претвара во нешто ново, исто како и твојот дух, кој продолжува натаму по својот пат на постоење. Спореди го тоа со опашката на една комета, која по својот пат губи парчиња од привлечната сила на, еве на пример, твојата планета, но во исто време по пат собира други залутани ситници па целината е сеуште компактна.
Луѓето кои моментално се живи во твојот свет имаат огромна потешкотија да се пронајдат себе си, и имаат проблеми во остварувањето на сите свои капацитети. Заглавени се во тривијални проблеми, во банални очекувања иако сите на некој начин насетуваат дека нивниот гол живот е нешто малечко во споредба со целата слика. На сите им е јасно, но не знаат како да стигнат до големата слика, па се обидуваат со разни Лаги на Современата Денешница да стигнат до тоа. Всушност само го забрзуваат процесот на умирање а нивната душа нема да успее да го изоди потребниот пат до следното ниво.
Сечиј живот има пресвртница, момент на иницијација. А кога една ситница како човечки живот мора да има таков момент, замисли од какви размери ќе биде оној на глобално ниво. Кој, патем кажано е на својот пат. Религиозните ќе вриштат дека Господ го донел армагедонот, научниците ќе бараат промена во јадрото на земјата... и едните и другите ќе бидат во право. Тоа е процес во универзумот, дел од големиот круг кој мора да се случи. По тоа, некои работи ќе бидат појасни. Светот ќе нема време за глупости, ќе мора да се сврти кон поголемата цел, а со тоа несвесно ќе го постигне и преминот кон една нова етапа на човечкиот развиток. Како на материјален, така и на духовен план.“
Хермес конечно застана, побара да донесат сметка и рече дека треба да одиме. Јас станав, но веднаш потоа застанав. Помислив дека ќе умрам, па како последна желба посакав да ви го раскажам ова. Тој ми даде дозвола. Еве сега стојам и сеуште верглам со цел да ќарам што повеќе време. Претпоставувам кај и да е ќе умрам. А никогаш не ни дознав дали навистина постојат индиго децата и дали сум едно од нив.
 
С

Сатори

Гостин
Нашата мила мала Амме во овие дождливи денови се присетила нешто... Смрт во октомври
-Никој не не гледа.
Молк.
-Знам ... премногу луѓе.
-Сите спијат малечка.
-Постара сум од тебе.
-Прекрасна.
-Не ми ласкај, ова не се ни случува.Но, убаво е да лежиш врз мене.
-Знам.
-Дупла Скорпија си.Јас сум Близнаци, не се сложуваме ние добро.
-Јас се сложувам со тебе ... јас те ...
-Немој!!! Има премногу луѓе.Го сакам.
-Знам, те видов, ти се гледа во зениците, но сепак сакам да лежам на тебе додека заминувам од најубавото место на светот.
-Знам.И јас исто.
Молк.
Молк.
Молк.
-Убаво мирисаш, Викторија би ти го сакала парфемот.
-Знам, ме праша за него.
-И кажа кој е?
-Не.
-Зошто?
-Само ти знаеш ...
-Аква.
Молк.
-Не ме бакнувај.
-Нема.Сакам.
-Знам.
-Никој не гледа.Сите спијат.
-Јас не спјам.
-Тогаш спиј.
-Не сакам.
-Убава си.
-Знам.
-Престани да викаш знам.
-Океј.
-Виолета?
-Кажи?
-Немој да спиеш.
-Нема.
Молк.
-Не сакам да умрам повторно.
-Нема, го сакаш.
-Знам.
-Октомври беше нели?
-Последниот пат ... да беше октомври.
-Те ...
-Не ми кажувај, ќе ме боли.
-Знам.
Молк.
Молк.
Молк.

-Ќе си одам.
-Немој.
-Го сакам.
-И јас те сакам тебе.
Молк.
Смрт.
 
Член од
17 август 2005
Мислења
1.410
Поени од реакции
23
Смрт во Октомври..

Омалаксан, истоштен, празен, изморен...изморен од животот. Се движеше тапо,со наведната глава по мокрите улици и вооптште не внимаваше на големите барички во кои чизмите,веќе излитени правеа кругови,кои се зголемуваа до бескрај.
Октомври...само една година откако ја запозна...смислата на неговиот живот, можеби звучи чудно, меѓутоа смислата на неговиот живот беше таа девојка, која што ги имаше најтажните очиња на свет. Сосема спонтано се запознаа, и од првиот момент се вљуби во неа. Оваа девојка беше нешто различно, нешто сосема друго од се што имаше видено предходно..Навидум весела,среќна и забавна девојка, сите уживаа во нејзиното присуство но он виде дека не е баш се весело како што навидум делуваше кај неа.
И се зближија, и полека полека тој почна да навлага во нејзиното срце, во нејзината вистинска личност. На неа и беше чудно, бидејќи беше навикната луѓето да ја сакаат само поради нејзината навидум еуфорична и позитивна надворешност, но овој дечко не беше таков...сакаше да ја ислуша и виде нешто во неа, она нешто коешто таа се обидуваше толку цврсто да го скрие и од кое таа се плашеше толку многу, нејзината тага...
И како во секоја убава бајка, и таа се вљуби во него, уживаше во моментите поминати само со него, кога можеше да ја извади маската којашто толку и беше зацврстена пред другите и уживаше во моментите кога му го отвараше срцето. Тој беше пресреќен, ова малечко суштество го правеше да се чусвтвува толку возвишено, и немаше потреба од ништо друго во животот, беа среќни и беа заљубени...меѓутоа со тек на време, на оваа девојка тагата почна да и исчезнува, така почна да исчезнува и потребата да биде со него, сега беше искрено среќна, само поради тоа што некој ја ислуша и ја чуваше додека и беше најтешко..и како секој Човек,сега беше спремна да продолжи понатака и да види што ја чека таму...но не помисли на тоа колку е тоа себично.
Сега тој остана сам, и веќе два месеци откако си замина, тоа девојче со тажни очи кои сега имаа искрен сјај, кој тој сега го изгуби...
Се удри во нешто, го крена погледот и свати дека пак беше залутал во спомените од неа...пред него стоеше една убава девојка со бисерна насмевка
-амм...извини..не те видов- и повторно го спушти погледот спремен да продолжи понатака
-па како ќе ме видиш коа си ја бутнал главата во земја- На ова тој се зачуди, мислеше дека девојкава е љута меѓутоа кога ја погледна свати дека всушност само се шегува, и се насмевна полека но искрено...неговото лице се немаше насмевнато повеќе од два месеци...
-имаш цигара?- а и имаше заборавено како и се пристапува на девојка, па мораше вака
-мхм
-те знам од некаде- и тука започна муабетот, во кој тој почна се поискрено да се смее. Во оваа девојка имаше нешто, што го тераше да заборави на тагата барем на момент, и да не се чуствува осамено..барем за момент... И како во секоја убава бајка и тој се заљуби во неа...почна полека но сигурно да му се враќа сјајот во очите...
Во дождливиот Октомври...ова беше смрт, смрт за неговата тага...
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Сомнително... сепак, следната тема по директива на најверниот член на овој подфорум веќе години... “Cigarette“
 
С

Сатори

Гостин
Сомнително... сепак, следната тема по директива на најверниот член на овој подфорум веќе години... “Cigarette“
Благодарам.:pipi:

Проклети мисли и идеи, ми лудуваат по главата како да имаат право на мојот разум.Одамна ми вршат влијание врз силата и врз воздухот.
-Слушни ми ја тагата.
-Види ми ја среќата.
Проклети да се, ме вознемируваат и додека сонувам, брилијантноста паѓа на колена пред овие темно-светли страни на отсечноста и остроумноста.Болка, сечење на вените и крв, црвено, црвено, црвено ... светло црвено.
-Курва.
-Светица.
Благо потегнување на палецот и се слуша крцкање на коските, влакна во рацете од косата и воздишки на постелата од рози или тоа беше во кадата, мисли, мисли, идеја!
Отсечно ми се зема воздухот од белите дробови.
Неколку нови нијанси на сивило, на црнило, на белило, прашокот на мама и омекнувачот секогаш си контрираат во мојот нос.
-Шпагети.
-Макарони.
-Сос од печурки.
-Супа.
Талкање по квадратчињата од онаа улица зад Универзална, мирисот на ... знае тој кој мирис.Отсечно.
Преписки и списоци, телефони и улици, броеви и булевари, виолина без жици на лудилото пред семафорите кои играат зелено, црвено ... жолто нема никаде, средината е мртва.
Мисли, ставови, принципи и морални подлоги за истите.Клавири и кугли, гитари и ролерки.
Од почетокот, до крајот, цигари, јас, тој, таа, оној, оваа, онаа, оние, овие ... ние, јас, ти, јас, ти, јас, ти, јас, ти, цигарите, ние.


Сите приказни исти се, освен нашата, мојата и онаа на цигарите, мојата и неговата.
Егоцентризмот од димот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom