Тука пишуваме на зададена тема

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Против себе...

Те пуштив да влезеш во мојот свет кој дотогаш беше 1% срце и 99%мозок.
Го одрекував секое убаво и топло чувство и постојано те оддалечував иако ти неуморно ми се приближуваше.
Одбрана за емоционална протекција.Гнев кон тебе кој не беше ништо друго освен страв од одбивање.
Ми кажуваше дека грешам и сфатив...во право беше.И незнам зошто...многу често размислувам како би ми било ако сум сама,ако сум без тебе...ме плаши понекогаш чувството дека би била посреќна или пак...понекогаш размислувам како сум без тебе,тажна...а сепак..и тоа чувство ми се допаѓа.Што се случува со мене?
Те оставив тебе да бидеш ти,но јас...јас тргнав против себе,само и само за да го заборавам тоа чувство.
...За кој ѓавол го пишувам сето ова кога знам дека никогаш нема да те отфрлам од душава-било што било.
Ми ги труеш мисливе ама на таков проклето сладок начин што неможам да најдам никаков противотров...а и не сакам.
Конечно...после се...искрена поврзаност која сакам да трае засекогаш,
само зошто...некогаш добивам желба да викнам на цел глас да се тргнеш од мене и да ме оставиш да бидам своја на своето,да не одам против себе???
 

[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
535
Против себе.

[FONT=&quot]Те[/FONT][FONT=&quot] посакувам. Копнеем по твојот бакнеш. Сакам да го минам секој момент од мојот краток живот само со тебе и само со тебе и никоја друга. Ти си таа која ме правиш слаб. Не можам да те допрам, се плашам. Ми влеваш страв. Кога те гледам во очи срцево ми чука побрзо. Ми требаш. Те знам како дишееш, и ти знаеш како дишам. [/FONT]
[FONT=&quot]Но некако како да сме два различни светови. Не си ти мој тип, далеку од тоа. А и ја не сум твој тип, предалеку од тоа. Но сепак ме превлекуваш, енергијата што ја пушташ е превлечлива. Енергијата па енергијата, што сум запнал и ја по тоа. Но што да правам кој е така. Само ја кажувам вистината. Никој баш никој не ја забележува таа енергија бидејќи сите се маѓепсани од твојата убавина, од твоето мазно, прекрасно светло лице. Јас сум тој еднинствениот кој не го маѓепса твојата убавија, тоа е релативно, но енергијата е таа која што вечно ќе биде во тебе. Енергијата со која зрачиш е виновник за текстов.[/FONT]
[FONT=&quot] Многумина те имаат, а не те залужуваат. Ти вредиш многу повеќе од сите нив. Мислам дека и самата го знаеш сама или пак немаш доволно самодоверба.[/FONT]
[FONT=&quot]Ќе ми велат сеа зашто не сум ти кажал тоа што го чуствувам. Па како да ти го кажам кој секојпат кој ќе ме прашаат за тебе јас негирам. Им се потсмевнувам на тоа нешто.[/FONT]
[FONT=&quot]Ја барам таа енергија во секоја друга. Но никоја ја нема, пројдов многу, не постои. Ти си единствена. Затоа и те сакам. Но попусто бидејќи никогаш и никогаш нема да го признаам тоа. Се заколнав. А јас сум тврдоглав и седам на зборот.[/FONT]
[FONT=&quot]Си велам јас [/FONT][FONT=&quot]:[/FONT][FONT=&quot],,Ја сакам,, [/FONT][FONT=&quot],[/FONT][FONT=&quot]а пак заклетвата[/FONT][FONT=&quot]:[/FONT][FONT=&quot] ,,Не ја сакаш,, [/FONT][FONT=&quot],[/FONT][FONT=&quot]Си велам јас[/FONT][FONT=&quot] и моите чуства заедно:,,[/FONT][FONT=&quot]Таа ми значи се,, ,а пак заклетвата и твдоглавоста во еден силен глас: ,,НЕ ЈА САКАШ!!!,, .[/FONT]
[FONT=&quot]Кој ли ме натера на ова, кој ли ме натера ваков да бидам. Дали сум се јас крив за ова. Зашто ли се борам против моите чуства, зашто ли се б[/FONT][FONT=&quot]ора[/FONT][FONT=&quot]м[/FONT][FONT=&quot] против себе.[/FONT]
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.415
Поени од реакции
25.305
Колку е глупаво кога ќе се сетиш на сите спомени со неа. Добри и лоши. Не е битно по кој редослед. И не знаеш зошто на се' се сеќаваш, кога се' тоа помина, кога не сакаш да има друг фраер, а таа не сака да е со тебе. Проаѓа малку време пред да почне се' по старо. Кога зборовите стануваат удари...
Кога караниците ќе постанат смеа, а смеата текст кој ќе ви роди љубов. Кога сама ќе ти зборува за тоа, колку тој фраер е уствари глупав. Размислуваш - што ви излегло на патот? Каде се зафркна се', што е секогаш, секогаш поради тебе лута!
Ти доаѓа да скршиш се', да исфрлиш се' низ прозорец. Ти доаѓа да станиш мирно и со главата да ги застаниш возовите.
- Против себе.


Си ме видела во многу мои облици. И сакав да те прашам... дали постапувам правилно? Мислам дека те видов вчера. Но не застанав, затоа што одеше од спротивниот тротоар. Можеби требаше да викам, ама и да беше ти, не би знаел што да речам.И бев многу егоцентричен, што не ни знаев. И кога веќе видов беше касно.
Ги ставив работите зад себе, лошите и добрите. Цела куќа полна со соништа и чекори. Мислам дека ќе бидеш импресионирана од работите што ги зачував.Не можам дури да се лутам затоа што си отиде.
Да ме напуштиш изгледа беше најдобрата работа на која ме научи. Жал ми е. Не ги правев работите поедноставни.
Лутина во моите вени. Имам толку многу омраза, што ми носи срам.
Никогаш не помислував на свет без тебе, и ветувам дека никогаш нема да кажам лош збор за тебе.
- Против себе.

И таа рече Чао. Јас реков Пријатно. И остана празнина голема колку океан.
- Против себе.

Во денешно време не е потребна само љубов. Потребни се скапи коли, многу пари, облека, па како да ја имаш најдобрата девојка, па како најбогатиот дечко. И све се врти во круг.
Дали порано било така? Мислам, каде е онаа љубов кога ништо не се добиваше со некакви тактики. За прв состанок мора да имаш направено една огромна листа на работи кои треба и работи кои не треба да ги правиш и оние кои треба да ги правиш. Па како да се понашаш, па боди ленгвич, па дали си ја облекол најубавата маица, дали си ја облекол истата од вчера. Дали ќе и се допадне комбинацијата што ја носиш, парфемот, дали местото. Што ако молчиш подолго време? Мислиш си ја заебал работата. Што ако ти зборува за музика која не ја слушаш? Што ако тоа е прв и последен состанок ради што си ја утнал работата?
Па размислуваш, што размислува таа? Сигурно мисли дека си кретен.
- Против себе.

Сакаш и утре да се будиме со пораки на телефон? Да се држиме за рака и да јадиме еурокрем со прсти?
- Никогаш подобро.
 
V

[vladimir]

Гостин
Приказнава започна на белиот лист кој долго време стоеше врз мојата маса со боја на црешово дрво. А и зборовите сами знаеа дека неможат да дојдат ни одблиску до нејзината убавина.
Секоја моја приказна започнува со нејзината буква. Знам големо клише, но ниту една не завршувасе со неа.
Ја погледнав во бисерните очи по којзнае кој пат, беше како некоја заборавена фотографија, како некоја илузија и знаев дека во мене ке се роди уште една приказна без кулминација, без заплет и расплет затоа што знаев дека таа постои некаде далеку.
Само таа знаеше да го препознае оној вистинскиот, оној кој бев "ЈАС", оној што го нарекував "ЈАС", оној што секогаш знаеше да потоне во нејзините очи. Од секогаш сакав да заминам од неа, брзо колку што ме држеше душава и нозете. Подалеку од неа, подалеку од се она што ја дефинираше неа, подалеку од сите поими кои значеа жена.
И реков дека е курва! Дека се влажни секогаш штом машка рака ќе пројде по нејзиното тело. Не е ни важно кој е. Знам дека ќе бидеш со него додека имаш корист, додека имаш што да извлечеш, да добиеш, а потоа ќе го фрлиш во темнина и ќе го оставиш да моли за секој твој здив. Ти одсекогаш си била убиец на мажи. Ти одсекогаш си била дрога за секој што ќе те запознае. Ти си една бесрамна курва! И знам дека пак неможам без тебе, знам дека неможам против себе.
Ќе заминам уште безброј пати, веднаш штом ќе ја видам. Зошто ако некој го достигне совршеното, ако некој го вкуси недостижното и најслаткото тогаш за што ќе остане да живее, кој сон ќе биде доволно вреден постојано да се сонува?


Таа беше мојот вечен сон!!!!!
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Против себе...

Гласови, гласови, гласови... само тоа го слушам во последно време. Совети, совети, совети... направи го ова, направи го она... Знам, знам дека често знам да живеам во илузии, знам дека често знам да се залажувам себе и да верувам, знам колку сум невозможна, знам дека често влегувам во мојот сопствен свет и се заклучувам во него. Но, тоа е мојот живот. Моите одлуки, кои можеби често се погрешни - но се мои.
Долго време одев против сама себе... долго време се обвинував самата себе за сите оние работи, за сите оние лузни... Долго време бегав од огледалата, бегав и не се погледнував во душата. Го заборавив малото, кадраво девојче со ситни очи кое во се гледа убавина. Не ја слушав сопствената душа, сопствениот глас... Наместо тоа јас плукав по самата себе, плукав по мојата душа... Толку време носев болка во своите очи, толку време моите очи копнееја по сјај, по љубов и по разбирање.... Толку години тие очи се молеа некој да ја забележи тагата која се повеќе и повеќе се таложеше во нив... Но, никој - никој никогаш не се потруди во текот на седум години да погледне малку подлабоко во мене и моите очи. Се беше така површно, бегав, избегав од својата душа...
И затоа денес, кога ми велат да не се надевам, да не се глупирам, кога ми се смеат затоа што не се предавам и сум упорна и чекам. Кога не ги разбираат моите чувства, кога се изненадени од тоа што го мислам... не се грижам. Одамна тоа не е моја грижа... Цел живот или барем свесниот дел од него исполнував туѓи очекувања, постапував според туѓи совети... И никогаш ништо не добив од тоа. Само една огромна дупка. Го изгубив гласот, престанав да ја слушам мојата душа.
Не, веќе никогаш повеќе нема да одам против себе, само заради туѓото разбирање и потврда.
Живеам за да ја хранам мојата душа... таа секогаш ме разбира, никогаш не ме осудува... мојата душа ме создава мене... Кога не ја слушам, не се слушам себеси. Кога одам против неа, одам против себе. А човека самиот на себе некогаш знае да си биде најголем непријател. I was my worst enemy. But not anymore. Nevermore!
 

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
...И уште еднаш против целиот мој здрав разум го вртам бројот кој ниту една ресајкл бин не може да го избрише.Ниту едно средство за отстранување не може да направи да исчезне.Дури и да ми го исперат мозокот уште ќе ги памтам тие 9 бројки.
И повторно се тешам дека тоа е поради професионалната деформација на памтење бројки...
Против себе повторно те чекам иако тоа ќе го поттикне моето понатамошно самоизмачување.Ја вбризгувам слатко дрогата од која не можам да се одвикнам.
Конечно ги разбирам зависниците...Во моментот ти пружа толкаво огромно неописливо задоволство за подоцна да предизвика пустош.Против сиот здрав разум ја одложувам рехабилитацијата.Се лажам, никогаш нема да заминам на истата.Уживам во присуството на дрогата...ти...
Против себе,против сите и против целиот свет го продолжувам моето патешествие,мојот живот со тебе,провидно,нереално.Некој мудрец рекол дека понекогаш отсуството е поприметливо него присуството...
Твоето отсуство е горчливо слатко.Против себе повторно мислам на тебе,повторно посветувам текст,минувам на истите места и повторно се лажам дека еден ден ќе те заборавам...
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.030
“-Си направила нешто против себе?“

Навидум невино прашање поставено во некоја игра која треба да донесе смеа..
Гледаш во насмеаните лица кои очекуваат да кажеш нешто смешно, да продолжи забавата...
Никој не знае дека едвај се воздржуваш да не заплачеш, едвај успеваш да не го смениш расположението...
Во рок од неколку секунди ти поминуваат толку мисли и толку спомени, што почнува да те боли главата..

Ти поминува некоја глупава насмевка..

Мислиш на сите зборови кои си била принудена да ги кажеш.
На сите работи кои си ги направила зашто некој друг мислел дека тоа е правилно, а и дека ти си премногу мала и глупава за да знаеш дали тоа што го сакаш е во ред...
На секој ден кога си лежела во соба зјапајќи во чудниот таван и повторувајќи си и убедувајќи се себе си дека ќе биде подобро, дека ја направи вистинската работа, дека сите се во право, а ти грешиш...
Дека е во ред да одиш против себе и своите убедувања...
И како последна мисла е онаа што ти поминува секое утро...
....Зашто се разбудив денеска?...

“-Си направила нешто против себе?“

-„Да.
Скокнав од 14 катница.
Понекогаш гласовите во глава ме тераат да правам чудни работи.
Среќа што сум бессмртна.“


Смеа.

Играта продолжува со навидум невини прашања, а јас се обидувам да го извадам ножот што ми е забиен во срцето без да видат дека крварам.......
 
С

Сатори

Гостин
Против себе


Текот на мислите е интересна работа, каде непредвидлив, пуст, полн со дупки и нерамнини низ светото течение, каде прелива од коритото и потопува долини со плодни информации.Ми се згрчува умот секогаш кога треба да пишувам со лошо пенкало низ странците на мојот живот.Веројатно токму во тоа лежи проблемот, не сум се сетила на време колку минорни ситници ми сметаат за покасно да се обидувам да се сетам на екстремно важните работи што ги чувам под папокот.Болно, болно, битни.​

Потоа умот ми одлутува во разни идеологии за психоанализи и ставање на луѓе во кошници полни со мед или со гомна, кој знае веќе зошто мувите се лепат и на едното и на другото.Неразбрани души и крволочни животни прекриени во луѓе, тие ми се омилени, толку збунети што коцките никогаш нема да си го најдат местото и секогаш ќе бидат рубикови.Секако ќе мора да недостасува и минијатурен дел, минато, парче што не се откопува а неопходно.​

Бљак, фасцинантно!​

Длабока пожртвуваност, малку сјај за усни и сите интелектуални разговори се мешавина за создавање на совршената пита од јаболка.Погонот е толку совршено исчистен, спремен и полн со желби за реализирање.Сите светулки умираат во еден момент во вечноста, исто и самовилите.
Имам многу борби за водење, но, веќе не против себе.​
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Против себе

Секој збор, секоја постапка, секој чекор е за тебе. Несебично пружена љубов, дарба за сакање, илузија за нешто убаво, копнеж за среќно око. Чекор по чекор, на едно јаже ко во еден циркус, хех па да ова е циркус, ова од лево си ти, еве ме и мене. Ризикот е преголем, да се сака ил не, да се заборави и продолжи или да се живее во минатото? Го сменив светот, сменив се што можеше да се смени, ни тоа не беше доволно. Ја величам вечната љубов, силата на простувањето и романсата помеѓу двајца млади. Борбата да се биде или не, борбата со околината, борбата да се успее во овој свет на лицемерие, во овој ништожен свет на злобни очи кои само те смалуваат во просторот. Борбата за љубов, борба за прегратка, внимание, борба да си го задржиш своето. Борба за своите соништа, борба против сите демони и на крај борба против самиот себе. Вечното размислување за тоа што е со мојот сон, по кој пат јас тргнав? дали чекориме по ист пат, или сме сеуште во истиот циркус? Кловнот секогаш ќе биде страшен за некого иако сака секогаш да биде смешен..така и јас, копнеам со сите сили да бидам во чекор со тебе, да те научам да сакаш, да ја откриеме големата љубов на романтизмот.. и колку само ќе ме фрлиш во најголемата бездна што не ја ни очекувам. Не, јас не го сменив светот, само мислам дека е така, реално, јас се сменив само себе си.. За тебе идам против себе и моите сфаќања, моите цели и размислувања. Матна слика од плач, ова не сум јас.. Уште колку ќе трае оваа борба со себе, оваа најстрашна и најтешка борба на човекот? Уште колку скршени соништа, непроспиени ноќи и болка во срцето? Матно е и сценариото како и сликата, никогаш незнаеш што ќе се случи, дали вечер ќе биде одиграна претставата или пак утре. Врескам ! Губам свест, паѓам.. немам желба за ништо, се дадов, ама баш се за да бидам во историјата на вечната љубов со тебе. Знаев дека оваа борба не се добива лесно, но незнаев дека цената било да ја добиеш борбата со себе, борбата во која треба да се истрпи секоја можна болка и да се преживее секој можен страв што животот ќе ти го сервира. И пак продолжувам да одам против себе - за тебе. Сакам да дознаам само дали вреди оваа борба против самата себе? Што добивам, а што губам.. ? Дали моите соништа ќе се остварат или пак ќе останеме само пепел од минатото за кое ќе раскажуваме какви бевме и што со нас се случи. Силата да сакаш е голема, силата да простиш е уште поголема, но силата со која одиш против себе не е мерлива...
 

Скопјанка

urbana revolucionerka
Член од
4 март 2009
Мислења
42
Поени од реакции
15
Ја сакаше и одеше против сите. Го туркаа, понижуваа, но тој беше против сите. Ја сакаше, ја милуваше, ја имаше, скоро и ја врами како слика на ѕид, но залудно. Таа замина кај друг. Тажен беше, пиеше, кршеше, беснееше, залудно. Не ја врати никогаш.
Наеднаш еден ден, таа затропа на негова врата и го побара. Беше пресреќен. Лежеше на креветот едно утро и не му се веруваше дека пак е со него. Но нешто го спречуваше да биде целосно среќен, нешто се преломуваше во него и не му даваше мир. Знаеше дека ја сака, знаеше дека пак ја има, но изгледа дека беше излечен од неа, зашто таа му беше како болка која не престанува со никаков лек.
Се договори со неа да се видат во кафулето „Амичи“... се дотера и излезе. Ја дочека. Беше преубава како секогаш. Знаеше дека е негова, иако сите ја посакуваа. Барем мислеше дека е негова. Тоа го мачеше, што не беше сигурен.
Леле колку те сакам, не си свесен, му шепотеше низ насмевка, додека очите и блескаа. Сфаќаш ли колку те сакам, го уверуваше.
Но изгледа не доволно.
Не сакам да те видам повеќе, и кажа, готово. Не беше свесен од каде излезе тоа, од каде толкава храброст да го изусти тоа што сигурно никогаш не го помислил.
Излезе и наеднаш се најде на плоштадот. Почна да се врти смеејќи се како луд.
Одеднаш не му беше гајле за ништо, освен за себе. Сепак, не можеше да оди против себе...
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Тргнав и застанав, околу мене имаше насекаде убавина и среќа. Ми се чинеше дека се е разиграно и размрдано. Навидум се изгледаше како да е хармонично, како целиот свет да е обоен во розево. Се беше апсолутно убаво само мислите во мојата глава не можев да ги оправдам. Не можев да сфатам што е причината за разочараноста и болката, и како се повеќе го сфаќав истото така самата помисла ми создаваше се поголема и поголема болка.

Се обидов да направам промена, преминав од другата страна на улицата со надеж дека влегуваме во еден друг дел од светот во кој колективната насмевка ќе значи и моја насмевка, свет во кој нема повеќе да одам сам против себе и ќе биде место во кое мислите ќе течат со позитивна динамиката. Но, направив грешка од друга страна на асфалтот мислите се повеќе ме убиваа. Се чувстував како цвеќе без ливчињата на него, како дрво празно без ниту еден лист, како хартија парче искината и оставена. Помислата се повеќе ме убиваваше и фактот дека не можат да најдам причината за сево ова ми создаваше длабоки рани и последици за кој бев сигурен дека нема брзо да ги преболам.

Решив да продолжам по патот кој болеше многу. Пат по кој одев со болка, сам и против себе. Продолжив да чекорам со една мисла: Дека одењето напред во суштина ќе ме направиме посилен и ќе ми овозможи да размислувам и решавам, или пак имав надеж дека тоа ќе се случи. Не бев спремен, но сакав и бев упорен да трпам болка. Знаете нели, болката е многу поголема кога сам си ја нанесуваш или многу повеќе ја чувстуваш во моменти кога одиш сам против себе.

Но, неважно таквите моменти не прават исклучитечно силни и храбри. Од патот сфатив многу, но деталите ќе ги задржам за себе.

И уште ова ми текна како заклучок од текстовиве што ги прочитав:

Многу е лошо кога одиш сам против себе, а уште полошо е кога другите се свесни и го гледаат и сфаќаат тоа а ти живееш во заблуда дека тоа не е така.
Тогаш во своите очи си изгледаш како херој, но во очите на другите како обично магаре.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Против себе
Нема решение, немоќен сум... и... против себе. Не оди, нешто ме кочи... и... против себе. Несреќа, тага... и... против себе. Гледам, а не сакам да видам... и... против себе. Кој ми е крив? па се разбира, јас самиот... и... против себе. Против себе? Не! Против себе не! Има решение... и... ќе го најдам. Ме кочи нешто... и... ќе го откочам. Несреќен и тажен сум... и...ќе најдам начин да се радувам. Гледам... и... сакам да видам. За себе, да, за себе, не, против себе.
 

Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
... не одам против себе.

Проклети нека се сите луѓе.
Проклети нека се нивните воздишки, погледи, допири, милувања, сите чувства за кои се свесни, кои можат да ги негуваат кон остатокот од светот!

.. не одам против себе.
Сакам да ги убивам, сакам да гледам како крвта прска низ нивните пресечени вени, сакам да ги гледам изразите на нивните ужаснати лица додека им велам да си ја спомнат последната молитва во нивниот патетичен живот.
Порано им завидував, додека не увидов колку се бедни нивните исполнети мали животи. Тие не се грижат за утре, тие се спремни да ги потрошат последните залихи на храна, бидејќи се потпираат на некоја глупава изрека која вели: „Живеј го секој ден како да ти е последен.“ Епа, јас се погрижувам да е последен, да не го пренатрупуваат овој ионака беден свет.

.. не одам против себе.
Прекрасно е чувството кога се ослободувам од нивните трупови, кога гледам како парчињата мртво месо пловат по реката пред да потонат. Знам дека сум направила добро дело, луѓето се многу површни и себични штом секогаш се ставаат себеси пред другите.

Знам што ќе кажете, каква е таа моја себичност, штом се ослободувам од луѓето кои ми пречат? Не ми пречат, едноставно не сметам дека нивните патетични мали животчиња полни со сожалување и егоизам не се вредни да опстанат.

.. не одам против себе.
Омилено ми е местото веднаш до шанкот, во барот на улицата број 28. Зачадено е, секогаш е речиси празно, но омилено ми е. Ми остава време да размислувам. Не ми пречи тоа што немам пријатели, што немам со кого да комуницирам. Луѓето секогаш ги вртат работите во своја корист и во свој интерес. Се грижат за неважни работи, сите настани од животот на другите луѓе ги поистоветуваат со некои свои, не оставајќи време за личностите на кои им треба помош.

... не сум несреќна. Не одам против себе...
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.163
Поени од реакции
25.865
Заглавен меѓу неизбежните либидски моменти и "злото што го прават луѓето", дојде прашањето на дневен ред на ноќните клабинзи. Апслолутно ми е несфатлива мојата генерација со самонаметнатиот квазипензионерски живот. Бабин рецепт од п.н.е време што оди вака. Факултетче, работичка уште женичка и тоа е. Твојата приказна е веќе завршена тоа се работите што треба да ги постигнеш во животот дај на некое друго детенце да му солиме памет. Каква идиотска катарза, не знам ама најверојатно останата од времето на оној што сите му го пушеа и одозгора уживаа во тоа велејќи дека никогаш подобро не им било. Ама функционална, и тоа запрепастувачки функционална. Овие двајца се селат со девојките на неполни 26-27, оние другине демек немаат време од обврски и женичките на кои им се 24/7 на располагање. Добро јас знам дека бате Ване арно викаше ама ова е бре без усул. Мислам дека пре би се нафатил на руски рулет. Ако тоа е знак на зреење тогаш ќе одберам да сум зелен и тоа побаајаги. И да биде работата уште потрагична нема ни стремеж кон подобро. Ко демек работава е што си собрал, си собрал, дај шта даш, добро, лошо, ти одговара-не, важно го имаш и ќути си поарно отколку да си без ич. И притоа мислам на секој можен аспект, најдобриот статус е секогаш кво. Иако на прв момент се мислам да речам дека е крајно шупачки таквиот начин, сепак морам да признаам дека ги разбирам, стравот и очајот се моќни елементи и ако ги поседуваш ко мнозинството грешиш како Македонска репрезентација во второ полувреме. Задоволството е во (под)просекот, или разбирањето за наводната неможност на постигнување повеќе, или можеби чиста мрза, затупеност и незаинтересираност? Не е можно социјалната интеракциска летаргија да е стигнта на овој степен, и со дружење и со обратнополови процедури. И нека не ме убедуваат дека е до парите. Пред 10 години сите (барем мојот поблизок круг на другари) бевме дупло па и повеќе буџетски ограничени од сега па тоа не беше препрека за ништо. Или дека е до возраста, кога се изнагледав мал милион будалаштини од какви се не чичковци низ моите скромни излети низ белиот свет. Убермакедонише, да Вртев беше во право. Ми фалат Lady Blue, ZZ Top, Aquatro... Ми фали оној систематски хаос што заврши заедно со деведесетите. Сега сум човек меѓу деца. Доцна е за Маракана, рано е за Џубокс. Ми останува да се полупензионирам нешто слично како Вито во првиот дел. Не дека сакам, не дека морам. Едноставно сфаќам дека не уживам веќе толку во процесов. Не со оваа структура, не на овој начин. Сепак продолжувам ама од чисти јаречки инат, дека не се давам, дека можеби ќе испуштам нешто, дека сепак може не е коњец фиљма. Ама во тоа нема задоволство, само одам против себе.

п.с. Се надевам дека добро сте го испланирале пензинскиот фонд и имињата на внуците мили мои врсници. Сепак наредни 40 години и не се толку далеку.
 
С

Смока

Гостин
Повторно сама на клупата во паркот... Поминуваат тие, со нивните злобни, перверзни насмевки. Ме погледнуваат, ми се намсевнуваат надевајки се дека ке ги забележам... Не! Никогаш! Не можам да ги погледнам, не можам да ја трпам нивната појава каде и да сум... Какви и да се никогаш нема да бидеме истото. Не го заслужуваат тоа што го имаат.. па барем да го почитуваа, да не речам да го заштитуваат. Колку повеке добиваат -повеке бараат. Такви се не им е доволно.. Не се чувствуваат како овдешни, зошто би ги прифатила? зошто би ги почитувала? Глумат жртви за да ги постигнат своите цели.. Се грижат само за своите интереси...
И нема да глумам дека не ми пречат..
Не можам да чувствувам дека сме исти...
Не можам да одам ПРОТИВ СЕБЕ ... Затоа сум ПРОТИВ НИВ!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom