Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

Член од
22 април 2013
Мислења
75
Поени од реакции
46
Најавено беше уште пред 6 години кога почнаа со градежни активности дека ќе го даваат под концесија, тогаш им даде ФФМ мислам околу 200к, плус уште скоро 100к општината и го преуредија и ги преправаа трибините, али најавено беше дека веднаш по завршување на градежните работи ќе се изнајмува на приватните клубови.
Така да ако им го дале комплет на Борец нема што да им се пикате, може и ќотек да ви дадат ако моментално е во нивно владение и да не одговараат воопшто.
можеби правно сега никој не треба да влегува во стадионот, но тоа е неправилна одлука на градот без осет кон оние што тренираат атлетика. Како што кажав погоре ова е каубојско однесување карактеристично за зафрлени места од типот на Узбекистан и Чеченија. Па кои алтернативи ги има Велес за трчање?? усред паркот на бекатон стазата возат џипови по 50-60kmh, на слушалки ако трчаш можат да те изгазат.
Можеби имаат моќ да го затворат стадионот, ама и јас имам моќ да се отселам со моето семејство подалеку од оваа дупка и жабокречина. Малку можеби нескромно звучи ама ќе кажам дека работам за странска фирма и мојот данок кој го плаќам покрива плата на неколку такви што ги споменуваш дека "можат и ќотек да ми дадат".
 
