Crazy in Love
Here's looking at you kid.
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.859
- Поени од реакции
- 25.413
Силуета...
Беше врнежлива, но сепак не толку студена ноќ. Таа го обожаваше дождот, сакаше да шета кога врне, да ги почувствува капките дожд на својата кожа. На моменти мислеше дека дождот ја мие од неа целата болка и тага што е во неа, иако знаеше дека потоа се ќе се врати на старото. Беше глува ноќ, немаше никого, улиците беа празни, немаше ниту еден автомобил, градот спиеше, а тогаш градот беше најубав. Слабата светлина доаѓаше од уличните светилки и таа беше прекршена од капките дожд кои интензивно паѓаа. Нејзините раце беа склопчени во јакната која ја носеше на себе, а тивка музика допираше до нејзините уши од слушалките на нејзиното радио на мобилниот телефон. Немаше никого, на момент сакаше да заврти нечив број за најобичен разговор, но сфати дека нема на кого. Имаше многу луѓе во нејзиниот живот, а во суштина беше толку сама. Сите беа толку преокупирани со својот живот, таа беше само една сенка која живурка и ништо повеќе. Контролиран живот, заклучена душа...од нејзе што останува? Ништо, обична статистика на овој свет. А толку беше поинаква сликата која ја оставаше кај другите. Секогаш насмеана, секогаш прибрана, секогаш ваква, секогаш онаква... А во суштина беше само едно мало девојче со кадрава коса кое седи во агол со своето мече и ги набљудува луѓето, со поглед кој моли за љубов, моли за разбирање. Имаше толку тажни очи, во нејзините очи блискаше тага, но никој не го гледаше тоа. Никој, никогаш не се задлабочил во нејзините очи за да разбере како таа се чувствува. А во таа длабока и глува ноќ, таа беше сама, ги чувствуваше капките дожд на нејзината кожа, го чувствуваше ветерот во нејзината коса. Помисли за момент дека природата ја чувствува нејзината болка, дека природата најдобро разбира како таа се чувствува. Колку и да звучи апсурдно, во тој момент беше сосема вистинито. Толку и беше жал што имаше создадено толку дебели ѕидови околу себе. Ѕидови за чија дебелина и Кинескиот ѕид може да позавиди. Беше толку плашлива, како срна. Иако секогаш отворена за сите, сепак длабоко нејзината душа беше обиколена со ѕидини. И веќе се чувствува како дух. Целата околина и кажува како да живее, што да прави, како е правилно, а никој не се запрашал што таа навистина сака. Изгубена во време и простор, каде е таа навистина? Заглавена во некој безвременски простор? Можеби.
Кога беше малечка многу сакаше да се загледува во вировите вода кои се насобираа по дождот. Сакаше да си го гледа одразот, да се гледа себе, да види цел мал свет во тој вир. Сега...застана пред вирот...и со насолзени очи само го згази по неколкусекундно гледање во него. Водата се разбрани, нејзината ногавица беше мокра, но нејзините очи беа најводени. Се разочара од тоа што го виде во вирот, не виде ништо друго освен една обична силуета, бледа сенка без никаков израз, без ништо во себе. Обичен дух кој полека го снемува...