Тука пишуваме на зададена тема

Milla*

100% Milla
Член од
15 јуни 2009
Мислења
254
Поени од реакции
41
...Не знам зошто...со татко ми и не сме некако многу блиски...навистина понекогаш го чуствувам како странец..или пак јас сум странецот, не знам точно....ја немам почуствувано неговата прегратка...тој е навистина добар татко, само си има тој свој чуеден начин на однесување....посакувам да биде поинаку....ама совршенството не може да се достигне...само еднаш ги имам видено солзите на татко ми....тие солзи....не сакам да ги видам повторно....знам дека во него има многу добрина и љубов....ама тој тоа го покажува на некој чуден начин....сепак го сакам најмногу на светот!
 
С

Сатори

Гостин
Солзите на татко ми
Во длабочината на моите коски, зашиени со неколку килограми лепак и споени со големи црни конци, бушам дупки за да ме обземе агонијата и комплетно да заборавам на солзите на татко ми.
Проклета да сум, проклета и заборавена од сите, бедна.Повторно ја направив истата грешка, повторно заборавив да го исполнам ветувањето, повторно и се вратив на мизеријата, луцидна и империјалистички настроена принцеза заборавена во дупката со розови игли и црни течности во раката.Секое прободување во себе ми ја враќа како сурова реалност, сликата како конечно се откажува и си заминува, го зема куферот од скалите и плачејќи се врти кон вратата, сите спомени се кршат на стаклото од прозорците и секој шум не е повеќе мелодија за да можам заедно со него навечер да заспивам пијеќи јако црно кафе и зборувајќи за судбината, моја, негова и нечија во средина изгубена поема на вечноста.
Смрт на кнегињата од македонската мала покраина.
Зошто плачеш татко?
Зошто тато?
Зошто?
Зошто?
Зошто?
-----
Сладок мирис на лутина тече низ моите вени, која е причината што сум лута на нечии туѓи солзи никогаш нема да се обидам да анализирам, страв ми е од она што може да се појави под ноктите на човекот кој што ми ја создал психата.Ги гледам скалите често кога сакам да ги извадам забите и коцките од своето место, ми даваат интересна перспектива на неговите чекори кои што само одѕвонуваат во главата како музика која што никогаш не стивнува.
Мислите се собираат во една чаша додека ги ставам обетките во душата за да ја накитам да не биде толку грда, ја полнам, па ја преливам и го мразам повеќе од себе, го сакам повеќе од себе и ладнокрвно не се грижам за фигурата од човек без кој не можам да живеам.Па ме боли и ме раскинува.
Зошто плачеш татко?
Зошто тато?
Зошто?
Зошто?
Зошто?
-----
Проклети нека се, солзите на татко ми.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Солзите на татко ми
Ги видов, ги видов солзите на татко ми... Најпосле тие беа слободни. Се туркаа преку ред која прва да потече. Сите беа исти, кристално чисти... проѕирни чиниш бисери. Се тркалаа по образите како мали дечиња, чиниш правеа синџир бисерен. Нивното присуство на татковото лице за момент го стоплија ладниот поглед кој секогаш го имаше. Се тркалаа од среќа и тоа ги правеше уште посјајни. Се вратив жив и здрав. Од фронтот. Дома бев. Жив. И здрав. Ги видов, ги видов солзите на татко ми... ме видоа и тие мене и уште повеќе се радуваа и играа на татковото лице. Бескрајното солзино оро ми го разигра срцето. Тогаш сфатив... татко ми им подари слобода на неговите солзи како награда за мојот живот. Го видов тоа. Ги видов солзите. Тие се радуваа на мојот живот, а јас на нивната слобода. Татко ми ни подари радост. Ги видов, ги видов солзите на татко ми...
 

Џ.

Ќутам на различни теми!
Член од
14 јули 2007
Мислења
868
Поени од реакции
183
-"Да јас сум таа за која што цел град зборува. Дозволувам ситни дилери да се изживуваат врз мене, го продавам моето тело за еден грам хероин. Или подобро кажано го изнајмувам, затоа што ако го продавав тоа веќе ќе припаѓаше некому, што до некаде би било ок бидејќи Шеиците ги продавале своите ќерки за едно стадо овци! Во право си јас сум курва, наркоманка, пијаница и се она што ти кажале дека сум. Јас ги испив апчињата на мама помешани со ликерот од лешници во момент на криза. М м м м колку беше слатко чуството кога ми се слеваа низ грлото апчињата помешани со ликер м м м а да не зборувам какво е чуството откако тие ќе почнат да делуваат. Но сепак чуството кога имам хероин во мене ништо неможе да го замени дури ни ..."
Плас! Силниот шамар одекна во собата.
- "Престани"!
-"Зошто тато зарем не беше ова се што сакаше да чуеш? Зарем овај шамар не беше се што сакаа тие ? Сега откако го истури сиот твој бес врз мене и откако ти потврдив се она во што те натерале да веруваш, провери под креветот. Марко го турна со топката шишенцето со апчиња на мама, потоа го затвори и го врати на место за да не го искарате. А ликерот го пие баба секогаш кога мисли дека никој не ја гледа.
Избриши ги солзите и погледај подобро што се случува околу тебе.

Жално е колку малку ја познаваш својата ќерка".
 
А

Александра Д.

Гостин
Солзите на татко ми

Стоев пред вратата. Исплашена, неодлучна.
Најпосле се решив. Моите прсти ја допреа рачката и дрвената врата се отвори. Не знаев како ќе реагира, како ќе ме прифати по сите работи кои ги направив.
Ахх, колку го проколнував овој момент кој ми донесе страв и неизвесност.
Собата беше темна. Светлината едвај успеваше да влезе низ малото прозорче, но беше доволна за да го видам неговото лице, лицето на татко ми.
Погледот му беше вперен во таа мала светлина, полека ја заврте главата и ме погледна. Најпрвин изгледаше ладен, рамнодушен. Како да немаше ни грам добрина во него, ни грам сочувство.
Го погледнав во неговите стари, истрошени очи. На нив наеднаш блеснаа две бисерни солзи, првите пролеани за мене.
Мислев дека тој е како од камен, дека воопшто не се грижи за мене, а ни за се’ што направив. Мислев дека овие солзи се лажни.
Го гледав во лицето, во очите. Не можев да го тргнам погледот од него. Неговите солзи ме болеа во душата, во срцето. Сакав да прозборам, барем да се извинам за многубројните грешки, но сепак не можев.
Сеуште ги гледав солзите како се тркалаа по неговото старо лице.
Мислев дека нема да каже ништо, мислев дека погледот беше доволен... Тогаш, само процеди: Како можеше...
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
Адолесенција ... потрага по своето его во темните патишта на психата, на нашата несигурна психа, барање на место во суровото општество, бегање од конформистичките настроено ,,хибриди,,. Чудни работи се случуваат тогаш.
Прв пат тогаш сфатив дека не е важно само да се роди и да се умре, па дури и да се живее во неговиот апсурд, туку да се знае што се сака од него. Знев дека е трагичен и залуден, ама не дозволував да ме обземе тоа грозоморно чувство. Чуму живеењето?
Кој песимист бил Бог или што и да е , што го создал ова наречено свет. Проклет моментот да е татко кога јас заминувам од овој свет, а ти плачеш како јас никогаш што не сум плачел по тебе. Ех, искрено татко, одсекогаш сметав дека неможи да постои нешто толку добро, јасно разбирливо што ке го објасни ништото. Ете го тоа. Дело за празнината, дело ко е празнината. Жалам ама јас сум тој, хах човек, кој за жал се родив и умрев во мојата бесмисленост. Куп дела за ништо.
Плачи татко, исплачи се ... И како што велеше ти :
Ај пусти да е, пуст да би
останал, живот кучешки!
Роди се човек- роб биди,
роди се човек- скот умри!​
 

The-writer-girl

d Girl with d Pink Scarf
Член од
15 јуни 2009
Мислења
10
Поени од реакции
1
Долго време ја поднесуваше болката , време е да си заминам - си реков во себе гледајќи тажно кон дрвената столица на татко која полека крцкаше клацкајки. Доволно срцево ми се параше кога ја гледав секоја созла која се одделуваше од срцето негово. Долго помина како се убедував себеси да заминам. Никогаш не размислував дека некогаш ќе бидам принудена да ставам крај на мојот живот овде. Но, да заминам и да завршам со овој дел од животот - иако знаев дека тој дел засекогаш ќе остане во мене - на тој начин помагајќи му на оној кој ми беше во срцео, беше добра причина да ја претрпам болката молчешкум стискајќи ги забите и оформувајќи ја онаа лажна насмевка на лицето, како да секав да им кажам на сите дека е во ред. Не беше во ред, срцево ме стегаше, грутката во грлото ми стоеше , а ледени нишки ме полазуваа како морници по вратот и по целото тело надолу. Очиве како непресушен извор сакаа да течат, да ме кутнат долу и да ме остават обвиена со мислата и тагата дека ќе мора засекогаш да заминам од дома.

Стоев така непомерливо допрена од неговиот израз. Седеше само така во неговата клацкалка, - како и обично свртен кон тремот, кон терасата, кон светлината... со мамината слика во рацете и нејзиното светло сино ќебенце обвиено околу него, допирајќи му го вратот. Очите му беа бледи со огромни темни ќеси под јагленоцрните зеници, веќе преморени од плачење. Лицето му беше свиснало. За овие 2 месеци одкако мама замина, беше остарел нагло, фуриозно, брзо, магловито... како да не беше повеќе оној мојот тато... секогаш насмеан.

Никогаш не сакав да заминам од него, тој беше моето сонце. Но, си го притискав срцето лажејќи се дека се ќе биде добро, знаејќи дека никогаш нема да го преживеам ова. Гледајќи така , стоејќи на тремот, наѕирајќи кон малку подотворената стара сива врата од собата на тато, приметив влажна искра од неговите очи. Ја потргна раката од под брадата и ги забриша солзите со раката брзо. Не сакаше да го гледам како плаче, но јас знаев дека никогаш нема да закрепне ако ме гледа до него. Знаев дека никако не можам да се искупам, иако долго време се обидував да објаснам колку ми е жал.

Никогаш не ми прозборе... Само солзите негови ми кажуваа дека го напушта овој свет, дека нема волја и надеж за да остане со мене, овде меѓу жививе. Неговото молчење пригушено со стиснатата тупаница на едниот крај од ќебенцето ме убиваше. Ова не беше живот, но знаев дека ова е најдоброто што може да биде. Сепак, морав да заминам. Сакав да оставам писменце, но наместо тоа напишав едно "Секогаш ќе те сакам тато" и го оставив до телефонскиот именик на масичката до скалите во претсобјето.

Фрлив уште еден поглед кон светлата соба кон тремот. Седеше сеуште со сликата на мама во рацете. Ги стиснав усните за да не испуштам глас, ги затворив за момент очите - како се да ми прелета нив главата - голтнав на празно, како да сакав онаа грутка од тага во грлото да ја снема, но повторно беше тука. Ги отворив очите и погледнав кон подот. Стар беше, излупен, но сепак ќе ми недостига - си помислив. Се завртев полека, но погледот од вратата на собата не ми дозволуваше да продолжам. Ја стиснав торбата пред мене и го забрзав чекорот. Знаев дека тука е крајот.

Одејќи низ дворот погледнав нагоре. Почна да роси, баш во правиот момент - си помислив .... да ми ги измие солзите, да никој не дознае за мојот крај...



The-writer-girl,
Hope you like it :pipi:
 

[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
535
Солзите на татко ми.

Тажна приказна полна со солзи. Вистинита приказна. Животна приказна.
Која, кога се раскажува секоаш е проследена со солзи. Многу солзи.
Солзи кои потсечаат на нешто одамна заминато. Болно. Со трага до ден денешен.
Му велам ќе помине. Но не. Трагите секогаш ќе бидат тука.
Му велам се е добро. Но во минатото не било.
Тато разбери ме. Тато слушни ме.
Ние сме овде за тебе и никогаш нема да те напуштиме. Секогаш ќе бидеме со тебе. Ние сме луѓето кои те сакаат. Љубов ? Тоа го има малце на денешницава, а мие сме од тие што го имаат тоа малку.
Не си имал во минатото многу што те сакаат. Но си бил ти борец и си направил од ништо нешто. Си се надевал, со знаел дека некогаш и негде некој ќе има што ќе те сака.
Сите тие години на борба биле тешки.
Но пак...
,,Добро е кога добро ќе се заврши,, Запамтиго тоа.
До душа и го знаеш тоа. Не си толку глуп како што мислат. А да си бил глуп си немал да стигнеш до овде.
Па сеа пролеаш солзи за сетоа тоа.
Не ми ја раскажувај оваа приказна повторно. Не сакам да ги гледам солзите на твоите очи.
Сакам насмевка да гледам секојдневмо на твоето лице.
Си постигнал многу. Па го заслужуваш тоа. Имаш семество, имаш покрив на главата. Имаш се што ќе посакаш. А твоите желби се многу скромни.
Ја не би знаел дали би можел да стигнам до каде што ти си стгинал сеа.
Ја не знам дали сум борец како тебе. Сум ! Но колкав ?
Ја не знам дали би го преживил сетоа тоа што си го преживел ти.
Ти се восхитувам на се што си направил. Па затоа насмевка сакам, а не солзи.

Тато, тато. Што зборев до сега ? Немој да ми ја раскажуваш истата приказна. Не сакам повторно да гледам солзи на твоето лице.
Те молам тато!
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
Се сретнавме кај него на работа ,кога бев да го посетам мојот дечко, не ни знаев дека работат заедно .МЕ прегрна и следеа обични прашања ,како си, имаш ли некој прблем ,момчево ти е одлично и слично,како да не сакаше да се одалечи од мене .појдовме заедно, по неколку чекори застана до блиската продавничка ,Почекај малку да купам бомбони за синовите овие многу ги сакаат, јас го почекав на страна, скоро беше завршил со купувањето, кога се заврте кон мене ,Дали сакаш и ти бонбони ме праша ,во моментот се скаменив, не одговорив,брзам и не дочекувајќи го се стрчав кон другата улица . Дома седнав и му напишав писмо : Не знам како да те ословам ,Тато сигурно не, зошто да си ми татко ќе знаеше дали сакам бонбони или не :Веќе и не се сеќавам што уште му напишав ,ама многу години потоа, тој веќе не беше жив , маќеата во една прилика ми кажа колку плачел кога го читал писмото.Сега ми е жал што се така се заврши ,наоѓав и оправдување за се ,ама некогаш животот не ти дава шанса за поправка .
 
D

Delux

Гостин
mal sum imam 10 godini...

gledam doaga i nosi nesto so sebe,vleguva doma go otvori paketot vnatre imase cizmi,beli patiki i letni sandali koj verojatno bea za majkami...jas samo se izraduvav na cizmite zosto bile za mene.
Mislam deka ima indiferentna dusa iako nekoj mi kazal deka pravam greska vo mislite...ke kazam navistina e taka.

Eden den slucajno mislam deka bese gi vidov slozite na tatkomi po tolku mnogu godini pocuvstvuvav kako da zapre vermeto,ne mi se veruvase,a ne ja znaev ni pricinata
So racete gi brisese solzite...ne mi bese prijatno da prasam ili da progovoram nesto....

Zaminav i toj moment mi ostana zasekogas oti gi vidov solzite na tatkomi.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Дедо умре.
Несреќен случај, многу луѓе набрзина и како во магла дотрчуваат кај нас дома, се вадат постели, баба кука и врзува црна марама околу главата... Јас во ќош, преплашено очекувам да никне некое тајно вратиче и да избегам преку него... Мама не знае каде е, во бесознание бара апови да ги стави во уста, оти треба да истера уште еден... Погреб. Свекор. Покриени огледала со чаршаф.

Тато... Татко ми. Силата дома... Е смален до срж и во неговите очи тие истите огледала се покриени со тенок слој тага....Измешан гнев, зошто, о, кој ли ја возел таа луда кола... Дедо, дедо.. Писка сестра ми, и на старките си напишала Дедо Лазар....
Татко ми... Татко ми не е Татко ми веќе. Уште паметам кога падна во ходникот. Како можеше да падне, па тоа е Тато, толку пати силно ме кревал во ходник, и носел тешки работи, а сега....
Сега сеќавањата му навираат... На Духовден особено. Солзите се суви, но срцето плаче, оти мора.
А јас сеуште ја барам таа врата... Отаде.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Кога е цагер не мисли таа на мене, мислам јас на неа. Останатите педесет и девет минути ги посветувам на татко ми и неговото лице од оној ден,миг што прави да треперам и денес денес. Утре ќе умре, но барем му кажав, реков... Тато, ми е гајле што ти ќе умреш, гајле ми е дека мене ќе ме заглавиш. Тој е себичен, себичен сум и јас ко него, круша под круша паѓа, а таткото паѓа за синот да го носи. Проклет да е што не сака да оддолжи малку, сеуште не сум му приредил се` што можам. Ќе умре идиотот нема да плаче ко што вистински сакам.

Сета детска радост, и пеперутките од првиот бакнеж, и врвот кој може да се допре ми ги сруши со тој поглед. Знаете како некогаш зборовите болат и радуваат, а замислете како болат и радуваат оние кои нема да бидат кажани а биле на врв на јазик. Рече сине... сине... ништо, само оди...
Не знаете? Ми е гајле, себичен сум и не ми е грижа за вас, но јас знам, и плачам секој пат кога ќе ми текне на неговиот лик, зашто вечно ќе стои како дел од врвот кој еднаш го допрев. Што ви кажувам воопшто, и онака не сум писател да можам да го доловам тој момент, секогаш ќе остане само мој а вие нема да ми завидувате. И добро е што е така, бидејќи кога би знаеле за што зборувам и што чувствувам... секако би посакале парче.
 

Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
„Вака е подобро“.
Три збора.
Три ебани збора кои го натераа татко ми да заплака.
Не вредеше сестро.
Не ја заслужи љубовта која тато ти ја пружаше секој ден. Знаеш дека те сакаше повеќе. Можеби бидејќи имаше две здрави нозе, можеби бидејќи се` ти одеше подобро.
Да, беше покомуникативна, попријателски настроена, подобро ги изговараше буквите. Сите беа околу тебе цело време, додека јас седев зафрлена во инвалидската количка, во најтемниот ќош на мојата соба.
Зошто го направи тоа, сестро?
Сите мислевме дека си совршена, сите ти се восхитувавме.
Не требаше да завршиш на овој начин.
Сега ти е лесно?
Лесно ли ти е, додека лежиш два метра под земја, ладна и мирна?
Да, лесно ти е.
Јас морам да го гледам татковите солзи секој ден, солзи кои те оплакуваат себе.
Јас морам да го трпам неговиот осудувачки поглед, кој ме прекорува зашто не сум како тебе..

... Не вредат неговите солзи пролеани за тебе..
 
J

Johnny Stulic

Гостин
Се сеќавам како во магла тоа беа далечните 70-ти се слушаше тивка музика од Би-Џиз која оддекнуваше од летното диско Пастрмка во Крани.
Јас и Пеце си игравме безгрижно во околните кампови и ждеревме зелени сливи кој ги крадевме од кај Томе сенилниот старец кој возеше Чезетка и продаваше риба во кампот.
Пеце ми беше другар исто како што беа татко ми и татко му Борка професор по марксизам во средна школа.
Додека разгледував и готвевме план со Пеце како да му ја извадиме капачката за свеќица на од Томе Чезето нешто ми проработи во стомакот највероватно од зелените сливи и почнав да викам по Пеце дека морам да одам хитно и акцијата е одложена на неодредено време.
Со трчање се упатив до најблискиот јавен тоалет и влегов во првото слободно, да не навлегувам во детали откако свршив работа донесов непријатна конклузија нема тоалетна и Пеце не е во близина, решението беше во белата гаќа од Наше Дете која без двоумење ја употребив.
Излегов надвор викнав по Пеце ама некако испарил па се упатив до кај татко ми да му земам клуч од собата во бунгаловот за да сменам гаќи.
Не ми беше воопшто тешко да го најдам старио сигурно со Борка ждерат мастика во диското и расправаат за трансферот на Ѓуроски од Звезда во Партизан.
Појдов тука на масите надвор развртев наоколу меѓутоа не можев да го најдам старио не ми беше јасно кај испарил.
Готово се упатив да го барам на друго место и го загледав старио на шанк како разговара со една млада тетка.
Не знам и ден денес што најде тетката во татко ми кој имаше изглед на набилдан мустаклија од средновековен порнич меѓутоа беше баеги лапната и се тетеруваше и старио имаше добра шанса да фати згодна риба и покрај неуспешните обиди да фатат со Борка некое рипче за да ги импресионираат сопругите.

Се упатив до него и со детска наивност му реков дека ми треба клучот од бунгаловот.
Татко ми се сврте изненаден на кај мене и не рече ништо
Тетката почна да се смее иронично и почна да си повторува во неа сите сте исто ѓубро...сите сте исто ѓубре

Татко ми стана од коклица ја плати пијачката, ме зеде за рака и не проговере ни збор до бунгаловот осеќав дека под неговите мустаќи се крие гримаса готово да заплаче ама не ги видов солзите на татко ми тогаш остана достоинствен како и секогаш.....................................................................................................................................................................................................................................

Солзите на татко ми ги забележав низ пцовки кога на враќање додека менувавме гума Борка му ја пушти хеблата на влечките на татко ми додека му објаснуваше за погубната економска политика што ја води Кенеди во Америка.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Да, доцни автобусот во оваа мрачна дождлива вечер, а канделабрите лично ја создаваат атмосферата. Нема потреба да стигнам до тебе, тонам дури и во твојата... Силуета...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom