Тука пишуваме на зададена тема

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Почеток ил крај

И си се чудам со себеси за новиот бран од идеализам кој го консумирам со сласт. Јас паушлниот конзумерист.
Глумам некаква среќа која се плашам да не стане реалност. И страв ме фаќа во миговите кога сваќам дека јас целосно владеам со сопствената еуфорија. И пак се прашувам дали до крај ќе го истерам тој почеток или ќе му ставам крај. Се зависи од мене. Зошто се мора да зависи од мрзливите луѓе?
 
Член од
2 септември 2007
Мислења
2.155
Поени од реакции
176
Почеток или крај

Знаеш, не ми е сеедно. Без оглед на тоа како ти ги толкуваш моите постапки. Тој крај за тебе значеше крај на сонот, а за мене почеток на новото поглавје. Какво поглавје? Поглавје на недоумици, каење и лицемерие. Што кога посакуваниот нов почеток, кога веќе ќе настапи, се трансформира во нешто што никогаш не си планирал дека ќе се случи? Како ефектот на пеперутката. Како теоријата на хаосот. Една мала промена на безначаен услов доведе до непредвиден тек на настаните. И што ќе ми е сега ваков почеток? Кога и она што толку силно сакав да заврши, беше подобро од ова што сега почна...?

“Колку сме смешни ние луѓето... ликуваме со својата несовршеност и незнаење!“

Во постојана дилема дали да продолжиме да опстојуваме аскетски стравувајќи дека може да биде и полошо, или да излеземе од мочуриштето на монотоста тежнеејќи да започнеме одново. А всушност, сепак е сеедно... Почеток или крај... Кому му е гајле? Што менува тоа? Со кој збор ќе го ословиме потегот-џокер кој се надеваме дека ќе не избави од бедните животи. Да, можеби и ќе се залажеме дека не избавил. Дека живееме поубаво и подобро зошто сме ставиле крај на нешто старо и сме почнале нешто ново. Само, порано или подоцна пак ќе се најдеме во тесно и пак ќе сакаме да ставиме крај на она што е веќе старо и да почнеме пак од почеток. Нели е очајно да кажеме дека вртиме нов лист?! Така само слабаците сакаат да си докажат на себеси дека се способни да направат нешто решително и да се почувствуваат моќни што донеле (една бесмислена!) одлука.

Не ставај почетоци и краеви. Не ги етикетирај работите. Зошто не секогаш кога ќе кажеш “крај“ навистина ти требало тоа. И не секогаш кога ќе почнеш нешто ново си спремен на тоа. Ни ти, ни јас. Затоа и сум ваква сега. Имај резерва. Во секого и во се. Се е минливо, менливо и непредвидливо. Почетоците и краевите само го комплицираат и онака сложениот живот.
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Почеток или крај...

Во животот секогаш нешто започнува кога нешто друго завршува...или завршува кога нешто ново почнува. Во мигот кога најмалку си се надевал нешто започнало, несвесно, убаво, мислиш тоа е само сон.

За мене одамна имаше еден почеток...за неа тоа беше крај..за него и почеток и крај истовремено. Кој да разбере..некој ќе рече дека градиш среќа над туѓа несреќа, некој ќе те обвини, некои ќе те подржуваат целото тоа време. Но не е важно. Нам ни беше убаво, тоа е најважно. Се уште е.

Одвреме навреме се запрашувам дали и со мене ќе биде истото што беше со неа. Дали кога јас ќе бидам сама, ти ќе бидеш со друга? Дали повторно ти ќе ги поврзеш почетокот и крајот, мене ќе ми го оставиш само крајот на сето она убаво, а на некоја непозната ќе и покажеш колку е убав секој почеток..Или дали тој крај мене ќе ми донесе нов и убав почеток?
Не може да знаеме се нели? Некој викаат времето ќе покаже...но тогаш и времето ќе стане временски ограничено, поделено на периоди, секој со свој почеток и секој со свој крај.
 
Член од
12 април 2007
Мислења
21
Поени од реакции
4
колку безмислено бреме тежнее над нас секој почнува некој нов почеток на уште не ставениот крај.Зарем мислите дека така ке постигнете нешто ??? секој ден исто па исто секој ден нов почеток за крајот да дојде со заминувањето на сонцето.Зошто и се мачиме и комплицираме кога може да биде многу едноставно ....Зарем играта почеток-крај е толку интересна или едноставно ни е претерано досадно и имаме толку многу проблеми што не мрзи да ги решиме па наместо тоа си правиме уште повеке со тоа што мислиме дека ако ставиме крај на некоја работа се ке се среди и почетокот ке биде ново доживување ... а не сме свесни дека секогаш истото го правиме почнуваме со гордо крената глава непобедливи...и кога ке стане претерано густо тогаш најлесно е само да се стави крај и да се избега некаде и со цел дека се ке заборавиме и нема да не стигне минатото ставаме крај и почнуваме нов почеток... колку сме безмислени ние лугето сакаме од мравка да направиме слон...
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Имаме супер база од речиси 1000 малечки текстови. И сите во нив ни објаснуваат за црните дамки во нечии животи, има ли луѓе нешто друго? Има ли... Розеви редови
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Розеви редови...ќе замаглам еден прозорец од моето срце.
Тоа беше одамна.Ти мирисав на ванила, “нешто слатко„ -така ти ми рече...и кога се гледавме како телиња напумпани со сексуален набој, ме фати за образ онака филмски, и јас ти се изнасмеав..премногу си патетичен, од оваа дистанца сега, кога ќе помислам.Но...И ние поминавме и нас не нема, но трагата, ете еден розев ред низ моето тело облечено во импулс; како индиго ја прекопира секоја мирисна нота на тоа забаталено од сегашноста време, само кога ќе се видиме, онака случајно,а сигурни во сопствената несамодоверба еден кон друг.Сепак, мое е тоа што го поминав.
Мементо.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Розеви редови

Што да се прави кога читателот немајќи розеви очила чита и не успева да ги доживее реално и поверува целосно во розевите редови? Писателот се откажува од истите. Всушност и двете страни се задоволени. Зошто?
Заради чувството на писателот дека розевите редови се во ограничен број и така ги користи по малку, украсувајќи ги со нов момент посивените листови. Покрај тоа, животот не е мед и млеко, па зашто да се изложува на урок?!
Читателот наоѓа патетика во розевите редови зошто се плаши дека ќе го депримираат, а пак во оние другите наоѓа...утеха.
 
Член од
10 мај 2008
Мислења
364
Поени од реакции
13
Ралност или Имагинација

Се надевам следниов текст ќе ви се допадне.. пишуван е лично од мене како производ на инспирацијата која ја добив од женскиот пол на овој дел од форумот насловен како „ розеви редови “.

Следниов римуван текст е наречен Реалност или Имагинација..

ТАА:

Реалност моја, без тебе што би правела јас..?
Би била само буква една..сосема сама без глас!

Ти си она сонце мое! Ти си она светло горе!
Твојата љубов е ширна како она сино море!

Веќе пет години одам со тебе под рака,
и да знаеш сонце.. ама ич не ми е мака!

Ангел си ми ти каков што на светот нема!
И ќе умрам ако и даваш на друга да те зема!

ТОЈ:

О, вечност ти си моја..
Каква само љубов испадна дека е ова!

Ти таква прекрасна девојка за првпат кога ме виде,
Веднаш знаев дека меѓу нас нешто ќе биде!

Од тогаш до денес јас за нас се трудам,
и секое утро само за тебе се будам.

За нас јас ќенаправам СЕ!
И еве... ти го подарувам мојот живот...
само не вели НЕ!

ТАА:

Ах! што ми правиш ти..
Сонот ми го исполни !

Твоја сум за навек!.. и во добро и во зло..
Со другарките, вечерва, ќе прославиме одлично!


Таа (со другарката):

Другарке моја најмила си ми ти,
Сакам вечер цело друштво со нас да искочи!

Ова лето за свадба ќе дадам јас збор!
И затоа за јака журка барам одговор!

Другарката:

Леле, да поверувам неможам јас...
Каква среќа имаш ти, те правеле во газ!

Каков дечко за маж си зема.. БРАВО!
Цел живот ќе те гледа право.

ТАА:

Знам друшке многу сум среќна јас!
Викај уште една тура Бејлис, па да пееме на глас!

(во текот на забавата другарката забележала некој)

Другарката:

Леле, маче! Кого видов, нема да поверуваш..
Ќе ти кажам, ама немој да претеруваш!

Ти текнува на оној што го смува пред година-две?
Еми енего онде на шанк, пие коњак Курвазие!

Таа:

Аууу.. каков дечко е тој јак!
Би го посматрала цела вечер како маниак..

Какво мување на плажа падна со тој !
Среќа никогаш не дозна дечконо мој...

Многу е убав, сладок и секси !
Од десетиов Бејлис би го грицнала како кекси !

Другарката:

Маче, маче ВИДИ..!
Накај тебе доаѓа .., те молам прибрана Биди!

ТОЈ:

Оооо..!! Какво лепо друштво е ова,
Морам да кажам вистинска згода!

Бејби, од дамна те немам видено...ДА!
Ама сеуште си ја имаш таа природна убавина!

Ќе излезам надвор да свртам на мобилен ја,
Па дојди и ти, да направиме неколку муабета..

Се најдоа тие надвор на само...
А таа се двоумеше дали баш да оди тамо..


Во следниот миг тој со врел бакнеж и појде,
А таа целата возбудена на ум една идеа и дојде:


ТАА:

Те молам не ми прави вака...
Не ни знаеш каква да ме снајде може мака!

Ова лето јас...уствари ај нема везе..!
Носи ме некаде... да не стоиме овде безвезе!

Отидоа тие кај него во стан...
И започна еден доста бурен и мрсен настан:

Почнаа тие страсно да се љубат,
И рацете нивни по голите тела да се губат.

Се препуштија тие на нивната цел,
И таа ги рашири нозете на креветот бел.

Почна да превртува очи од филингот Јак!
Зошто дечково беше прав секс-манијак!

Таа стануваше се повеќе влажна доле..
А на него притисокот му покажуваше стрелка: нагоре!

Тогаш таа му рече: Уф, како знаеш да ме исполниш само ти!
Те молам вечерва моите чувства растури ги!

Тогаш таа осети прекрасна пенетрација,
И се најде на врвот од својата Имагинација..
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Розеви редови

Парното поскапе, галами за поскапување и на бензинот, чекај... и зејтинот поскапел? Немогуче!
Прво, што ќе ти е парно во сред лето, второ, земи точакот и скокни до СП Маркет или на крај краева фати ја пешанката, зашто Господ ти дал нозе? И жити се, кога ќе стигнеш таму, те молам не припаѓај кога ќе видиш дека зејтинот е еден денар поскап.
Ипак ги зимаш клучевите од колата, зашто си мрзливо говедо и на излегување приметуваш дека протекува вода од новите водоводни цевки од кај комшиката Трпа... СРАЊЕ, ќе треба да плаќаш и за тоа. А се` е поради несмасните мајстори, кој к*р се нафаќале кога ни едни цевки не можат да наместат како што треба?! Побогу, тазе офарбаниот плафон ќе ти отиде јабана, па нема смисла.
Чекај, чекај, од каде таа миризба?! Не е можно! Зашто по ѓаволите кучето не сте го научиле да ја отвори вратата од тоалетот и да изврши нужда во шољата наместо на сред ходник?
Ух, во големи фрки си. на брзина го пикаш во уста тенкото лепче намачкано со мармалад и во трчање да го исчистиш изметот, ти паѓа последното залче на новиот персиски килим.
К*рац, вршењето нужда на кучето и страната на која ќе падне лепчето се правопропорционални со цената на килимот и лакирањето на плочките во ходникот, а обратнопропорционални со твоето време кое го имаш за да го посветиш за чистење на истите и намерата на директорот да ти ја даде платата од изминатите 4-5 месеци... или не, 6 да не беа?
Боже, и директорот... како по ѓаволите ќе се оправдаш зашто вчера за време на презентацијата на новиот производ, му истури сок од боровници на оној ашљакот од кој всушност ти зависи цела маргетинг кариера? Шит, ни договор ни свети договор за партнерство ќе види твојата фирма, а за твоето унапредување и надеж за плата на време да не правиме муабет.
Леташ низ врата како мува без глава и со силен тресок ја затвараш, при што дури одронуваш парче ѕид. Одлично.

А јас седам со учебник по историја пред мене и читам за Втора Светска војна и си подвлекувам со розов фломастер.
Толку многу луѓе загинале, а јас помеѓу крвавите војнички, додавам розеви редови... баш сум одвратна.
 

Lost Angel

Машко сум, конечно.
Член од
28 јуни 2007
Мислења
417
Поени од реакции
21
Имало и нешто друго. Имало розеви редови.

Во задниот дел од кората на мојот мозок ги барам, но тие се само на снимка. Порано на касета, сега на цд. Периодов често го гледам тоа цд кое е означено со една буква, буквата А... Првата буква од моето име. Кога гледам, очите ми се полнат со солзи, и чувствувам огромна љубомора кон тоа девојче, кое е толку невино, кое не чувствува ништо освен среќа, радост, трчка наоколу во паркот, и сите му се воодушевуваат: Леле какви локнички...
Со мама и тато, кај мечката, тато снима, мама си игра со неа, таа и` дава на камената мечка трева... Писка задоволно, се смее, зборува со гласче на зарипнато славејче...
-Татооооу... Се снима? (ја бакнува камерата)
Денес нема ништо од тие розеви редови.
Нема мама.
Нема тато.
Нема локни. Смеа. Радост. Среќа.
Ама имало и нешто друго. Сепак имало розеви редови.
(По гасење на телевизорот, следи трошење на тоалетна хартија и црвено лице)
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
Несакаше да ја лаже. Но тоа никогаш не можеше да го изговори пред неа. Само ја гледаше додека плаче и се молеше во себе. Тивко и таговно. Нејзиното име беше целата негова молитва. Сакаше да го врати времето , барем за еден ден. Затоа што знаеше дека греши и понатаму нема. Понекогаш човекот може да ја има целата гордост во себе , и да не покаже колку му е тешко. Може во грлото да има собрано цела грутка. Може од устата збор да не излезе. Но никогаш солзи нема да има од сувите очи.
Животот е краток за секој да добие уште една голема љубов. Единствено сонот не носи меѓу розевите редови. Но не сонот кој што не троши секоја вечер кога ќе легнеме во мекиот кревет. Туку она привидение што се јавува додека додека сонуваме со будни очи.
Тоа е како болест. Душевна слабот што носи кон крајот на розевите редови. Оние што успеале да ги спасат велат дека пред да заминат биле тука , помеѓу розевите редови. Ги нема многу. Но сите велат дека нешто ги мамело , дека убавите редови давале посебен мир. А на крајот од нив стоела светлината.
Тој ја напушти веднаш. Кога тргна да си оди и го сврте своето лице , во истиот миг ги виде тие редови.
Кога ја турна столицата , неговите нозе висеа во воздух.
 
С

Сатори

Гостин
Имаме супер база од речиси 1000 малечки текстови. И сите во нив ни објаснуваат за црните дамки во нечии животи, има ли луѓе нешто друго? Има ли... Розеви редови

Темнина и кристално одѕвонување на музиката во истиснатиот простор на позадината.Стругање на жиците, препознатливи инструменти и некој изобличен одраз во огледалото.
Болката се таложи во градите на младата девојка така уредно спакувана, поставена за повеќекратна употреба кога времето е погодно да се извади надвор.Овој пат капакот на кутијата беше елегантно тргнат пред огледалото.Пејзажот од емоции, налетот на солзи и тежината која не може да се издржи го пронајдоа својот одраз.
Клекнв и ја поставив главата на ивицата, гушејќи се во сопствените воздишки кои што ме параа, никогаш не научив дека не треба да им верувам на луѓето.Но зарем тоа не беше одземање на можноста за љубов, среќа ... зарем не беше тоа смрт за душата?
Подобро болка, тага и депресија отколку монотонија, пустина без оаза.Така гледав јас на емоциите, како на вода, есенција, храна која што ми е неопходна за да се чувствувам жива.
Жената која се криеше во девојката беше толку полна и желна за чувства што скоро да ја кршеше маската на ладнокрвноста која што ја покажував во секојдневието, битно беше да се излаже светот, за да се излажам понекогаш и сама себе.
Каде да одам сега?
Зошто прашувам кога веќе добро го знам одговорот, никогаш не сум била тркач на долги стази, а уште помалку сум била тип што сака да ги трча старите повторно.
Нажалост, нема да има ни во овој текст розеви редови.
 
Член од
14 февруари 2007
Мислења
108
Поени од реакции
13
Сите лежевме на свежо искосената трева и сонувавме за исти работи. Со погледите упатени нагоре, со брчки по лицата, кои ги гужвавме како парче хартија, заради светлината од сонцето, со насмевки и надежи, правевме круг, круг полн со љубов и очекувања...Па дури и суштествата од најодалечените планети можеа да не забележат од енергијата што ја зрачевме, која беше зачинета со мирисот од розевите редови на цветови кои не опкружуваа. Го поседувавме целото небо, владеевме со просторот и времето, со воздухот зачинет со преубавата арома која доаѓаше од редовите, редовите со розеви цветови.

Се будам наеднаш и го барам мрисот, ама џабе, ништо не осеќам, само на студ мириса сега. Ме преместиле на врв на некоја планина, ми викаат “Убаво е и тука, природа како природа“....Ама не сум слепа јас, драги мои, го гледам мразот и снегот, го чувствувам, ми студи...Зошто баш во зима да сум на врв на планина? Уште не можам да сфатам...Ама има надвор една песочна кула, која ми дава надеж. Стои таму и кога ќе се доближам песокот е толку топол и мириса на море, па дури и се слушаат брановите, што е просто неверојатно, пред се како може да остане топла на олку ладно време...Тука решив да ги поминам деновите, топло е и има розеви редови од песок..Ха, исто како цветовите во ливадата...Ми дава надеж тоа, ќе преживеам..Се надевам.
 
Член од
12 април 2007
Мислења
21
Поени од реакции
4
Се секавам на деновите поминати во смеа игра забава се секаваш ли и ти мој пријателе?? Се секаваш ли кога игравме ластик кога правевме споменари и ги пополнувавме со слатки мали тајни сликички,песнички сите испишани на розови редови.Се секаваш ли колку бевме срекни??Каде исќезнаа тие денови ?? Зарем немаме повеке време да и се радуваме на природата ,зарем немаме повеке време да го оживееме она детското во нас??Што ли се случува со нас пријателе???Зарем толку сме затрупани со безначајни проблеми??Ах колку ми недостигаат тие денови...и сега кога ги прелистувам страниците на стариот споменар исполнати со слатки тајни,сликички и песни сите напишани на тие розови страници ми насолзуваат очите и знаам дека сите тајни од детството се скриени во тие розови редови
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Розеви редови

Станот беше навистина убаво уреден.Во него живееше таа,со нејзиниот сопруг и нивните две деца.Нивниот живот беше совршен,многумина би убиле да имаат таков среќен,хармоничен живот.Имаа убава работа,љубов,деца...Се беше совршено.
Но во последните неколку години,како нешто да се имаше променето.Едноставно,знаеше дека го сака,но осеќаше некое студенило,ладнокрвност кон нејзиниот сопруг,иако беше убедена дека тој е љубовта на нејзиниот живот.
Покрај тоа,тој доби унапредување,така што работата му налагаше постојано да патува,така што многу ретко беше дома.
Беше уште една таква долга,празна,тажна ноќ без него.Децата одамна беа заспани,а таа седеше пред телевизорот и на масата имаше чаша црвено вино.Иако телевизорот беше пуштен,таа сепак,не посветуваше внимание на програмата,со мислите беше залутана,некаде далеку.
Мислите и ги прекина телефонот.
-Ало - одговори,додека се враќаше во реалноста.
Тишина.
-Ало,кој е таму? - повтори.
Одеднаш линијата се прекина.
“Веројатно грешка“,помисли и се напи голтка вино од чашата.
15тина минути подоцна,повторно заѕвони телефонот.
-Ало?
Повторно тишина.
-Ало?Кој е? - веќе беше прилично нервозна.
-Здраво. - одговори тивок машки глас.
Се вкочани.Веројатно не е тоа што мислеше дека е.
-Да?Кого барате? - Се трудеше да остане сериозна
Се слушна насмевка. - Хм,мислам дека знаеш кој е.И да,тој сум.Долго време се мислев дали да ти го завртам бројот,но се плашев дека сопругот ќе крене.Изгледа имав среќа.- повторно се насмеа.
-Зашто се јавуваш?Сакаш да ми биде тешко?
-Не,сакав само да ти го слушнам гласот. - воздивна машкиот глас - Помина долго време...Како си?
-Добро сум.
Разговорот траеше не повеќе од 20 минути.
Ноќта не можеше да заспие и размислуваше за телефонскиот повик.
***
Наредниот ден,отиде заедно со децата во куќата на нејзините родители.Планот беше таму да се соберат сите,затоа што сопругот требаше да се врати од службениот пат.
Се поздрави со мајка и и татко и,а децата весело трчаа во дворот и се валкаа во зелената трева.Татко и трчаше со децата,мајка и отиде да внимава на ручекот,а таа отиде во нејзината стара соба.
Колку и беше интересно.Ништо не се променило.Се е истото уште од кога беше девојче.Постерите од Битлси,се уште висеа во нејзината соба.Седна на креветот.Се чувстуваше како 16 годишно девојче.
Го отвори плакарот и во аголот имаше една стара кутија.Ја извади старата кутија.Сакаше да види што има внатре.
Почна да вади секакви работи:Ластици,барбиката која што ја доби како подарок за 11тиот роденден,пенкала,цртежи.Се смееше,сето тоа и изгледаше...детски.На дното од кутијата,забележа една тетратка.Тоа беше нејзиниот дневник.Го зема во рацете и полека со раката го тргна слојот прашина кој се насобрал.Она беше сосем заборавила за постоењето на тој дневник.
Го отвори,ги прекрсти нозете и почна да го листа.Имаше секакви работи,секоја згода и незгода беше регистрирана.Моментите кога бегаше од дома преку прозор за да може да се забавува во дискотека со другарките и да игра,моментите кога бегаше од часови за да шетаат во трговскиот центар,моментите кога славеше родендени,првиот бакнеж,првата симаптија,дечко....Се' беше регистрирано.Се смееше,блага насмевка имаше на нејзиното лице.Во еден момент,нејзиното лице ја изгуби насмевката и доби тажен израз...Причината за тоа беше што стигна до страната каде што имаше слика од неа на 18тина години и еден млад дечко со светло кафени очи,2 - 3 години постар од неа. Двајцата насмеани,млади и очигледно заљубени. До сликата имаше натпис young & in love , forever in love.На секоја наредна страна таа зборуваше за колку е голема нивната љубов и колку секогаш ќе го сака.
Но,животот е доста непредвидлив така што заради многу злобни јазици,пречки од околината,нејзиното одење во Италија на студирање,тие мораа да се разделат.Тоа беше тешка разделба, но таа знаеше дека тоа е најисправната одлука,што се однесуваше на рационалноста.Последните денови се однесуваше многу ладно со него и го одбегнуваше иако тој постојано ја бараше. Сепак не сакаше да му прави да му биде потешко.Ни нему,ни на себе. И се правеше дека се е во ред. Но, во нејзиниот дневник имаше неколку редови, чии букви беа испишани со розево мастило.Во нив беше запишано:
Многу ми е тешко,не сакам да заминам,но мојата иднина зависи од ова.Тој мисли дека јас повеќе не го сакам,но јас сакам тој да мисли така.Подобро е за него. Но,никогаш нема да дознае колку многу го сакам и дека секогаш дел од моето срце ќе му припаѓа нему.
Драг дневнику,само ти го знаеш ова и само тебе ти го признавам ова: Убедена сум дека после него никогаш нема да можам да засакам друг.Но,тоа е животот.

Го затвори дневникот,не сакаше да продолжи понатаму.И навистина веруваше во тоа што го пишала тогаш.Затоа и затрепери минатата ноќ кога тој и се јави.Но, таа сепак одамна продолжи со својот живот и сега има сопруг кого навистина го сака и со кој има навистина убав живот и прекрасни деца.Многу пати се колебаше и сакаше да го побара,но реши да го задржи она што го има покрај себе.И не погреши.Иако дел од нејзиното срце сеуште припаѓаше на нејзината младешка љубов,сепак го сакаше нејзиниот сопруг и никогаш не би го напуштила.Иако некогаш жалеше за испуштената шанса од младоста.
Го врати дневникот во кутијата и ја врати кутијата во аголот од плакарот.Спомените треба да си останат спомени.Минатото е минато и поминало. И тоа е нешто што не може да се промени.Она на кое што треба да се концентрира е нејзината сегашност,за да може да изгради цврста иднина.Тоа е најважното и тоа е она што ќе остане.
-Мамо,мамо,еве го тато,доаѓа со колата.
Ги забрза чекорите и излезе надвор.
Човекот во прегратка ги држеше децата.Прекрасен татко беше и се уште е.Таа се залета накај нив и се фрли во нивната прегратка.Тоа беше прекрасен семеен момент.
Кога се ослободија,таа се заврти накај него,го бакна и му рече:
-Те Сакам најмногу.- и го гушна цврсто.
- И јас тебе те сакам.- Ја возврати нејзината прегратка.
Ги земаа децата во раце и се упатија внатре во куќата на вкусен фамилијарен ручек.Сите заедно.Како вистинско семејство.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom