Тука пишуваме на зададена тема

P

Polaroid vanity

Гостин
Ете ти.. Дваесет добри години.
Зачинети,што се болка,што со наивност.
Ама твои се.. Повели,земи си ги.
Чувај..нека стареат. Шепни им љубов..нека биде прва и последна.
Биди им бела точка..Нека врескаат бои..
Биди им другар.. Нека молчат зборови..
Биди им живот..Нека живеат.

Во спомен на најголемата вистина твоја..тоа е најмалку што можеш да сториш.
 

Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
Зачекори низ песокот.

Сега застани пред зарѓаното железо.
Кажи ми што гледаш околу тебе?
Сивила, маглини.

Свесен си дека твојот живот нема смисла без неа?
Свесен ли си дека на сите ќе им оставиш само горчлив спомен?

Ајде, застани на шините.
Возот се приближува.
Фрли се, ајде! Никому нема да недостигаш!

Кукавица!
Зошто го остави да те одмине?
Мислев дека ќе бидеш способен барем да завршиш со оваа беда, мислев дека ќе ти се смачи да ги гледаш сите околу тебе како завршуваат трагично.
Не си бил толку силен, после се.

Now, go cry in the back of your car.
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.022
Поени од реакции
12.693
Значи,колку годинии поминаа?7?Да. Ова е седми пат кај шо не славиме роденден заедно. Седми пат го немам то задоволство да те разбудам наутро и да ти ја испеам Хепи Брдеј. Седма година за ред не можам да те видам како ги дуваш свеќичките на тортата. Седум години не можам да те видам како се радуваш зошто си година постар. Ми фалиш, и ти, и сите вие таму. Ми фали тропањето по прозорците секој ден, ми фалат куќичките што ги правевме, ми фалат бегањата од дома со тебе, ми фалат сите бесконечни разговори касно во ноќта на теми кои само јас и ти можеме да ги однесеме во толкава крајност. Ми фалиш сега да ми дадеш совет за нешто. Ми фали тепањето за далинско бе. :\ . Знаеш,секој пат кога доаѓате, ми се чини ќе пукнам од радост. А кога си заминувате...хм, она чувство на празнина кое ме пратело цела година повторно се враќа, за жал.
Тогаш се навраќам на спомените, на тие неколку години што ги поминавме заедно, на сите лета и сите зими, кога јас со нетрпение те дочекував и ти со сета сила ке ме гушнеше....Памтиш бе мало? :)
Драго ми е што уште јас сум таа на која можеш секогаш да и се исповедаш, без разлика на се. Драго ми е што можам да ти помогнам со сите проблеми, па сега и со поновите, со тие љубовните.:wub:
Како што растеш, се надевам ке стануваме се поблиски, а не се подалечни, бидејќи те сакам многу и ми значиш се на светов.
Среќен роденден маљо,знам колку долго го чекаше овај ден. Без разлика што си една година постар,за мене секогаш си маљо. Те сакам :back:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Новата тема малку различна од сите нормални... ќе им се допаѓа на бараби и креативни девојчиња кои за принц бакнуваат жаби. :nesvest: Очајна рима, очајна... подобро да ја соопштам темата веднаш: Розов слон
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Седеа двајцата во паркот , поќутливи од обично. Небото беше сиво а воздухот повикуваше на очај. Се чинеше неговиот повик беше чуен , тие спремни шетаа со лепакот и кесата...Реалноста не беше повеќе толку интересна. Тивко сценарио.
Тивко двајцата седнаа на мостот , тивко започнаа да дуваат од лепакот додека тивко ги дуваше ветерот.
-„Ау брат какви трипови“ рече едниот.
-„Уф , ми се мешаат боите , дај ми лист да творам!“ одговори другиот.
-„Што ќе твориш , се е веќе створено , природата е совршена ,светот се совршен. Луѓето се оние кој го заебуваат“ реплицираше брзо и агресивно.
-„Поштеди ме од филозофии брат , нека биде добар трип“
-„Е ај нека биде“ рече тој и продолжи со конзумирањето.
-„Нешто боље?“
Другарот полека стана и рече:
-„Ништо боље од прееска , сеуште истите гомна , те гледам тебе , се гледам себе, ние сме сметот на овој свет...Единствено што вреди е оној розев слон!“
-„Ауу , хаха , ти полош од мене си бил бе, какви розови слонови?“
-„Е онакви де , не го гледаш , еј розево слонче чекај , земи ме на плавото облаче, одведи ме на место каде што огледалата не лажат и луѓето се добри и праведни“ рече тој и полета на облачето , додека во реалноста тој скокна во брзата река насмеан.
-„Брат , кај си ? Те зема ли слончето?? Хахаха“
Се одвекнуваше збунувачката смеа додека розевиот слон полека го носеше во идеалниот свет велејќи му „Сега се ќе биде добро..Нема повеќе лаги..Нема повеќе неправдини...“

Посветено на Fabullous_178...Се надевам сега си на подобро место...
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Студена е ноќтта, ама страстта не топли нас. Качени сме на на розов слон кој што полека чекори низ светлосината савана, горе на виолетовото небо стојат трите пурпурни месечини кои се прикачени на небото како фенери и силно ја осветлуваат ноќтта, па ти се чини дека ден е. На нејзините розови гаќички има слика на шарена пеперутка која што кружи околу бел цвет, исто како што мојов пенис кружи околу нејзината вагина. Полека и ги слекувам нејзините гаќички кои нежно се тријат од нејзината розева кожа, вагината нејзина и мириса на зрела праска. Одам нагоре со моето чувство за мирис и кожата нејзина ми мириса на јагода, застанувам до папокот и го вкусувам со мојот јазик, вкусот негов е на зрела боровинка која како штотуку набрана од природа ми лачи плунка во мојата уста. Продолжувам нагоре да лижам со врвот од јазикот помеѓу градите до подбрадокот ммммм вкус на јагода. Во тој момент нејзината лева града ми замириса на капина, па нежно ја ставам нејзината пупка во мојата уста и продолжувам со врвот на јазикот да кружам околу таа пупка чувствувајќи го вкусот на зрела капина. Потоа вниманието ми го одвлече нејзината десна града која што ми замириса на малина, вкусот на малина е незаборавлив. Ладна е ноќтта, ама веќе почнав да ја чувствувам топлината од нејзината вагина врз мојот пенис, која што полека и нежно онанира околу него. Напред назад, напред назад, напред нзад. Крик во следниот момент нејзините раце нежно ја гребат кожата од мојот грб. А ние сме качени на розов слон кој што полека чекори низ светлосината савана, која што ја осветлуваат трите пурпурни месечини.


Ова дека е неконвенционална темава затоа, не дека сум Маркиз Де Сад, бетер сум :pos::pos::pos:.
 
С

Сатори

Гостин
Приказните со добра содржина се пишуваат од длабочината на душата, ги формулираат зборовите со својата болка како магично перо врз папирусна хартија, зошто секој писател се надева дека неговите фрази и мисли ќе се запомнат, барем на момент, ќе живеат.
***
Не знам како да продолжам да живеам, размислуваше старицата додека го вареше чајот за својот внук.Малечко детенце со црна коса и светло зелени очи кои што ја отсликуваа младоста и невиноста на малечките димензии на телото, силно, а сепак толку кршливо.Темпераментот му беше силен, магичен, карактерот одамна заборавен, предаден, како копија на дедото што умрел пред малиот да ги отвори очите.
Реплика на едно време кое умирајќи земало жртви во име на својата величенственост.
Старицата никогаш вистински не се приврза за својот внук, никогаш не го виде покојниот маж во него, можеби не сакаше, можеби утехата не и беше потребна, можеби само беше во право додека сите други беа заслепени.Или беше обратно?
Секој ден беше последен, секое утро крај, а секоја вечер почеток, надеж за конечно достигнување на дистинацијата што живот значи, смрт, почеток на крајот или крајот на почетокот, играта со зборови е секогаш интересна, но никогаш вистински продуктивна.
Зошто би живеела?
Кога сите на кои што им треба придружник се веќе мртви, а сите што можат нејзе да ја натераат да биде потребна живеат по сликите на ѕидовите, како мов која што ја нагризува наместо да ја тера со солзи и насмевка да се сеќава.Зар играта на судбината не е сурова?
Или благословот дошол малку пребрзо?
Чајот претече.
***
Мајките секогаш биле икона и фигура во секое функционално семејство, така ја научи мајка и нејзе и така таа треба да ја научи својата ќерка, дека мораат меѓусебно да се почитуваат и сакаат, дека мајката има право да бара, а ќерката ќе мора да даде.
Традицијата наложува така, а сите ја следат онаа точка на крајот од реченицата без да ја разберат смислата, зошто смисла нема.Ветерот полека влегува низ вратата за да ја разлади собата, а телевизорот, нов, со црно-бела слика пренесува слики без зборови, звуци без движења, како што во едно семејство треба да се функционира.
Денес се врати од родителска, ќерка и повторно има проблеми на училиште, единствено нејзиното дете од сите во фамилијата не сака да учи и не сака да се докажува како најдобро.
И го повторуваат тоа секогаш кога ќе ја видат, се трудат да ја потсетат како завршила ѕвездата што наместо да сјае, изгоре.А тоа и ја кине душата, и зарива нокти во кожата која што навистина почнала да го губи сјајот и еластичноста.
Застана пред огледалото, сите сонови беа закопани во жената која што ја гледаше од него.
Си велеше на сама себе, не знам како да продолжам да живеам, ваква...
***
Како, да бараат розови слонови во свет во кој сите приказни се слични на твојата/својата.
 
P

Polaroid vanity

Гостин
Ооо,ти.
Жив доказ дека се` гледам а ништо не забележувам.
Толку многу,толку вистинито.
Две зими сум преспивала во затвореност,чиста секојдневна болка..
Две зими..две години.
Не разбрав дека некој се осудил и си дал дозвола да ме чува бидејќи мислев дека повеќе од јасно е животот го живеам сама,за другите..без шанса за препородување,промена,отвореност и неуспиеност на мислите и телото.
Цели фиоки од песни,поеми,раскази,романи не ја менуваа перцепцијата нити потребата.
Состојбата со тоа уште помалку.
Секој ден подготвував свој час на потиснување на емоциите и живеење во сенка.
Совршено ми одеше.
Единствената ученичка која доаѓаше да ме слуша беше дете за пример.
Послушна,посветена и покорена.
Знаеш..magister dixit ми беше главна парола.
Уживав во својот егоцентризам..суетата се хранеше безмилосно.
Се љубевме.
Не ме сфаќај погрешно..се трудев да живеам..но честопати се чувствував како риба..истата мета веќе не ми се нудеше..но неуморно пливав да достигнам карпа на која нема место за моите лигави крлушки.
Прости за невниманието.
Знам со какво трпение го плаќаш циркусот кој го играв.
Но радувај се..Ученичката веќе два месеци како не доаѓа на часови..одбива да слуша.
Вели срцето најгласно било.
Така да..не грижи се..Веќе утре ќе те бакнам во чело и ќе ти кажам дека ти си мојот розев слон..моја непресушна среќа.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
Кајчето полека се движеше по езерото,исто како што кугларска топка не би се движела.
Двајцата љубовници беа седнале наспроти еден друг,како Каспаров и тој ерменецот во едно полуфинале кое тој пијаницата од МТВ на времето го објаснуваше додека се извинуваше оти му паднале коњот и ловецот додека мафтал.

Таа беше мирна.Нејзините очи изгледаа како две кафени топки со црни точки на средината.Нејзината црна коса се лелееше на благиот ветар како носни влакна после ќивање или воздишка.
Тој ја гледаше со истиот восхит како во тој филмот кога Роберт Де Ниро и Ал Пачино седеа во тој кафичот пред да се потепаат,а уствари се поштуваа и нејќеа да се потепаат.
Се заврти кон него и го погледна во очи.Нивните погледи се судрија како два автобуси-едниот Скопски,кој патувал со брзина од 75 километри на час,другиот Струмички-значи побавен.
Не беа потребни зборови.Знаеше дека штом стигнат до брегот нивната врска ќе заврши како Star Trek:Enterprise,баш кога се требаше да тргне на арно.
Ја праша дали ова навистина значи крај и дали треба после ова да се однесуваат како луѓе кои никогаш не се познавале?Таа ја наведна главата исто како хакер во затвор сардисан од шарпери.

Не!
Тој неможеше да го прифати тоа.Ја убедуваше долго време во искреноста на неговите чувства и во плановите за нивната иднина.Зборуваше со страст на човек кој зборува од искуство...како тип кој гледал во соларна еклипса со голи очи,ослепел,па после држел симпозиуми низ земјата за тоа колку погрешно е да гледаш соларна еклипса со голи очи.
После нејзиното конечно не,силна грмотевица се слушна и ги разјари нивните уши,како кога го гледаш Апокалипса Сега во кино со лошо озвучување.
Олуја надоаѓаше.Тој погледна кон неговата пркосна љубов,па потоа кон злокобното небо,подготвено да се истури на нив како учителка од четврто одделение која фатила ученик како и свети со ласер во газот.
Мислите го обземаа и почнаа да кршат и да создаваат сојузништва со неговиот концепт за морал и неморал,како пар гаќи во сиромашна фамилија со 4 близнаци кои мораат да делат еден ормар.
Ги фрли веслата од кајчето во водата.
Почна да врне.
Таа во моментот стана свесна дека тој нема да и дозволи да го остави,макар и за сметка на неговиот и нејзиниот живот.
Тој мирно остана да седи во кајчето,додека вода го исполнуваше и влечеше надолу,a пак таа се фрли и шлапна како вреќа воден спанаќ фрлена од 13ти спрат.
Што се случи со нив,незнае никој.
Исто како во приказните кога авторот не смислил доволно кохерентен завршеток,па ставил "and they lived happily ever after".
 

Скопјанка

urbana revolucionerka
Член од
4 март 2009
Мислења
42
Поени од реакции
15
Постојано пиеше, претеруваше. Се губеше и освестуваше. Бараше разни причини за тоа. А сите знаеја дека животот му го упропасти таа.
Пиеше со него, го задоволуваше на секој можен начин и несвесно(барем за него) го влечеше кон бездната.
Една вечер го видов како седи на тротоарот, со шишето во раце.
Ме довикуваше. Луѓето го клоцнуваа и го гадење гледаа по него. Не се помрднуваше. И во сон ја колнеше што направи пропалица од него.
-Еј види, види го ова чудовиште, велеше.
-Но тоа е камион, што ли гледаш?
-Нееее, тоа не е камион. Тоа е огромен слон кој сака да ме столчи со сурлата. Бегај, бегај, не ме повредувај. Ах, проклета да е. Ми го пратила да ме уништи.
-Кој што ти пратил?
-Овој слон, розев е, знам дека е од неа.
-Како знаеш?
-Тоа и е омилена боја.
Секако, никој не придаваше важност на тоа. Сите го знаеја како стариот пијаница. Во душата мора да му се случувала бура, да се чувствувал уништено, предадено. Мислеа, умот го издава штом му се гледаат такви работи.
Едноставно халуцинираше од алкохолот. Веројатно тој свет му беше поубав од овој, реалниов, барем додека не го видеше РОЗЕВИОТ СЛОН....
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
07.06.2009, недела
Според речиси 19 години стариот ,,Мими-календар", ден за отстранување на апсурди, триење на внатрешни органи со четка за заби и полир паста, за да се доведеме до атомска состојба на хедонизам. Таква ми е впрочем, секоја недела. Депилирање на мозочни клетки убиени од алкохолот претходната сабота, солариум за миокардот за да живне повторно и страствено барање на адреналин. Од некаде ме гледа ,,Степскиот волк" на Хесе, за да конечно сфатам дека извира од мене самата... Конечно розовото се претвора во небесно-виолетово, темнее до крај, додека не стане основна боја.
Тогаш срцето престанува да ми продуцира розови слонови, тогаш немам во себе ниту сили да ги замислам нивните уши за да им дозволам да летнат... Тогаш сум среќна што сум реален хедонист.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Lugeto go gledaa kako da e lud. A toj vo celata taa tolpa barase rozovi sloncinja. So nea go pomina najubaviot cas vo zivotot, gi vkusi nejzinite najslatki usni, a zaboravi da ja prasa za imeto, za telefonskiot broj.
- Glupak sum - pomisli duri so brz cekor, pravejki pat niz najgolemata guzva koja nekogas ja videl, go minuvase mostot. - Ako ne ja najdam sega, nikogas poveke nema da ja vidam. Go zabrza cekorot. Veke trcase. Ne gi cuvstvuvase lutite pogledi na lugeto okolu nego. Go barase nejziniot. Gi barase rozovite sloncinja.
Odednas, nekoj dvojno potezok od nego go butna na asfaltot. Namerno.
- Daj mi go mobilniot!! - Duri da se osvesti, vrz nego sedna krupno momche, so lut pogled, i so uste poluti zborovi mu vikase na siot glas.
- Sto? -odvaj se sozede za da prasa.
- Ne se prepravaj deka duri sega me gledas. Vrati mi go mobilniot.
- Koj mobilen, coveku? Nemam nikakov tvoj mobilen.
Krupnoto momce kako da ne go slusna, pocna grubo da mu pretura po dzebovite.
- Baraj slobodno. - promrmori. Ne mozese nitu rakata da ja oslobodi za da doznae dali mu tece krv od tilot.
- Nema nisto... - po nekolku minuti rece krupniot nesigurno. - Kako... Pa ti begase od mene, mislev deka ti si mi go zel telefonot.
- Trgni se od mene, ajde.
Okolu niv imase krug od luge. Vreva. Krupniot pocna da crvenee. I nesigurno da se isprava.
- Aloo, pustete me da projdam. -cu poznat glas. -Moze li da projdam, aloo!
Od tolpata izleze devojka so kratka kosa.
- Sto se sluci? - prasa taa dodeka isplaseno go pogleda legnatiot.
- Nisto, srce, mislev deka toj mi go ukral telefonot, ama zgresiv. Ne e vo nego.
Momceto ja gledase so izguben pogled. A taa rece, no ne nemu:
- E, pa, ajde togas, ne cekaat.
Krupniot promrmori edno "Izvini" i trgna nakaj nea. Ja gusna.
Momceto zbuneto gi gledase krupniot i devojkata so obetki - rozovi sloncinja kako se gubat od negoviot pogled.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
23 декември, 1945... Таа бше мало, 10 годишно девојче, кое беше пресреќно што го посети предновогодишниот панаѓур. Се’ беше разиграно и весело. Лудата железница привлекуваше голем број на заинтересирани деца. Но таа сакаше само едно... Розевата шеќерна волна... Ненаситно јадеше од неа, а откако ја изеде побара да се прошета со своите родители наоколу. Неа не ја интересираше лудата железница. Сакаше само незаборавни моменти поминати со нејзините родители... На една од неколкуте наградни игри таа освои розов слон... Беше пресреќна... Розовата, беше нејзина омилена боја.
И токму кога сакаше да си оди, нејзините родители решија да се качат на лудата железница и да доживеат малку од возбудата. Иако таа се противеше, заедно со нив се качи во сино-жолтиот вагон кој беше слободен. Возењето започна... Сите вриштеа, само таа седеше вкочанета од страв. Одеднаш се слушна некој чуден звук, а веднаш потоа вагоните летаа на сите страни. Сино-жолтиот вагон беше прв кој удри на земјата. Таа беше изгребана на лицето, слончето беше извалкано, но мајка и’ и татко и’ беа сурово згмечени под тешките страни на вагонот.
23 декември, 1985... Таа има веќе 50 години а всушност е сама. Нема семејство, нема пријатели и нема блиски... Единственото кое таа го има е розовиот слон кој се’ уште стои над каминот во куќата и секојдневно ја потсетува на тој немил настан. Иако потсетуваше на нешто ужасно, тоа беше се’ што таа го имаше како последен спомен од нејзините родители.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.030
Маж облечен во црвен фустан...
Девојка со кристални солзи...
Татко во брак со ќерка...
Геј парада..
Човек кој сака да стане гуштер...
Розов слон..

Не, ништо повеќе не може да ме изненади ....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom