Да се навратам на темава - не сум трчал 1 месец.
Ми се издешаваа двеста срања, едвај почнав да се чувствувам психички повесело и порасположено.
Барам еден совет, повеќе е за психолог, ама ете, да прашам тука:
Имам голем проблем при трчање, ме фаќа анксиозност/паника кога трчам и пример, на саатот што го носам пулсот ќе се качи над 165, 170, 171...
Мислам дека ќе ми се слоши, ќе ми отиде 220 или дека ќе ми се случи нешто ако е толку висок на подолг период. Од паника го вадам саатот и продолжувам така да трчам.
Физички, не чувствувам дека имам тегоби со таков пулс. Ниту пак сум изморен физички претерано кога ми се случува тоа.
Исто, ми е страв да се измерам рачно на каротидата во тој момент. Овој проблем не ми е откако трчам, ми се случувало и порано кога играм фудбал или имам некоја захтевна физичка активност. Како да имам фобија од висок пулс, не знам како да објаснам.
Ова сум го напишал на 18.09. Последно сум трчал на 07.10.
Од тогаш навака направив - детална крвна слика, ЕКГ, ехо на срце, тироидна и каротиди, стрес-тест, гастроскопија.
Се потврди она што претпоставував - тахикардиите што ми се јавуваат се исклучиво од лизгачката кила на желудник што ја имам (веќе трета гастроскопија за 8 години). Се качува нагоре дел од желудникот преку дијафрагмата, го допира и го иритира срцето. Ова ми се случува и при трчање, затоа го цитирам постот погоре (покрај саатот, престанав да го носам).
Ми утврдија и воспалено дванаесетпалачно црево заради премногу желудочен сок и мали ерозии на хранопровод.
Еден месец се измачив. Уште сум на терапија за рефлуксот, прилично обемна.
За психичко смирување пиев Деметрин (1х дневно) и дефинитивно ми помогна.
Од суплементи пијам и Витамин Ц 1000мг, ZMA, селен, Maгнезиум директ + Б-комплекс, Калциум + D12...
Мислам дека ги смирив тахикардиите, а и подобро ми е со желудникот.
- ЕКГ на срце сосема уредно.
- Од ехо на срце ми утврдија дека имам прилично големо и здраво срце (како на спортист). Имам мал пролапс (веќе ми е утврдено пред 5-6 години) на митрална валвула, ама ништо страшно.
Ехо на каротидите докторот се зачуди колку се проодни, вика „Како автопат ти се“.
- Стрес тестот го поминав одлично. Од 11 минути како некој максимум да изодам со зголемување на напорот на интервали, изодив 9 и кусур, кардиологот го прекина тестот затоа што го достигнав тој замислен максимум број на откуцаи (220 минус годините, во овој случај 220-33).
Почнав со пулс над 100-ка (заради возбуда таму во ординација, а-у) и 120/80 притисок, при крај на тестот стигнав до 185 пулс и 160/100 притисок.
Бидејќи мерат и 2-3 минути по завршување на тестот - пулсот (релативно брзо) и притисокот посебно ми се стабилизираа како што требало.
Ова повеќе испадна здравствен пост отколку тркачки, ама сакав да напишам во контекст дека конечно се испитав од физиолошки и анатомски аспект и мислам дека можам да почнам пак да трчам.
Уште не знам после 8 години дали анксиозноста и депресивноста што знае да ме фати на есен доаѓа од проблемите со хијаталната хернија, рефлуксот и тахикардијата или е обратно
Сепак мислам дека е второво - анксиозноста повлекува се друго.
Со кето (пак) почнав на 21.09 годинава со 97кг.
Моментално сум 88кг. Имам кетони во урината кога правев крвна слика+урина, така да знам дека ја терам правилно...