- Член од
- 30 јануари 2005
- Мислења
- 7.397
- Поени од реакции
- 1.308
“Но, но, но... ти мене не ме сакаш! Како можеш да кажеш дека се би сторил за мене кога не можеш да најдеш време ниту да ме однесеш на обична циркуска претстава, знаеш дека тие доаѓаат само еднаш во неколку години, а последниот пат јас имав само две години и не се ни сеќавам, мама ми кажа дека биле, но не ме однеле бидејќи морале да платат патики за бато.
Не не, ти навистина не ме сакаш, се сеќаваш оној пат кога ти реков дека сакам да ме носиш на Матка за да ловиме риби, ти ми рече дека мораш да одиш на работа, а јас те следев и видов како цел ден седиш под една сенка и разговараш со пријателите. Потоа дојде еден камион и те зема да се возите, се врати после три часа целиот испотен, сигурно сте играле фудбал некаде. Кога си дојде, и мама ја излажа, и рече дека си носел некакви пакети кои биле потешки од неа. И неа не ја сакаш. Ти никого не сакаш, ти само сакаш ние да одиме да ти купуваме цигари кога тебе ќе ти текне, и да не искараш ако скршиме нешто со бато додека си играме, и да го бараме далечинското низ цела куќа зашто тебе те мрзи после работа да станеш да го уклучиш телевизорот рачно.
И сега јас се` што сакам на светот е само нови патики, а ти ми велиш дека немаш пари за нив, ти не ме сакаш“.
“Сине мој, знам дека нема да ме разбереш, но ако некогаш се сеќаваш на разговоров... немој никогаш да си дозволиш сопствена среќа на сметка на оние кои ги сакаш, тие те прават цел, тие се оние за кои сакаш да постоиш и животот има смисла. Сам никој не знае да живее, биди умен на време, бидејќи кога ќе дојде нож до коска, ни Господ не ја оправа работата.“