Пред да заспијам, на другата страна на тишината.
-Чинам Скопје е најубаво во вечерните часови.Понеделник, ноќ а темнината безшумно се спушта на градскиот кеј и одеднаш Скопје станува град на продадената тишина на оние чие место меѓу луѓето одамна е изгубено, а чудната монотонија која секого би довела до лудило, одамна не ја забележуваат. Тие се монотонијата на градот, и таа е дел од нив.Предодредени се на живот без чувства.Само зборови кои значат се во суровата борба за егзистенција и опстанок во сивилото на обичниот свет.Прекрасно исткаено совршенство создадено да го уништи сивилото на светот.Знаеа за својата моќ, а ноќта беше единствениот начин да се ослободат од патетиката во која тонеше светот и мојот град.Градот стана театар, а кејот беше нивната сцена во која тие ги уживаа главните улоги.Представата започна, на другата страна од тишината каде што некој предмети како што е навидум обичната црвена лента беа вечни.
-Чудната црна сенка се движеше по патот правејќи цврти и одлучни чекори кои говореа за одлучноста да го спроведе својот план.Неговите очи блескаа на месечината а на самото дно се наѕираше неговата генијалност.Замаглени од заситеностита од забавите без цел, развратниот живот и сексот со девојките кои ги презираше и омаловажуваше.Сета омраза и желба за смрт беа испишани на неговото лице а сепак зрачеше со ведрата мирнотија и горделивоста на човекот што видел се!Насмевката ја откриваше неговата зајадливост и решеност да го исполни она за кое е предодреден.
-На кејот седеше една старица со најмилното лице кое укажуваше на добродушноста вплетката со иронијата на нејзиното незнаење и неумеењето да се справи со младиот човечки живот-нејзиниот син, кој повеќе го немаше, а таа ја изгуби смислата на своето постоење..Немо седеше и гледаше во водата размислувајќи и проколнивајќи го имагинарниот лик на Семоќниот, што и го одзеде најмилото.
-Сенката и господарот се соединија а чувствата ја изгубија својата моќ пред одлучноста на човекот што видел се.Дојде до телото на старицата и ја обвитна црвената лента околу нејзиниот врат и задоволно уживаше во стравот кој се гледаше во скромните очи на старицата.Во последната секунда од нејзиниот последен здив, каењето и желбата за нов почеток беа присутни насекаде околу нив.Таа беше мртва а тој задоволен што беше виновен за смрта на уште еден беззначаен човечки живот што заслужува да умре.Да го нема, да биде проголтан од теминината на ноќта а сепак вечен како црвената лента.
Убивајќи ја старицата длабоко во себе го уби ликот на својата мајка и совршеното семејство.
-Сенката продолжи да го следи својот господар кој го мразеше простиот и механички живот на овие луѓе, кои ги водеше безмислената мудрост задушувајќи ја просечната интелегенција со работата, укажувајќи на живот поминат во бездните на моралниот свет.Тој го уби чувството во себе, живееше стар-умре млад избегнувајќи ги страдањата што ги носи животот, чуствувајќи ништо!
-Под светлината на уличната ламба на тротоарот, стоеше една млада придружничка за една вечер.Женската умилност и детската невиност безстрамно ги откриваа нејзините години.Таа сјаеше со прекрасна убавина која предизвикуваше восхит и желба и кај најсуровиот.Таа таинствена жена во свила и кадифе ја разбуди неговата љубопитност.Одлучно стегајќи ја црвената лента во едната рака и парите во другата, се упати кон девојката.Откако таа се согласи, тие се упатија кон една темна уличка која навестуваше дека никој нема да им здодева и беше како создадена за неговиот план.Девојката трепереше пред мистериозноста на нејзиниот несекојдневен клиент но парите кои тој и ги понуди ја натераа да се согласи.
-Тоа беше единствениот начин да обезбеди храна за нејзиниот двегодишен син кој сам безгрижно спиеше во малата ќуќа што и остана по смрта на нејзиниот алкохоличар маж.
-Неговите раце без нималку милост ја отргнуваа облеката од телото на девојката.Прекрасната белина на нејзиното тело, долгите нозе, нејзиното заоблено стомаче и големите гради предизвикуваа страст кај него.Безмилосно ја потпре на ѕидот, неговите раце беа насекаде по нејзиното тело нанесувајќи и гребаници и повреди и одеднаш влезе во неа и станаа едно.Неговите очи не покажуваа ништо освен уживање во болниот врисок и плачење на девојката.Таа го заборави својот поранешен страв кога тој беше длабоко во неа, и започна да се движи со него се до најубавиот момент кога неговите раце тргнаа нагоре по вратот на девојката.Неговите огромни прсти по втор па ја обвиткаа црвената лента околу нејзиниот врат.Таа погледна во неговите очи и кога виде што има таму ја исполни страв.Тој гледајќи во очите на девојката најпосле беше задоволен поради начинот на кој беше казнета.
Убивајќи ја девојката го уби ликот на љубовта и страдањата на глупавите непромислени девојки.
Кралот на илузијата ја остави својата сенка зад себе, неговиот план е завршен.Моќта струеше низ неговото тело и со некоја чудна магиска сила ја предизвикуваше болната насмевка на неговото лице.Новосоздаденото суштество, оживотворен мит, пламено тело, чии линиии на лицето го создадоа совршенството кое нема да потклекне на чуствата.
Но, јас?!
-Јас не чустувам.Полесна сум од воздухот, не ја чуствувам земјата, шетам насекаде, јас сум се и јас сум ништо! Се смеам на здодевната иронија што ми ја нуди љубовта, се обидувам да ја презирам омразата и заборавам како е тоа да си воден од сентименталности и чувства.Се смеам на општеството, на она што е општеството, парите, желбите и страдањето се само за да ја почувствуваат минливоста на среќата.
Но, јас?!
-Јас сум насекаде! Почесто никаде. Ако ме најдете, или ме мразите или ме сакате..
А, јас?!
-Јас само барам да ме почитувате.
-Топчето се стркала по собата, направи круг и застана, мируваше...Еден ден со секој од нас ќе биде истото...
-Листовите беа насекаде испишани со зборови на едно мое Јас коа малкумина го знааат...
-Малата врзулка на противречностите ги затвори очите и отиде во светот каде што илузијата е сурова реалност...
Росана....Hope you'll hate it