Член од
14 јануари 2015
Мислења
6.496
Поени од реакции
9.496
можеби правно сега никој не треба да влегува во стадионот, но тоа е неправилна одлука на градот без осет кон оние што тренираат атлетика. Како што кажав погоре ова е каубојско однесување карактеристично за зафрлени места од типот на Узбекистан и Чеченија. Па кои алтернативи ги има Велес за трчање?? усред паркот на бекатон стазата возат џипови по 50-60kmh, на слушалки ако трчаш можат да те изгазат.
Можеби имаат моќ да го затворат стадионот, ама и јас имам моќ да се отселам со моето семејство подалеку од оваа дупка и жабокречина. Малку можеби нескромно звучи ама ќе кажам дека работам за странска фирма и мојот данок кој го плаќам покрива плата на неколку такви што ги споменуваш дека "можат и ќотек да ми дадат".
Јас се согласувам апсолутно со тебе, но моето мислење беше чисто информативно дека ако е даден под концесија може да го наебеш ако прескокаш и влегуваш во оградена туѓа сопственост.
Инаку тие стадиони се градени од даноците кои ги имаме плаќано сите, со мочаната транзиција и приватизацијата раскурцаа се што беше градено од народот и пошто-зошто го дадоа на апашите. Не само во Велес туку во 90% од Македонија нема добри патеки за трчање и велосипедизам, да не правиме муабет за затворени базени за пливање, само Скопјани имаат среќа да имаат какви такви затворени базени.
За жал не си само ти со мислата да си заминеш од тука, поголемиот дел од народот е со таа мисла.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
81.138
Поени од реакции
181.187
Медалине за 10км се цицка :) Изгледа на креаторката подобро и оди дизајн на медали отколку на маици.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
8.618
Поени од реакции
11.035
Сметаат и тоа како, многу сметаат велосипедисти што возат повеќе наредени во линија и споро, цела стаза блокирана, не се тргаат ни од спротивна ако им доаѓа некој, а не па од позади некој ако сака да помине. Исто така сметаат луѓе што си возат цик цак, тој не те гледа може и со слушалки е, а ти имаш една вертикала, нема кај да се тргнеш ако му текне да ти пресече во твојот правец на движење, макар си бил со точак или трчаш. Еднаш така под мостот кај Палас застана човек на сред велосипедска, таму процентот што трчаат по тревата(вировите) е 1% врз однос на тие што трчаат на велосипедската, значи тотално нелогично место за застанување, сите се на велосипедската во тој дел. И си пишува нешто на мобилен и ајде заобиколувам од десно да поминам, кога на типот му текна без да погледне назад да си го сврти точакот во обратна насока, а јас ептен бев забрзан, кога рефлексно се тргнав и залутав во тој вирот таму ко езеро, па лизгање кршење, секако типот не се ни сврте и чил си продолжи накај Центар. :D И многу сметаат луѓе што одат на велосипедската патека, едни кога ги прашав пријателски зошто, ми рекоа дека во тревата имало крлежи, а горе ги јаделе повеќе комарци дека повеќе светла имало. Па така освен ранери, велосипедисти, имаме и пешаци, ова во оптимално сценарио каде што чичковците со веспи и тие од старо купуе со томосот не се појавуваат. Ама секогаш си викам подобро во гужва да трчам, отколку зимно време на 500 пм10, и така си се тешам.
Ај тоа, секој ден сретнувам мајки со колички кои двете патеки ги зафаќаат. И пошто од цело Скопје мора мали деца на кеј да си ги донесат кај што врие од комарци и на сред патека да ги мачкаат/прскаат со аутан. Генерално во Аеродром на кеј има повеќе гужви споредено со Карпош, мислам на делот од палас до камени.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
81.138
Поени од реакции
181.187
Ај тоа, секој ден сретнувам мајки со колички кои двете патеки ги зафаќаат. И пошто од цело Скопје мора мали деца на кеј да си ги донесат кај што врие од комарци и на сред патека да ги мачкаат/прскаат со аутан. Генерално во Аеродром на кеј има повеќе гужви споредено со Карпош, мислам на делот од палас до камени.
Додека не се случи беља, така и ќе си тераат. Им ја направија нели детската улица во НЛ, мајка бараат на стаза. Еднаш како се накурчив кога трчав интервали, таман ми дојде секундата да почнам брзински, две деца со точак ми се испречија и ми застанаа :гомце: Не се криви децата, толку разбираат, тие што ги донеле се за ќотек.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
4.923
Поени од реакции
7.910
А ја поминам железничка почнува да се трча на раат. Таму од близнак до кај три бисери е најголемата гужва. Карпош е каде каде полабаво.
Иначе детската си беше добра и пред да ја прават, асфалтот беше коска, али нели, некоја паричка плус да се испере, стандардни некогаш непотребни (за нас) потфати.
Иначе супер ми делуваат медалите за 10к. И претходните беа коска.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
3.891
Поени од реакции
9.475
Дечки денес бев сведок како уште една девојка падна со точак под мостот кај Палас, среќа освен изгребано и крф на раката, друго не се повреди. Познавам и други луѓе што паднале и се повредиле, и јас самиот како што кажав се имам лизнато, тој дел тие триесет метра навечер се мркли мрак, волк да има пред тебе нема да го видиш, згора на се делот е нерамен во асфалтираното, вирови што се правеле од капење вода од мостот после дожд го напраиле своето. Муабетот ми беше да превземеме нешто дур не се случила поголема беља, и дур не настрадал некој друг, наједноставно решение би било за почеток да се постави едно светло чисто да се осветли делот, дека не секој е искусен со кејот и знае каде има нерамни делови, каде има дупки. Некоја мини канделабра или мало светло да се постави не треба многу, тотален мрак е ништо не се гледа, патиките не си ги гледаш. Некој да ме посоветува каде да се обратам најдобро? Дека мала работа е, не е никаква инвестиција голема како муабетот со тартанот погоре, а би спречило да има паѓање како девојката денес. На фб страните на општина Карпош и на Богоев, некое друго место да се обратам?
 
Член од
11 април 2012
Мислења
2.814
Поени од реакции
2.603
nekoj od upatenive da ne prati znae koga bi trebalo da izvadat Garmin novi serii, dali da gledam sega i da se zaebam ili da si pocekam nekoja nedela/mesec?
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
12.503
Поени од реакции
19.352
nekoj od upatenive da ne prati znae koga bi trebalo da izvadat Garmin novi serii, dali da gledam sega i da se zaebam ili da si pocekam nekoja nedela/mesec?
Не се подготвува никакво значајно подобрување, купи си сега.
 
Член од
10 јуни 2015
Мислења
137
Поени од реакции
229
Некој погоре спомна кучкари... па еве една моја. Месец Март окулу 21 30 пошто тој период од годината сеуште кејот не е преплавен со точаци а поради обврски не можев да стигнам на стадион. Имав тренинг 5х800 просек 2.30 по серија плански. Неам појма која беше по ред и како после 300-400 метри очи во очи со одврзан ротфајлер без маска и спремен за напад. Ни сам не знам како имав среќа да дојде газдата на време па да помине све во најдобар ред колку е можно. . Решението за проблемот во Велес е преедноставно Доволно е еден или 2 ца чувари на 2 смени што ќе контролираат кој влегува и што прави. За љубителите на трчање и многу добар избор за почетници имате Најк трка на 5километри на 31 од 08 30 бесплатна нема финеси со пријавување нема ништо стартот е кај скејт парокт кајј жабар бројчиња се подигнвуаат од 08 00
 
Член од
11 април 2012
Мислења
2.814
Поени од реакции
2.603
не брат не сум заинтересиран за овој модел. Многу пари се за аматерско/рекреативно трчање.
Од модели што ги гледав 245, вивоактив 3, 645 и 735 сите овие се "пристојни" цени до кај 350€ да се купат (цените се во шведска). Повеќе од тоа стварно не ми се даваат. Али фала на инфо. Прашав да не има некој од нас поупатен зашто на редит се препуцаваат дали ќе имало надградба или не. Едни викаат дека треба да има зашто моделиве што ги пишав веке биле по две години стари, други викаат нема да има зашто сега брзо извадиле модели со музика од нив.
 
Член од
22 април 2013
Мислења
75
Поени од реакции
46
nekoj od upatenive da ne prati znae koga bi trebalo da izvadat Garmin novi serii, dali da gledam sega i da se zaebam ili da si pocekam nekoja nedela/mesec?
jas bi ti preporacal F5 (nemora saphire), mozat da se najdat za 350-400e. F6 e novata serija i ima odredeni novi funkcii (pogolem ekran, delumno solarno polnenje, itn) megju koi mozebi interesna e body battery ama sepak mislam deka uste treba da Firstbeat da rabotat na Reportite koi davaat prikaz. Imam momentalno F3 HR Safiren i FR935 so Tri HRM i statistikata e stvarno interesna ako si covek koj go interesitaat takvi raboti. Imam i prethodno kazano deka saatot e na nivo na gizmos i gadgets i recisi sigurno nema da te napravi pobrz ama mene licno mi dava motivacija i smisla na treninzite. Ako ne te interesiraat Triatlon ili drugi sportovi sto Fenixot gi podrzuva, mozes da go razgledas i Vivoactive 3 music isto taka e bogat so opcii za trcanje.
Автоматски споено мислење:

Вечерва прв финален ден дијамантска лига 20:00 Sport Klub 3
Зверски резултат на Ворхолм на 400 препреки, 46:92сек, неистрчан добри +25год. Во Доха ќе биде лудо бидејќи таму ќе бидат вкупно тројца секој способен за WR.
Автоматски споено мислење:

Решението за проблемот во Велес е преедноставно Доволно е еден или 2 ца чувари на 2 смени што ќе контролираат кој влегува и што прави.
Претходната општинска власт рака на срце се потруди и го напрвија точно ова што го предлагаш, ставија редар, запишуваше кој доаѓа итн. Ги пуштаа и рефлекторите имаше ноќен фудбал, и се трчаше и навечер ама кога залади типот веројатно запишувал по 1-2ца на ден и го тргнаа и после ги отворија вратите пак. Да бидам реален во Велес нема повеќе од 50-100 аматери атлетичари што прават некој тренинг и затоа одговорните не се замараат и ќе го затворат стадионот. Додатно поголем дел од нив (80-90%) поради некоја причина не ја разбираат придобивката на мека подлога и тренинзи прават во градскиот парк и чукаат колена на бекатон. Треба атлетиката да биде масовен спорт, теба државата и спортските работници во училиштата да промовираат атлетика, пред се бидејќи е спорт кој може да се рекреира цел живот, развива себеподобрување итн.. Во мое време истите ликови воопшто не се замараа полесно им беше да фрлат топка па играј баскет, фудбал..
 
Последно уредено:
Член од
10 јуни 2015
Мислења
137
Поени од реакции
229
Не мора да запишува да се малтретира и да ствара таков набој едноставно 2ца луге или 3 ца седат на градски доле под трибини и тоа е тоа никој не гази на трева сите си гледат свое. Може многу да се придонесе и да се направи овде имало и ќе има таленти за трчање. Погледни ги резултатите од порано кога колку толку се вложувало дека сепак имало. Може да има и сега али зошто да не. Како што пиша да се промовира трчањето на часовите по физичко. Атлетските легенди и активните атлетичари што се во моментов не се мега ѕвезди ниту се однесуваат така со било кој од нив може да се разговара и промовира али никој нема слух за тоа. Друго не фрлајте бадиела големи пари по спортски часовници за кој реално немате потреба има апликации со GPS што ви е сосем доволно.
 
На врв Bottom