La Española
Лекот е отров!
- Член од
- 1 февруари 2007
- Мислења
- 1.808
- Поени од реакции
- 556
Пред да заспијам секогаш се соочувам со ноќта.
Тишината и мирот во неа продираат во најдлабоките делови на мојата глава, ги откриваат и најзатскриените, најболните мисли, ја разголуваат душата и измачуваат срцето.
Пред да заспијам ноќта ме соочува со себе си.
Нема каде да бегам, нема начин да се скријам. Во ноќта пред да заспијам сум потполно сама. И почнува измачувањето, ме напаѓаат мислите што не ги сакам низ глава, што ги избегнувам... Ме напаѓаат спомените и ми го дразнат срцето.
Пред да заспијам ноќта ми ги сервира работите што највеќе ме болат и повредуваат, ме соочува со проклетата реалност, го крева до највисок степен чувството на осаменост, празнина и тага.
Пред да заспијам ноќта успева да ме скрши со своите механизми.
Срцето се парчи, а очите насолзуваат. А се што сакам е мир и одмор од напорните денови...
Пред да заспијам изморена од борбата со себе си, поразена од ноќта, го зграбувам во раце крстот што ми виси околу вратот , го стегнувам цврсто и се молам Бог да ми даде сон, малку мир, да ми помогне да се справам со се, да дојде и убав ден.
Пред да заспивав еднаш, го фаќав крстот и со насмевка на лице му се заблагодарував на Бога што те имам. Сега пак, да ми даде сила и да не ме повредуваш...
Пред да заспијам- сонцето изгрева...