- Член од
- 28 февруари 2017
- Мислења
- 2.770
- Поени од реакции
- 2.682
Покрај сите слабости, МК успеа да организира едно натпреварување од висок ранг.резултатот на Јован Стојоски на 400м убедливо најмногу вредеше од нашите атлетичари, 46,94 sec е доста вреден резултат неистрчан во последните 35 години во МК. Истиот дечко истрча државен рекорд на 200м, а доста близу дојде и до државниот рекорд на 100м. Дарио беше на 80% од можностите, Дрита истрча солидна 400-ка, Адријана истрча за неа брза 5000-ка ама во мегународни рамки резултатот е доста слаб. Останатото од нашиот тим беше на ниво на општински средношколски натпревар и за жал може да се каже дека со атлетика се занимаваат погрешни луѓе т.е луѓе неталентирани за овој спорт. Атлетиката за разлика од другите спортови во голема мера се заснова на предиспозиции, па потоа работа и техника. Се на се празник за атлетиката и резултатски најквалитетно натпреварување во МК во последните 40години.
Не знам како било решено со сместување и трснспорт, ама на терен се' си функционираше како што треба.
Лично ми прави ќејф, што јас и мојата екипа бевме едно од штрафчињата на тој механизам.
Штета што времето беше пекол и што не се поведе поголема кампања и реклама, за да има повеќе публика.